Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

Кривична пријава против двајца Скопјани поради производство и продажба на марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе две кривични пријави против М.М.(32) и Д.П.(47) од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.При извршен преглед и легитимирање кај пријавените е пронајдена марихуана.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Уапсен генерал во Сараево поради сомневање дека извршил воено злосторство

Припадниците на Агенцијата за истрага и заштита (SIPA) утрово во Сараево го уапсија генерал Рамиз Дрековиќ, поранешен командант во Армијата на Босна и Херцеговина.Дрековиќ е уапсен во својот стан, по наредба на обвинителството поради сомневање дека извршил воено злосторство.Од SIPA досега само потврдуваат дека едно лице е уапсено.  

Свет | пред 7 години

bazen-bitol

Пресуда против базен поради дискриминација на Роми

Основниот суд во Битола донесе втора пресуда против базