Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

1399985_1803-zorana-jevtic_ls-190143

Марина Туцаковиќ за сите предизвици, но и болки со кои што се соочила

Марина Туцаковиќ во емисијата „Лица“ на Анета Кочишки  отворено зборуваше за својот живот, сите предизвици, но и болки со кои што се соочила.Рече дека кога и го дијагностицирале туморот воопшто не била исплашена.„Знаев дека сум болна и нешто не е во ред со мене, но не сакав да одам на доктор. Кога веќе не можев да издржам, отидов на преглед и ми дијагностицираа тумор, но и шеќер. Во тие моменти додека седев на онкологија и размислував за смртта, не чувствував страв, изгубив дете, од тоа нема поголема болка“, рече најпознатиот текстописец на овие простори.Исто така таа го раскажа и моментот кога го нашла својот син Милош мртов во неговиот кревет.„Јас го најдов неговото беживотно тело, уште се сеќавам на тоа утро и никогаш нема да го заборавам. Во тие моменти на шок бев дури и професионална и пратив смс – порака дека нема да можам да се појавам на тв- гостување затоа што ми починал синот, не знам од каде ја собрав целата таа сила“, изјави Марина.

Магазин | пред 7 години

toni-mihajlovski

(ВИДЕО) Михајловски: Црна панделка на оградата на Владата за најцрното владеење во земјата

„Овде сме денеска со Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ симболично да го одбележиме најцрното владеење на најцрната Влада во историјата на Република Македонија. Во таа смисла црни панделки ќе закачиме оградата на Владата, онаа ограда што требаше да стане, нели, ограда, а клупи, односно, од неа, да направи.Меѓутоа, сè уште егзистира, најверојатно, поради безбедноста на Владата бидејќи свесни се дека досега го испорачуваат најцрното владеење во историјата на Република Македонија“, изјави Тони Михајловски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Црна дупка во културата. Црна дупка во економијата. Црна погубна политика надворешна. Црно распродавање на нашите државни интереси. И, едноставно, решивме дека црнилата што припаѓаат треба да ги означиме за да продолжат да ги носат со нив и да знаат дека ништо досега што направиле не носи светлина, туку носат само од црно поцрно“, додаде тој.

Македонија | пред 7 години

velosipdska-pateka-2

Со велосипеди против аерозагадувањето

Владата денеска ја разгледа и информацијата за Нацрт планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2018-2021, а која, по препорака на Владата на РМ, ја изготви Град Скопје.Таа има за цел унапредување на условите за велосипедскиот сообраќај во безбедна и комфорна и добро поврзана велосипедска мрежа, како придонес кон мерките за намалување на аерозагадувањето и сообраќајниот метеж.Град Скопје досега им даваше субвенции на скопјани за купување велосипеди и тротинети.

Македонија | пред 7 години

IMG_1022

(ВИДЕО) Костадинов: Настаните од 27 април не биле случајни, станува збор за осмислен план за уривање на државниот поредок

На 27 април од сведочењата на дел од обвинетите гледаме дека имало осмислен план за убиство на политичари, линч на новинари, пратеници, загрозување на општата безбедност и уривање на државниот поредок, признанијата на лица што биле дел од овој план, докажуваат дека настаните од 27 април не биле воопшто случајни, изјави на денешната прес-конференција пратеникот и портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.„Сведочењата на некои од обвинетите за настаните од 27 април го откриваат монструозниот план што требало да се спроведе на брутален и крвав начин за да се спречи промената на власта откако граѓаните го поразија режимот.Неколку лица, директни учесници во таквиот план, вчера во транспарентната судска постапка, рекоа дека нарачател, организатор и помагач во овој монструозен план биле структури под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски сместени во највисоката безбедносна агенција – УБК како и кабинетот на Ѓорге Иванов“, изјави Костадинов.Исказите се за планирања напад со „молотови коктели“ и упад во седиштето на ДИК, за палење автомобили и имоти на тогашни пратеници од опозицијата, следење новинари и јавни обвинители, делење оружје на насилници, структурите на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски не бирале средства за да го задржат нивното криминално и антинародно владеење, изјави Костадинов.„За сето тоа време пионот Христијан Мицкоски е десна рака на Груевски, а на 27 април стоеше пред вратите на Собранието. Ете зошто пионот Христијан Мицкоски бара целосна амнестија за сите инволвирани во настаните од 27 април. Јасно е, Мицкоски по секоја цена се обидува да ги спаси од одговорност своите соработници и соработниците на Никола Груевски. Затоа, Мицкоски организира протести за одбрана на криминалот и насилството на Никола Груевски. Тоа е неговиот вистински мотив“, изјави Костадинов.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во акцијата за пошумување организирана од Дрекслмајер, беа засадени над шест илјади садници

Во акцијата за пошумување организирана од Дрекслмајер, беа засадени над шест илјади садници во близина на Кавадарци. Во склоп на компанискиот проект за заштита на животната средина и одржливост, Дрекслмајер во соработка со ЈП Македонски шуми, подружница Кавадарци како и Општина Кавадарци организира акција за пошумување. Потребниот алат и механизацијата е донација од Дрекслмајер со поддршка на вработените во компанијата кои волонтерски минатиот викенд земаа учество во пошумувањето.„Заштитата на животната средина е инвестиција во иднината. Целта е да насадиме што повеќе дрвца сега, за да ги видиме резултатите по неколку години. Дрвата не ги садиме само за себе туку и за идните генерации“, рече Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.И десетина средношколци, кои се дел од дуалниот образовен модел на Дрекслмајер, доброволно се приклучија на тимот на Дрекслмајер и вредно засадуваа дрва поделени во неколку тимови. Акцијата не би била до крај успешна без стручната поддршка и координација од страна на екипата од кавадеречката подружница на ЈП Македонски шуми: „Ја предложивме локацијата над Ваташкиот рид затоа што земјиштето на овој терен е доста ерозивно. Со посадување на багремови садници ќе ја спречиме понатамошната ерозија и ќе го заштитиме ова подрачје“, истакна Петко Ристовски,раководител на Подружницата за заштита на шумите.„Ја поздравувам иницијативата за организирање на активности од овој тип. Убаво е чувството кога на крајот од денот знаете дека со својот ангажман сте придонеле за општото добро, но и за иднината на нашите деца“, Петко Јанкулов, вработен во Дрекслмајер. Заштита на животната средина, вложување во општествената заедница и волонтеризмот се дел од општествено одговорните стратегии на компанијата Дрекслмајер, кои ќе продолжат и во иднина.

Македонија | пред 7 години

IMG_20181204_123559

(ВИДЕО) ФАО со 1,5 милиони долари ќе финансира четири проекти во Македонија

– На заедничка прес конференција, одржана денес во Скопје, ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), најавија зголемување на поддршката на ФАО за македонскиот земјоделски сектор преку четири проекти за регионална соработка во областите на здравјето на животните и растенијата, намалување на загубите и отпадот на храна и одржливо управување со рибните ресурси, во вкупна вредност од 1,5 милиони долари.Четирите проекти се дел од Програмската рамка на ФАО за 2018-2020 година, потпишана оваа година меѓу ФАО и Владата на Република Македонија, насочена кон три главни приоритети – зголемена конкурентност на земјоделскиот сектор, подобрување на животот во руралните средини преку одржлив рурален развој, како и одржливо управување со природните ресурси и справување со климатските промени.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, даде кус преглед на регионалните иницијативи и ја истакна важноста Македонија активно да учествува заедно со земјите од Западен Балкан и поширокиот регион, во насока на унапредувањето на регионалната соработка во духот на Берлинскиот процес, како исклучително важна регионална иницијатива за забрзано интегрирање на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Министерот Николовски потенцираше дека активностите од овие регионални проекти ќе помогнат при синхронизирано усогласување на националните политики за земјоделство и рурален развој кон ЕУ, во области кои ги засегаат сите земји партнери во проектите.“Преку регионалните проекти, ФАО вклучува широка експертиза и меѓународно искуство да им помогне на земјите при справување со слични проблеми во нивното земјоделство и рурален развој, притоа јакнејќи ја регионалната соработка, истражувањето и размената на знаења меѓу државите” – изјави г-ѓа Гордана Кожухарова, ФАО Програмски специјалист од Регионална канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, и одговорно лице за програмата на ФАО во Македонија.Еден од проектите има за цел да ги вклучи и обедини сите релевантни чинители во борбата против Африканската свинска чума – најсмртоносната заразна вирусна болест кај домашните и дивите свињи, која предизвикува серозни економски загуби во секторот свињарство.Болеста се шири со постојана брзина низ Источна и Централна Европа уште од првата појава во Грузија во 2007 година, и покрај силниот капацитет на ветеринарните служби на заразените држави во ЕУ и фондовите кои ЕУ ги издвојува за контрола на болеста. Експертите веруваат дека влезот на Балканот, преку домашни или диви свињи, е само прашање на време, со што зајакнувањето на капацитетите за превенција, откривање и контрола на болеста во земјите е од суштинска важност.ФАО ќе работи со МЗШВ и АХВ на подигнување на свеста за болеста меѓу сите учесници во синџирот (ветеринари, шумарски служби, свињарски фарми и ловци), обука на ветеринарите и шумарските службеници за откривање, спречување и контрола на Африканска свинска чума во фармите и дивината, како и развивање на планови за спречување и надзор на болеста. На регионално ниво, ФАО ќе обезбеди поддршка за земјите при редовната размена на информации за нивниот статус со и борбата против Африканска свинска чума, олеснувајќи ја координацијата на нивните превентивни и контролни мерки.Со друг проект, ФАО обезбедува поддршка за седум земји, вклучително и Македонија, да ги зајакнат фитосанитарните системи и да стекнат придобивки од знаењата и искуствата на меѓународната фитосанитарна заедница.Проектот има за цел зајакнување на капацитетите на Националните организации за заштита на растенија за подобро справување со опасноста од штетници во земјоделското производство и во екосистемите, особено во однос на националната и меѓународната трговија со растенија и производи од растително потекло, олеснување на економски развој и борбата против сиромаштијата, притоа зголемувајќи ја безбедноста на храната во земјите.Кадарот на Националните организации за заштита на растенија ќе биде обучен за надзор на штетници кај растенија и фитосанитарна сертификација според меѓународни стандарди, детекција и идентификација на штетниците преку лабораториска дијагностика, како и интегрирано управување со штетници за клучните земјоделски култури во земјите.Намалување на загубите и отпадот од храна е уште една област во која ФАО ќе даде поддршка на четири земји од Југоисточна Европа, вклучително и Македонија. Во рамки на регионалната иницијатива на ФАО - SAVE FOOD, ќе се работи на креирање на национални стратегии за намалување на загубите и отпадот од храна, во согласност со специфичните потреби на земјите, постојните национални стратегии за развој на земјоделството, безбедноста на храната и ублажување на климатските промени. Ќе се работи и на регионална кампања за подигнување на јавната свест, ќе се воспостави и координира партнерска мрежа и ќе се спроведуваат обуки за најдобри практики за намалување на загубите и отпадот од храна.Одржливо управување со рибните ресурси, кои се од витално значење за малите речни и езерски заедници во Македонија, Албанија и Црна Гора, е главна цел на уште еден регионален проект на ФАО, претставен денес во Скопје.Проектот ќе помогне на МЗШВ, рибарските заедници и општините во одржување на еколошка одржливост на рибните стопанства во земјата, преку обезбедување на соодветна методологија за собирање на податоци и развој на планови за управување со водните текови, кои го зголемуваат производниот потенцијал и социо-економската вредност на рибните ресурси во земјата. Ова, од своја страна ќе ги поттикне законодавците да укажат соодветно внимание на секторот при носење одлуки што влијаат на рибните живеалишта.Според Даниела Мангионе, Програмски службеник на ФАО, одговорна за регионалните проекти на ФАО во Европа и Централна Азија, „соработката помеѓу ФАО и Република Македонија значајно се зголеми во текот на последната година. Четирите регионални проекти, со вкупен буџет од 1,5 милиони долари, го продолжуваат овој тренд и со воведување на нови области за заедничка работа, ќе дадат форма на идните партнерства.“ Таа додава дека регионалната соработка е суштинска компонента на инвестициите на земјите во одржливо земјоделство и рурален развој, справување со климатските промени и одржливо управување со природните ресурси.

Македонија | пред 7 години

Mite-6

„Оди си“ - прва песна со видеоспот на Мите Стоилков

Победникот од пред две години на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Пинк“,  Мите Стоилков пред еден ден ја објави неговата прва песна со наслов „Оди си“.Станува збор за прекрасна балада, за која Стоилков сними и видеоспот и тоа под режисерската палка на Даниел Јовески.За музиката и аранжманот на песната се погрижи токму Мите, додека текстот е дело на почитуваниот хит-мејкер, Огнен Неделковски.По повод ова првенче, Мите исто така пред неколку дена организираше и промоција на која присуствуваа многу негови пријатели, колеги од естрадата, претставници на седмата сила и многу други.Спотот како што погоре пишува е дело на Јовески, а во него покрај Мите се појавуваат и статисти кои само дополнително придонесоа ова видео да изгледа прекрасно.- Задоволен сум од целиот прозивод. Долго работев на него, работев со внимание, љубов и го добив резултатот кој што го посакував. Се надевам дека во оваа песна ќе се пронајдат многумина, бидејќи е автобиографска и опиша еден дел од мојот живот кој сакам побрзо да го заборавам - изјави Стоилков.Инаку младиот пејач веќе размислува и на следната песна и спот. Тој вели дека тука не застанува, дека допрва публиката ќе има прилика да слушне и да види од него музички новитети.

Магазин | пред 7 години

Studenti-na-SKEOR

Почна Студентската конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој

Повеќе од 90 студенти со свои научни трудови учествуваат на шестата Студентска Конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој (СКЕОР), која се одржува на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.„Сметаме дека е од исклучителна важност да се организира настан чија што целна група се студентите кои како академски граѓани ќе имаат водечки улоги во областа на енергетиката, енергетската ефикасност и одржливиот развој, актуелни полиња со непроценливи можности. Самата конференција има научен и едукативен карактер со што студентите ги продлабочуваат своите знаења во областите од нивен интерес и тоа, соработувајќи со најдобрите стручни лица во соодветните теми на фокус“, потенцира Ангела Најдоска, претседател на Здружението за истражување и промоција на енергетската ефикасност и одржливиот развој (СКЕЕОР).Професорката Маргарита Гиновска, координатор на Конференцијата, истакна дека меѓу студентите има учесници од Колумбија, Словенија, Израел, Србија и Бугарија со свои научни трудови и повеќе од 10 пленарни предавања на реномирани професори и претставници на компании.„Навистина сум неизмерно задоволна од она што студентите успеваат да го постигнат од научен и организациски аспект. Особена среќа ми претставува тоа што сите овие години имаме одлична соработка и успеваме да организираме сé поуспешна конференција за која што има сé поголем интерес. Имаме навистина солидни студенти со огромен потенцијал, кои со моја помош, успеваат да го канализираат преку еден ваков уникатен настан. Се надевам дека оваа традиција ќе продолжи уште многу години!“, потенцира Гиновска.Деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, во својот говор истакна низа активности кои ги презема Факултетот за енергетска ефикасност и одржлив развој.„Пред неколку години ја реновиравме фасадата во енергетски ефикасна фасада, сега работиме на реновирање на внатрешната фасада. Инсталиравме систем за мониторирање на потрошувачката на електрична енергија. Исто така, на ФЕИТ во функција се две фотоволатаични централи со вкупна моќност од 22 KW а планираме да инсталираме уште 28 KW. Континурано се менуваат светилките со ефикасни светилки, поставуваме сензори за движење по ходници и водиме сметка за селекција на отпад“, рече Ташковски.Студентската конференција ја организираат студентите на ФЕИТ, под покровителство на Факултетот и на Град Скопје. Студентите ги поздрави професор д-р Љубица Јанчева, претседател на Совет на Град Скопје.„Да се пронајде нешто корисно – ’енергетската ефикасност’, потоа да се искористи во склад со природата и да се донесе во релација со одржливиот развој, веројатно е големо научно-истражувачко задоволство. Но, за актуелизирањето на релацијата потребни сте секогаш и Вие, почитувани претставници од академско научната заедница, но и Вие, студенти, кои како млади истражувачи со вашите креативни идеи, ќе партиципирате и во актуелизирање и во одржување на релација и тоа во локалните одредници, но и пошироко“, вели Јанчева.Основната идеја на конференцијата е да се разменуваат идеи и мислења меѓу студентите, професорите и претставниците од енергетските компании со што се прави чекор напред кон решавање на дел од проблемите од областа на енергетска ефикасност и одржливиот развој, како две светски актуелни прашања на кои интензивно се работи и во Македонија.Прв пат годинава, во рамки на конференцијата, ќе се одржи хакатон во проосториите на ИНОФЕИТ посветен на развивање на идеите на студентите во насока на остварување на успешни бизнис модели и планови, во соработка со професори, директори од влијателни компании и личности од бизнис секторот. Целта е да се поттикнат студентите да ги насочат своите идеи и активности кон суштинска импементација и развивање на иновативни бизниси.

Македонија | пред 7 години

slika-angel-dimov-

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Советниците од СДСМ во Велес носат одлуки на штета на граѓаните и нивниот домашен буџет

Повторно сме измамени, изманипулирани и излажани од страна на градоначалникот, господинот Аце Коцевски. Повторно Велешани се соочуваат со црното владеење на градоначалникот, повторно ќе ја почувствуваат неговата незаинтересираност за потребите на Велешани, вели Ангел Димов од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.„Сакаме да ви соопштиме дека далеку од очите на јавноста, изолирани од надворешниот реален свет, во еден медиумски мрак се носат штетни и контрапродуктивни одлуки за нашиот град Велес.Имено, наместо градоначалникот да се бори за подобрување на условите во кои живееме сите ние во Велес, тој напротив заедно со неговото советничко мнозинство предводено од СДСМ, носат одлуки на штета на граѓаните и на штета на нивниот домашен буџет.На ден 24.09.2018 година од страна на Управниот одбор на ЈКП „Дервен“–Велес, беше донесена одлука за утврдување на нова цена на водата за пиење за граѓаните на општина Велес за периодот од 2018-2020 година, која што беше доставена до градоначалникот.Оваа одлука беше ставена на дневен ред на 21-вата седница на Советот на Општина Велес, но беше симнато од дневен ред од страна на мнозинството.За истата по втор пат да биде доставена до Советот на Општина Велес на 22-та седница, која се одржа на 02.11.2018 година, по која членовите на Советот на Општина Велес се изјаснија, и од вкупно 20 присутни, 10 гласа „за“, 7 гласа „против“, двајца од присутните советници се изземаа од гласањето по точката заради конфликт на интереси поради близок член од семејството кој е вработен во ЈКП „Дервен“ и тоа членовите на советот Бесим Ахмедов и Весна Стојановска Богоевска , а еден член на советот не се изјасни по точката“, вели Димов.Тој додаде дека ова Решение на Советот на Општина Велес, билодоставено од претседателот на Советот на Општина Велес до Градоначалникот за објавување во службено гласило, но дела истиот донесува Решение за запирање од објавување на Решението за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈКП „Дервен“-Велес за период од 2018-2020 година, поради начинот на изјаснување на членовите на Советот по материјалот од точката, односно бидејќи го немал потребното мнозинство, од присутните во салата.„Советот на Општина Велес на својата одржана 23-та седница на 15.11.2018 година ја рагледа оваа Одлука и донесе Заклучок за усвојување на Решението донесено од Градоначлникот за запирање од објавување на Решението за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈКП „Дервен“-Велес за период од 2018-2020 година.Меѓутоа на следната седница одржана на 26.11.2018 година, одлуката беше повторно ставена како точка од дневниот ред, за повторно изјаснување.Овој пат од 21 присутни во салата одлуката беше донесена со 11 гласови „за“ и 10 „против“.Изземање на советниците кои досега се изземаа од гласање немаше.Со поименично гласање се изјаснија и гласаа „за“ членовите на Советот кои една година наназад се изземаа од гласање заради конфликт на интереси, дури и по истата одлука, и тоа го направија баш на одлука која беше на штета на граѓаните со покачување на цената на водата за пиење.Спротивно и без никаков срам и морал Аце Коцевски, истиот кој во својата изборна кампања ветуваше намалување на цената на водата за пиење сега ја носи оваа одлука заедно со своето советничко мнозинство.Измама и неодговорност е, и покрај тоа што градоначалникот ја знаел цената на водата за пиење од Регулаторната Комисија за енергетика на Република Македонија, да ветува намалување на цената и со тоа да придобива политички гласови.Ова не му доликува на еден татко на градот, ова не му доликува на сериозен политичар и човек кој давал ветувања дека општина Велес ќе ја направи најдобра општина во Република Македонија и спротивно од неговите ветувања уште еднаш удри по џебот на граѓаните.Овде ве прашуваме Господине Коцевски, дали откако не го овозможивте потребното мнозинство на советници од вашите редови кои ќе гласаат „за“ оваа точка, се одлучивте да замижите и премолчите на гласовите „за“ од страна на советници кои цела година наназад се изземаа од гласање заради судирот на интереси.Една година се изземаа и не гласаа, зарем ова беше клучната одлука заради која вреди да се прекршат и законите?Зарем ова е животот кој го ветувавте и за кој добивте поддршка?Зарем ова е транспарентната и професионална општина за која ветувавте,- носење одлуки без јавност и по секоја цена? Зарем ова е вашето домаќинско однесување и раководење?Господине Коцевски со овие прашања треба ВИЕ да се соочите, на овие прашања Велешани очекуваат одговор од ВАС“, вели  Димов.

Македонија | пред 7 години

Konstantin_Kachev

Делата на Константин Качев во НЛБ Галерија

Утре со почеток во 20 часот во НЛБ Галерија (Дирекција на НЛБ Банка АД Скопје, ул.Мајка Тереза 1, Скопје) ќе биде свечено отворена изложбата на дела од академскиот уметник Константин Качев.Константин Качев спаѓа во редот на најистакнатите современи македонски сликари од помладата генерација. Роден е во Ташкент во 1967 година. Завршил ликовна академија во Скопје. Качев е член на ДЛУМ и е носител на бројни и значајни награди за ликовна уметност. Покрај групните зад себе има голем број на самостојни изложби во Македонија, но и во странство: Њујорк, Париз, Лион, Минхен, Берлин, Њујорк, Софија, Москва...Изложбата ќе биде дополнително збогатена со скулптурите од керамика на Елена Виденова од Бугарија.

Магазин | пред 7 години

gruevski-mala

Отчетност и одговорност за пропустите и неажурноста на институциите кои резултираа со бегство на осудениот Никола Груевски

Најостро ја осудуваме неажурноста на институциите во спроведувањето на истрагите поврзани со утврдување на пропустите и одговорноста за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.Бараме истрагите итно да завршат, и тоа во рок од 10 дена, и да се утврди одговорност за пропустите, евентуалното непостапување или соучество. Во спротивно ќе бараме политичка одговорност на највисоките функционери. Апелираме да не се подрива ЕУ перспективата на Македонија, која зависи од владеењето на правото. Потсетуваме дека избегнувањето на правдата ја урнисува надежта на граѓаните во демократијата, за која народот се бореше со години.Имено, поминаа повеќе од две седмици од објавувањето на нашата прва реакција во која побаравме итно покренување истраги како и утврдување на фактичката состојба и пропустите кои доведоа до тоа Никола Груевски, најпознатиот осуденик на Балканот, да стане најпознат бегалец во регионот гладен за правда. Непреземањето на никаква одговорност и покрај индициите за сериозни пропусти и непочитување на одредбите од Законот за извршување на санкции и Правилникот за начинот на вршење на полициските работи од страна на Основниот суд Скопје 1 и Министерството за внатрешни работи, ги зголемува сомнежите дека не постои волја за утврдување на вистината. Со тоа повторно влегуваме во волшебниот круг на одржување на културата на неказнивост.Бидејќи речиси три седмици по бегството не е утврдена одговорност, ние долупотпишаните граѓански организации бараме во наредните 10 дена, односно со истекувањето на еден месец од настанот, да бидат дадени одговори околу случувањата поврзани со бегството на осуденикот Никола Груевски. Нашите конкретни барања и апели се сумирани подолу.1. Истрагите кои недозволиво се одолговлекуваат предизвикувајќи зголемена недоверба на граѓаните во системот е потребно итно да завршат. Натаму, мора да се поведат постапки за утврдување одговорност и санкционирање на лицата чии пропусти, евентуално непостапување или соучество го овозможиле бегството! Доколку правната одговорност изостане, тогаш дополнително би се зајакнала културата на неказнивост што во следна фаза би повлекло и наши барања за политичка одговорност на највисоките функционери кои ги предводат институциите чии пропусти го овозможиле бегството.2. Со пропустите, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање, Јавното обвинителство и останатите институции директно ги подриваат перспективите на Република Македонија за добивање на датум за преговори со Европската Унија во јуни 2019 година. Заклучоците од јуни годинава, недвосмислено укажуваат дека владеењето на правото и спроведувањето на правдата се услов за добивање датум за почеток на преговори. Со оваа постапка, членките на ЕУ кои се колебаат околу проширувањето добиваат нови против-аргументи за случајот на Македонија.3. Избегнувањето на правдата од страна на криминалците ја урнисува надежта на граѓаните кои кои се гладни за правда и одговорност. Тоа го зголемува цинизмот и претставува најголем пораз за возобновениот демократски ентузијазам кој доведе до демократски промени во Македонија. Нема функционална демократија без надеж за промени. Цинизмот создава плодна почва за појава на демагогија, десничарски популизам и недоверба во демократијата. Влогот во оваа работа е затоа многу поголем од судбината на еден осуден криминалец од висок ранг.Нашите барања, апели и заклучоци ги темелиме на следната анализа.Покрај конкретното посочување на евидентните пропусти, резултатите од истрагата која МВР ја започна и ја водеше остануваат „тајна“ запечатена со отворањето на предистражна постапка од страна на ОЈО за организиран криминал и корупција. Меѓутоа, евентуалната кривична одговорност во никој случај не ги ослободува вмешаните во овој атак врз правната држава од нивната морална, професионална и политичка одговорност! За време на постапките против Никола Груевски, не беше определена мерка притвор, туку полесна мерка - одземање на патна исправа со обврска да се јавува во судот. Во оваа смисла, одговорноста за бегството на поранешниот премиер може да се лоцира во јавното обвинителство и судот од причина што не барале или определиле притвор (мерката се изрекува само по предлог на ЈО) и ова може да биде предмет на критика и одговорност доколку се покаже дека тие имале сериозни и поткрепени информации дека тој ќе избега. Покрај тоа што домашното и меѓународното право врз притворот гледаат само како на крајна мерка, со обврска обвинетиот да го остават на слобода согласно правното начело in dubio pro reo (in dubio pro libertate), улогата и значењето на Никола Груевски и целата правна и политичка состојба во државата, несомнено укажуваа на постоење на ризикот од евентуално бегство. Ова особено што бегството било добро подготвено и според сите информации со учество на странски тајни служби. Во оваа насока и навремените информации за кои се дозна во јавноста за подигањето во банка на поголеми износи на пари во готово и слично.Со оглед на сето ова, Управата за безбедност и контраразузнавање, т.н. Петта управа морала да го следи и да има сознанија и информации за неговото движење, планови и контакти и согласно истите да подготви соодветни планови за проценка на безбедносните ризици и да биде во постојана комуникација со Судот и Обвинителството. Дополнително полициските службеници во вршењето на работните задачи во врска со обезбедувањето на државната граница и контролата на преминување на државната граница преземаат мерки и собираат известувања и податоци заради заштита на неповредливоста на државната граница, спречување и откривање на кривични дела и прекршоци и откривање и фаќање на нивни сторители, како и незаконско преминување на државната граница. Како што е познато, граничните премини биле благовремено информирани дека за лицето Никола Груевски се водат постапки и дека се изречени мерки на претпазливост според кои тој не може да ја напушти државата.Со оглед на тоа дека се уште не е утврдена фактичката состојба за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, неопходни се итни и темелни истраги во кои ќе биде утврдена одговорноста за пропустите во постапувањето на Основниот суд Скопје 1 Скопје, на Министерството за внатрешни работи, како и на Агенцијата за разузнавање од аспект на тоа дали се постапувало согласно планот за обезбедување на Никола Груевски и дали се постапувало согласно тој план и согласно проценката за ризик.Напомената од првата реакција дека ова е четврто лице осудено во високопрофилираните кривични постапки, кое поради неажурност и некоординираност на судските власти и органите на прогон, успеало да избега од државата го потврдува постоењето на сериозен системски проблем. Избегнувањето на издржувањето на казна затвор определена со правосилна и извршна пресуда од повеќе лица укажува на итната потреба од преиспитување на функционалноста на органите на прогон, граничните служби и судските власти. Сметаме дека само со ваков сериозен пристап за утврдување на вистината ќе може целосно и финално да се спроведе правдата која граѓаните долго ја очекуваат, а на која ние, долупотпишаните граѓански организации инсистираме. Хелсиншки комитет за човекови права на РМФондација Отворено општество- МакедонијаИнститут за демократија Социетас цивилис- СкопјеЕвротинкЦентар за економски анализиMетаморфозисМакедонско здружение на млади правнициМОСТКоалиција сите за правично судењеКоалиција МаргиниИнститут за европска политикаИнститут за човекови праваНВО ИнфоцентарМладински образовен форум

Македонија | пред 7 години

b0e64fd0d4bb388d91f7ae215ced368c_w790

Санкционирани 177 возила во Општина Центар

Во текот на минатата недела на територија на Општина Центар успешно беше доведен во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање.„Сообраќајната полиција и „пајак службата“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 26.11. до 01.12.2018 година, санкционираа 177 непрописно паркирани возила, од кои 6 несовесно паркирани возила биле затекнати на паркинг места за лица со посебни потреби.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.Апелираме до граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 7 години

foto-1

Компанијата Завар прослави 30 години иновативност

Завар, компанијата специјализирана за заварување, процесна опрема, иновативен дизајн на грејни тела и ентериери од метал, одбележа 30 години постоење. Компанијата се раѓа од мала семејна инцијатива во 1988 година основана од Јован Наумовски еден од најценетите експерти по заварување во тогашна Југославија и се развива во модерна, глобално присутна компанија.„Со големи планови и јасна визија за иднината, Завар е создадена, се гради и развива врз неколку основни столбови, а тоа се експертското знаење, посветеноста и иновацијата. Компанијата започна како услужна дејност на тешката индустрија, за во текот на годините да се развие во производна компанија која е лидер во регионот во висококвалитетни заварувања и производство на опрема за процесната индустрија. Истовремено се развивме и во еден сосема нов и пазарно неистражен сегмент, заварувањето и иноксот во креативен, дизајнерски и естетски контекст. Тоа ни даде печат на единственост и уникатност во услугите и производите што пак ни помогна за полесно позиционирање на странските пазари“, изјави Марта Наумовска Грнарова, Генерален директор на Завар.Завар како производител на процесна опрема за преработувачките индустрии, како хемиската, фармацевтската, прехранбената и други, е присутен на глобалните пазари за што соодветно е сертифициран и ги применува највисоките стандарди. Еден од нив е ПЕД директива за садови под притисок, а се сертифицираат и 10 специфични постапки на заварување на високо-легирани челици. Исто така, Завар е инволвиран во сите интернационални институции за заварување и е член на престижниот институт за заварување ТWI од Кембриџ, Велика Британија.Изградена врз иновативни решенија во функција на индустријата Завар Дизајн се насочува во развој на два посебни сегменти, развој на грејни тела односно радијатори како спој на технологија, естетика, дизајн и функционалност, коишто исто така ќе претставуваат уникатни креативни дизајни во секој простор каде ќе бидат поставени. Вториот дел е развој на специфични ентериерни решенија со, пред се естетска функција но исто така и практична примена.Денес Завар претставува глобално позиционирана компанија со единствена иновација на грејни тела со специфичен и функционален дизајн, со 5 до 10% раст на годишно ниво, со 90% од производството наменето за извоз. Најмногу извезува во европските земји, Обединетото Кралство и во САД, а во овие 30 години Завар свои производи има извезено на сите континенти. Завар Дизајн во 2017 година се претставува на два престижни саеми во Њујорк, Architectural Digest Design Show и ICFF и забележува огромен успех, за што сведочи престижната награда за Најиновативен дизајн, доделена од страна Американската асоцијација на дизајнери, по што компанијата се вбројува меѓу 7те највлијателни брендови во светот во областа на Дизајн Радијатори.

Магазин | пред 7 години

csm_03_low_e9e0bf9d0e-1

Утре во Музејот на современа уметност – CrossSections, презентација на Башак Шенова

На 5 декември (среда), со почеток во 20.00 часот во Музејот на современата уметност во Скопје, ќе се одржи презентација и разговор со Башак Шенова, кураторка и дизајнерка.Во Скопје таа ќе го претстави проектот CrossSections, интердисциплинарна платформа за уметничките истражувања, дијалозите и продукцијата. Во текот на три години (2017-2019), со учество на 19 уметници, овој проект планира соработка со научници, уметници и културни работници, одржувајќи групни и јавни состаноци, работилници, изложби, претстави и разговори ќе се одржат во Виена, Хелсинки и Стокхолм.Уметниците учесници се Барбара Холуб (Австрија), Гоџе Илкин (Турција), Маркус Нојстеттер и Бронвин Лекс (Јужно Афричка Република), Рикарда Дензер (Германија), Бежад К. Нори (Шведска), Хеба Ј. Амин (Египет), Николаус Ганстер (Австрија), Тамсин Сноу ( Велика Британија), Бенџи Бојадџиан (Финска/Палестина), Инма Херера (Шпанија), Нисин Букари (Сирија), Тимо Тухаканен (Финска), Ото Карвонен (Финска), Егл Оддо (Италија), Лина Селендер (Шведкса), Рамеш Даха (Австрија) и Јане Чаловски (Македонија).CrossSections е организиран во партнерство со iaspis – Меѓународна програма за визуелни и применети уметници на Шведската влада и Констфак, Универзитетскиот за уметност, занаетчиство и дизајн и НКФ – Nordiska Konstförbundet (Nordic Art Association) во Стокхолм; Nya Småland Шведска; ХИАП – Меѓународна програма за уметници од Хелсинки и Универзитет за уметности Хелсинки – Академија за ликовни уметности во Хелсинки; Центар за современи уметности од Талин; и Проектниот простор Прес ту Егзит во Скопје.Башак Шенова (Basak Senova) е кураторка и дизајнерка. Студирала литература и графички дизајн (MFA in Graphic Design and Ph.D. in Art, Design and Architecture at Bilkent University) и била дел од 7. Програма за обука на куратори на Stichting De Appel, Амстердам. Има пишувано текстови за уметност, технологија и медиумите, иницирајќи и развивајќи проекти и курирајќи изложби, од 1995 година.Шенова е уредник на art–ist 6, Kontrol Online Magazine, Lapses book series, UNCOVERED, Aftermath и други публикации. Таа е уреднички дописник за ibraaz.org и еден од основачките членови на NOMAD, како и организатор на “ctrl_alt_del” и “Upgrade!Istanbul”. Шенова беше куратор на турскиот павиљон на 53. Биенале во Венеција. Како асистент, таа држи предавања на различни универзитети во Истанбул, како Kadir Has University, Bilgi University и Koç University. Таа, две години по ред, ја курира колекцијата на Zorlu центарот (2011-2012). Ко-куратор е на UNCOVERED (Кипар) и 2nd Biennial of Contemporary Art, D-0 ARK Underground (Босна и Херцеговина). Во 2014 година, таа е дел од Art Gallery Chair of (ACM) SIGGRAPH 2014 (Ванкувер), куратор е на Helsinki Photography Biennial 2014 и Jerusalem Show.Таа беше куратор и на Македонскиот павилјон на 56-тото биенале во Венеција, претсттавен со проектот „Ние сите сме сами во ова“ на Христина Иваноска и Јане Чаловски.Гостувањето на Башак Шенова е дел од годишната програма на Проектниот простор Прес ту егзит со наслов „Недисциплинирани форми на знаење“ во рамките на серијата „Предавања, презентации и изложби“ и Меѓународниот симпозиум „Кураторски размени 7: Курирање урбани заедници“.Програмите на Проектниот простор Прес ту егзит се организирани во партнерство со Музејот на современата уметност Скопје и Контрапункт, Скопје, а поддржани се од Министерството за култура на Република Македонија.

Магазин | пред 7 години

goran-stefanovski-sekoja-generacija-se-srekjava-so-nekoi-novi-opasnosti-218212

Иницијатива: Драмски театар да го носи името „Горан Стефановски“

Една од иницијативите е токму Драмскиот театар во Скопје да го носи името на Горан Стефановски, со оглед дека во оваа театарска куќа беа првпат поставени, но и беа изведени најголем дел од неговите драми. Во оваа театарска куќа некои од неговите драми се режирани и по двапати…Луѓето кои го познаваа и го знаат неговото значење сметаат дека е еден од најголемите амбасадори на Македонија и македонската култура, бидејќи неговите драми се поставувани насекаде во светот. Токму од тие причини ненадејната смрт на големиот македонски драмскиот автор Горан Стефановски, покрена лавина иницијативи на социјалните мрежи со многубројни предлози на најдобар начин да се оддаде почит кон неговото име и дело. Една од иницијативите е токму Драмскиот театар во Скопје да го носи името на Горан Стефановски, со оглед дека во оваа театарска куќа беа за првпат поставени, но и беа изведени најголем дел од неговите драми. Во оваа театарска куќа некои од неговите драми се режирани и по двапати…Така, првата драма на Стефановски „Јане Задрогаз“ во Драмски е поставена во 1974 година, а потоа следуваа и “Диво месо” (1980) во режија на Слободан Унковски, “Хај-фај” (1983), “Дупло дно” (1984), “Тетовирани души” (1985) во режија на Паоло Маџели, за во периодот што следува да се постават и “Кула вавилонска” (1990), “Чернодрински се враќа дома” (1992), “Диво месо” во режија на Александар Поповски (2000), “Тетовирани души” во режија на Сашо Миленковски (2001), но и “Евримен” (2004), “Лет во место” (2005), “Демонот од Дебар маало” (2006) и последната “Огнени јазици” (2013).Во чест на Стефановски, во Драмски изминатите два дена беше одржани проекции на претставите “Диво месо”, и “Дупло дно”, но како што велат оттаму тоа е само почеток на серијата настани со кои македонската јавност ќе се потсети на ремек-делата на нашиот Горан Стефановски. А драмите на Стефановски имаат нешто заедничко: преку трагедијата на едно семејство, тој ни ја предава историјата на македонскиот народ, со сите свои болки и рани, со социјалните неправди, политичките разидувања, стремежот за подобро утре…

Магазин | пред 7 години

RSBSP_01

Пешаците се активни учесници во сообраќајот кои мора да ги почитуваат сообраќајните правила - „Без Изговори!“

Дали знаете која е најголемата и најактивната група учесници во сообраќајот? Доколку не го знаете одговорот, тој е - пешаците. Во рамките на секојдневните активности, секој човек, покрај со автобус, автомобил, мотор, велосипед, секојдневно и најчесто, во сообраќајот е вклучен во улога на пешак. Наутро до продавница по леб, до комшии, до училиште; од кола, преку пешачки, на работа...Како активни учесници во сообраќајот, пешаците мора да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, исто и како кога учествуваат во сообвраќајот во улога на возачи, мотоциклисти и велосипедисти. За жал, искуствата покажуваат, голем дел од пешаците не се свесни за фактот дека и тие се активни учесници во сообраќајот, па сликата на улиците, од прилика изгледа вака: улицата се преминува надвор од пешачки премини, најчесто таму каде што ним најмногу ѝм одговара, каде што ѝм е најкраток патот, го претрчуваат коловозот иако го сочинуваат две, па и три ленти, прескокнуваат жардиниери и огради, претрчуваат на црвен пешачки семафор итн.Но, не претрчуваат сите. Има и такви кои се движат бавно, со слушалки на уво, без да гледат лево десно и без да слушаат што се случува во сообраќајот. За некои, пешачкиот премин е модна писта, за некои, место за добар разговор ако случајно се сретне стар познаник. За некои, движењето помеѓу возилата и помеѓу двете коловозни ленти претставува обична рутина со која вешто се справуваат.„Секакви луѓе со секакви навики“, но мал е бројот на тие кои ги почитуваат правилата и прописите, кога се движат по тротоарите и преминуваат преку улиците.Фактите велат дека пешаците се најмалку казнувани и најмалку контролирани учесници во сообраќајот. Нивното однесување е препуштено на личната одговорност, свест и совест, како и на нивната сообраќајна култура.Статистиката вели дека:Во 2018 година, заклучно до месец септември, повредени се 626 пешаци, а загинале 17 пешаци,Во 2017 година, 914 пешаци биле повредени, а 34 загинале,Во 2017 година, на возраст над 65 години, загинале 17 пешаци.Пешаците најчесто страдаат во сообраќајни незгоди во услови на намалена видливост (магла), во раните утрински и во доцните вечерни часови, на неосветлени коловози или на неосветлени пешачки премини.Анализите покажуваат дека бројот на пешаци кои страдаат во сообраќајни незгоди случени токму на пешачки премин е многу голем. Од една страна, има многу неодговорни возачи кои не ги почитуваат, ниту пешаците, ниту сообраќајните правила и прописи, но има и многу пешаци кои, исто така, неодговорно учествуваат во сообраќајот.Она за што РСБСП апелира до возачите е дека нивна обврска е секогаш да се движат со особено внимание кога се приближуваат кон пешачки премин, да ја намалат брзината, да застанат и да ги пропуштат пешаците на пешачкиот премин. Но, тоа никако не значи дека пешаците имаат апсолутно право први да ја преминат улицата. Напротив, тие се должни да ја преминат улицата, откако ќе се уверат дека тоа може да го направат без да го загрозат својот живот, но и безбедноста и животот на возачите кои им доаѓаат во пресрет. Пешаците треба да бидат сто проценти сигурни дека возилото што наидува на нив, може навреме и безбедно да застане, за тие да ја преминат улицата.Обостраното непочитување на ова правило, е причина број еден за сообраќајни незгоди во кои страдаат пешаците.Црната статистика загрижува, загрижува тоа што секојдневно се случуваат сообраќајни незгоди во кои страдаат пешаци, загрижува фактот дека околу 25% од вкупниот број жртви во сообраќајни незгоди се пешаци.Затоа, без изговори! Пешакот е активен учесник во сообраќајот. Почитувај ги сообраќајните правила и прописи, затоа што само тоа може да те заштити. Ниту еден изговор, ниту едно оправдување за непромислено однесување во сообраќајот, нема да ја промени црната статистика - потсетуваат од РСБСП.Да, истото важи и за возачите. Без изговори, без оправдувања! Внимавајте на пешаците во сообраќајот. Така наложува Законот, така е хумано, така е етички - така е единствено исправно.

Македонија | пред 7 години

sijarto-dimitrov

Од екстрадацијата на Груевски зависат односите меѓу Македонија и Унгарија

На вториот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на маргините од министерскиот состанок, до сега, оствари повеќе билатерални средби и тоа со: алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Џорџ Катругалос, МНР на Унгарија, Петер Сијарто, МНР на Кралството Холандија, Стеф Блок и МНР на Грузија, Давид Залкалиани.На средбата со својот грчки колега, МНР Димитров разговараше за процесите и правните чекори кои следат во врска со пристапниот протокол за членство во НАТО на Република Македонија. Од двете страни беше истакната цврстата волја за имплементирање на Договорот од Преспа.За време на билатералната средба со Унгарија, МНР Димитров истакна дека случајот со бегството и добивањето азил на поранешниот премиер Груевски, е предизвик за билатералните односи меѓу Република Македонија и Унгарија, кој го третираме со голема внимателност и во согласност со принципите на владеење на правото кон кои Македонија се стреми, а да се остане посветен на патот кон одржување на односите меѓу двете земји. „Ќе ги искористиме сите правни можности за негово соочување со правдата во Македонија“ – МНР Никола Димитров. МНР Сијарто ја повтори поддршката на Унгарија за европската и евроатлантската интеграција на Република Македонија.Со холандскиот МНР Стеф Блок, кој честиташе за завршувањето на втората фаза за уставните измени, стана збор за реформите во областа на владеењето на правото. Министерот Димитров посочи дека „нашата цел е да не оставиме никаков сомнеж меѓу земјите членки дека заслужуваме почеток на пристапни преговори со Европската унија.“Со МНР на Грузија, Давид Залкалиани, се разговараше за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји. Министерот Никола Димитров ќе оствари билатерални средби и со своите хомолози од Романија, Норвешка, Литванија и Турција.На последниот ден од работната посета на Брисел, во рамките на НАТО, МНР Димитров ќе учествува на министерскиот состанок на Северно-Атлантскиот Совет со земјите контрибутори во мисијата Решителна поддршка во Авганистан. Во рамките на ЕУ, МНР Димитров ќе се сретне со ВП на ЕУ Могерини и со еврокомесарот Хан.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Рација во Палермо: Уапсен новиот шеф на Коза ностра и 45 осомничени мафијаши

Италијанската полиција го уапси новиот новиот шеф на сицилијанската мафија Сетимо Минео, како и уште 45 осомничени мафијаши.„ Со акцијата е зададен силен удар врз организираниот криминал на Сицилија“, изјави денеска потпретседателот на италијанската Влада, Луиџи ди Мајо.Полицијата потврди дека меѓу уапсените се наоѓа и 80-годишниот Минео, шефот на локалните мафијашки семејства во главниот град на островот, Палермо. Официјални претставници наведуваат дека Минео неодамна е именуван за генерален шеф на Коза ностра.Претходниот „шеф над шефовите“ Салваторе Тото Рина почина минатата година в затвор, во кој помина речиси 25 години поради издавање наредба за извршување на десетина убиства, вклучувајќи и убиства на најпознати италијански судии.

Свет | пред 7 години

mile-janakieski

Јанакиески како гаранција ја нуди својата куќа и стан за да излезе од притвор

Екс министерот Миле Јанакиески како гаранција дека нема да избега ја нуди својата куќа во Прилеп и еден стан, во вредност од околу 25 милиони денари Објави Фокус.мк.Барањето за прифаќање на неговата гаранција, и укинување на притворот, неговите адвокати денеска го доставиле до Кривичнниот совет на Кривичниот суд.Неодамна Апелација го одби барањето на Јанакиески за укинување на мерката притвор. Тој повеќе од 20 дена е во истражниот затвор “Скопје”.Притворот му беше одреден по барање на СЈО во случајот Титаник, поради опасност од бегство.извор: Фокус.мк

пред 7 години

predavanje

Иванов: Република Македонија се соочува со најголемиот предизвик од нејзиното формирање

Република Македонија се соочува со можеби најголемиот предизвик од нејзиното формирање, а тоа е да се одрече од историското право и правото на самоопределување, рече претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на денешното предавање на Универзитетот во Вроцлав, во рамки на работната посета на Република Полска.„Грција со Спогодбата од Преспа ни наметнува ново име и бара истото да се применува erga omnes – и за меѓународна и за домашна употреба. Предвидено е да го промениме Уставот. Преку оваа спогодба, Грција ќе добие постојан надзор за тоа како ние ќе се именуваме себе си, но и како другите држави ќе ни се обраќаат нам", рече претседателот Иванов.„Со Спогодбата ќе се преименуваат нашите институции, ќе се цензурира содржината на учебниците на нашите деца, ќе се спречува правото на граѓаните да го изразуваат својот македонски идентитет. Се регулира именувањето на нашиот македонски јазик. Еден многу важен дел од нашиот начин на живот ќе зависи од волјата на Грција. Тоа е цензура на светот и автоцензура на колективната свест на македонскиот народ. Тоа е насилство врз нашата историска меморија. Она што грчката држава им правела на Македонците во Грција, сега, со Преспанската спогодба сака да им го направи и на Македонците во Република Македонија", рече претседателот Иванов во предавањето на Универзитетот во Вроцлав.Во предавањето претседателот Иванов се осврна на делото на Блаже Конески, кој како лингвист и книжевник се посветил на развојот на македонскиот литературен јазик, и кому во 1973 година му беше доделен почесен докторат на Универзитетот во Вроцлав.„Со сè што правеше, Конески и неговата генерација за многу кратко време го издигнаа македонскиот јазик во современ европски јазик со светла иднина. Но, таквиот успех ги разбудил старите балкански сеништа на негирањето. Македонскиот јазик и денес сè уште се соочува со бројни оспорувачи кои, обидувајќи се да го избришат или преименуваат, вршат еден вид симболична опресија врз македонскиот идентитет', рече претседателот Иванов.Најголемиот показател за вредностите на една нација, според претседателот Иванов, е консензусот околу она што не е за продажба, она за што не може да се пазари и преговара.„Денес, за жал, некои од големите придобивки за кои се изборил се доведуваат во прашање. Дојдоа генерации кои како да го заборавија заветот на Конески и почнаа да се пазарат со оние кои претендираат да го држат клучот на нашето минато", рече претседателот Иванов.„Нашата сила е во нашата различност, а нашата различност е гарантирана со нашето единство. Израз на тоа единство е македонскиот јазик", рече претседателот Иванов.Говорејќи на тема: „Мостови на пријателство и соработка: Македонија – Полска", претседателот Иванов истакна дека Република Полска е голем пријател, искрен партнер и гласен поддржувач на Република Македонија во Европската унија и во НАТО, и дека Полска поддршката ја покажа на дело за време на европската мигрантска криза. Посочи дека Полска ги отвори вратите за македонските деца бегалци од Граѓанската војна во Грција и им стана втор дом на бездомните и прибежиште на прогонетите, кои денес се силен мост на пријателство меѓу двете земји и народи. Но, како што рече, освен на полската држава благодарни сме ѝ и на полската наука.„Полската наука покажа жив интерес за Македонија и за македонскиот јазик. Во време кога соседните пропаганди вршеле присвојување на македонскиот јазик, познатиот славист Мјечеслав Малецки недвосмислено изјавил дека македонските дијалекти не треба да се третираат ниту како српски, ниту како бугарски, но како посебен јазик", рече претседателот Иванов.„Како што Република Полска е на страната на правдата, така полската наука одлучно стои на страната на вистината", рече претседателот Иванов.Чувањето и творењето на македонски јазик, порача претседателот Иванов, е обврска кон минатото и влог во иднината. Чувари на тој јазик и тоа наследство, како што рече, се и сите македонисти, особено полските македонисти. Посебно важно место, според претседателот Иванов, зазема македонистичката работилница при Институтот за словенска филологија на Вроцлавскиот универзитет, која е најсериозен партнер на академските институции во Република Македонија.„Во ова време на сериозни предизвици за Република Македонија и за македонскиот народ, нам повторно ни се потребни нашите пријатели да го чуваат за нас она што сами можеме толку лесно да го изгубиме. Полските македонисти и македонистите во светот се чувари на нашата комплетна татковина бидејќи како што рече Конески „до таму е нашата татковина до каде што е нашиот јазик.", рече претседателот Иванов во предавањето на Универзитетот во Вроцлав.

пред 7 години

Нема фотографија

Ќе се гради нова трибина на стадионот во Охрид

Во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија, денеска на средбата на в.д председателот на федерацијата Муамед Сејдини, генералниот секретар Филип Поповски и градоначалниците на општинте Охрид Јован Стојаноски и на Чаир Висар Ганиу, беше презентиран проектот за реконструкција и изградба на нови трибини на стадионите во Охрид и Чаир.Во соработка со ФФМ и УЕФА, Општина Охрид ќе ги реконструира постојните и ќе изгради нова трибина на фудбалскиот стадион во СРЦ „Билјанини извори“. Вредноста на овој проект, кој видно ќе придонесе за развојот на спортот во Охрид, изнесува 800.000 евра.Фудбалската федерација на Македонија од УЕФА и програмата за развој, официјално доби дозвола за започнување на активности за реконструкција и изградба на трибини на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Средствата се одобрени по претходно поднесена апликација и идејни проекти.

Македонија | пред 7 години

leb

Лебот поскапе за 10 до 20 проценти

За десет до 20 отсто или од 15 на 18 денари е зголемена цената на некои видови леб. Причината за ваквиот потег, според мелничарите, е поскапувањето на пченицата и брашното од жетвата досега за 40 проценти.Министерството за земјоделство не е контактирано во врска со поскапувањето. Како што изјави за МИА министерот за земјоделство Љупчо Николовски, состојбата ќе се следи и ако дојде до драстично зголемување на цените и на другите видови леб ќе се интервенира преку Агенцијата за стоковни резерви.-Како што не известија денеска претставниците од мелничко-пекарската индустрија, ова зголемување е поради растот на цената на брашното и цената на пченицата која е берзански производ. Министерството ќе ја следи состојбата и ако дојде до драстично зголемување на цените и на другите видови леб што би влијаело врз поскапување на животниот стандард, ќе се интервенира преку Агенцијата за стоковни резерви која во ек на жетвата направи јавна набавка на 13.000 тони пченица, истакна Николовски.Горан Малишиќ, пак, од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија објаснува дека поскапувањето на лебот е индивидуална одлука на некои мелничари, поради што не се знае дали и други ќе направат ваков чекор.-Одредени фирми, односно пекари, одлучиле да ја зоглемат цената за десет до 20 отсто или за околу два денара. Се работи за бел леб, а причината е тоа што од жетва наваму цената на пченицата и на брашното е зголемена за околу 40 отсто. Тоа е главниот импакт што не можат да го издржат. Би нагласил дека одлуката на секоја фирма е поединечна зависно од нејзината конкурентност, профит и други фактори, истакнува Малишиќ.

Македонија | пред 7 години

filipce-1

Кардио операциите кај деца ќе се прават во приватната болница „Жан Митрев“ на држвна сметка

Министерство за здравство: Спојување на експертизите во државно и приватно здравство - унaпредување на квалитетот на здравствена заштита за дечињата со најтешки срцеви болестиМинистерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, денеска одржаа прес конференција на која беше презентиран нов начин на функционирање на детската кардиохирургија.- Донесовме одлука договорот на болницата „Жан Митрев“, којшто со години е за извршување кардиохируршки интервенции на возрасни но и на деца, од следната година да се прошири и да ги додадеме и дечињата, коишто со најтешките срцеви болести, досега се лекуваа на Клиниката за детска хирургија, истакна министерот Филипче.Целта е да се спојат експертизите во државното и приватното здравство, односно да се симне јасната бариера меѓу државните и приватните болници и да овозможиме нашите доктори да може да работат во приватните установи.Досега овој проект се спроведуваше со странски едукатори, кои најпрво беа од САД, а потоа и од Србија, кои работеа со наши експерти од областа на детската хирургија и ги обучија да работат интервенции во областа на детската кардиохирургија. На тој начин, децата почнаа да остануваат во нашата земја, се надградуваше експертизата на нашите лекари, меѓутоа стануваа недоволни инфраструктурните можности за натамошен развој на оваа струка.Тој посочи дека со новиот модел дополнително ќе бидат стимулирани и докторите, и медицинските сестри и дека ќе ги споиме експертизите од државното и од приватното здравство. Трошокот на Фондот ќе остане ист, а Министерството за здравство ќе заштеди огромна сума пари, која сега оди кај странските едукатори. По ова, таа странска експертиза нема да биде потребна и очекуваме овој центар да стане регионален центар, заради тоа што со такво ниво на експертиза на сега приватните и јавни доктори, кои сега ќе бидат на едно место, со такви услови на болница, којашто е акредитирана по највисоките американски стандарди немаме конкуренција во целиот регион - во околните земји и земјите членки на ЕУ – таму каде што ние се стремиме.- Ова е еден модел, којшто искрено очекуваме ќе го преземат и околните земји. Има огромен одлив на кадри во странство, со тоа се соочуваат и Бугарија, Србија, Албанија, Грција до пред некое време, и Косово. Ова се моделите на коишто даваме можност за надградување на знаењето, за развој, нешто што сериозно сметаме дека нашите доктори ќе ги задржи во нашата земја, а на граѓаните ќе им овозможи здравствени услуги, како што и самите во огромен број случаи, бараат навистина добра инфраструктура, која ние до изградбата на новиот клинички центар, во овој момент, за жал, не можеме да ја обезбедиме, потенцираше министерот Филипче.Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, истакна дека Фондот во просек обезбедува околу милион евра на годишно ниво за здравствени услуги за детската кардиохирургија на домашната клиника, а во просек се испраќаат годишно околу 20 дечиња во странство за кардиоваскуларни интервенции. Во зависност од состојбата, во просек една здравствена интервенција чини просечно 15 до 20 илјади евра, и тоа се дополнително 300 до 400 илјади евра кои Фондот ги обезбедува за лекување на најмалите пациенти во последните неколку години.-Веруваме дека преку овој проект значително ќе можеме да ја намалиме бројката на дечиња, кои се упатуваат за лекување во странство, за овој тип на интервенција. Освен позитивните финансиски импликации, ова ќе претставува и бенефит и ќе придонесе за подобро функционирање на одредена струка во здравството, а ќе влијае позитивно и на домашниот буџет на родителите, на бебињата и децата, бидејќи нема да треба да плаќаат хотели, храна и други трошоци за да бидат во странство заедно со своите деца кои се на лекување, туку ќе бидат дома“, посочи директорот на ФЗОМ.Воедно, директорот на ФЗОМ информираше дека кардиохируршките операции кои ќе се извршуваат во приватната болница ќе продолжат да бидат на товар на Фондот, како и досега.

Скопје | пред 7 години

zaev-hrvtska-2

Заев: „Ја побаравме поддршката од земјите членки за процесите во ЕУ и во НАТО“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по Самитот на шефовите на влади на земјите членки на Централно Европската Иницијатива, даде изјава за медиуми од Македонија и од регионот.Во изјавата премиерот Заев, го оцени Самитот, како добра можност што ја даваат овој вид состаноци за Македонија да го повтори своето очекување за поддршка од земјите пријатели, за членство на нашата држава во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ.„Ја побаравме поддршката од земјите членки за процесите во ЕУ и во НАТО. Македонија се истакнува во позитивно светло во градењето пријателство, добрососедските односи, реформите и очекувањата се дека преку Македонија ќе продолжи проширувањето“ рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, во одговорите на новинарските прашања рече дека при посетата на Загреб не се оствари средба со унгарскиот премиер Орбан кој вчера присуствувал на вечерата што ја организираше хрватскиот премиер Пленковиќ со присутните шефови на делегациите на Самитот, но денеска не остана на Самитот.„Во следна прилика ќе го искажеме очекувањето за одговор на барањето екстрадиција за Никола Груевски, бидејќи тој според меѓународните конвенции и законите мора да ја отслужи својата казна во Република Македонија“ рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, на прашањето дали има некаква порака од Хан, рече дека еврокомесарот Јоханес Хан е задоволен од Македонија и од постапките во Парламентот и внатрешниот дијалог на власта со опозицијата. Еврокомесарот Хан, како што рече премиерот Заев, споделил очекување дека ова ќе го овозможи потребното двотретинско мнозинство во Парламентот за уставните амандмани, во согласност со Договорот од Преспа.Премиерот Заев оцени дека добро се одвиваат реформите во правосудството, безбедносните служби и изрази очекување дека тоа ќе биде мотивација институциите да ги спроведат реформите.На прашања од регионалните медиуми за очекувањето за членство на Македонија во НАТО, премиерот Заев рече дека Македонија свети на Балканот, дека со реформите и со Договорот од Преспа е отворен патот и дека Македонија ќе биде следната 30. земја членка на НАТО. Тој во одговор за односите Белград Приштина децидно одговори дека и Србија и Косово се соседи на Македонија, дека нашата држава е посветена на добрососедските односи, дека не се меша ниту учествувала во какви било состаноци во врска со ова прашање и дека Република Македонија останува посветена на градењето добри односи со сите соседи.Самитот на ЦЕИ помина со огромен медиумски интерес од медиуми од целиот регион.Шефовите на држави на влади на земјите членки на ЦЕИ, по работниот дел, се на заеднички ручек со домаќинот, премиерот Андреј Пленковиќ.

Македонија | пред 7 години

zaev-hrvatska

Заев во Загреб немал средба со Орбан, за Груевски ќе разговарале на следна средба

Премиерот Заев на маргините на самитот на ЦЕИ во Загреб, изјави дека не се сретнал со унгарскиот премиер Виктор Орбан кој исто така присуствуваше на самитот. Тие само куртоазно се поздравиле како и со сите други премиери.Двајцата присуствуваа на вечерата што ја организираше хрватскиот премиер Пленковиќ, заедно со другите шефови на делегациите, но денеска Орбан не остана на Самитот, туку порано го напушти Загреб.„Во следна прилика се надевам дека ќе го искажеме нашето очекување за екстрадиција на Груевски, бидејќи азилот е неоснован“-рече Заев.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања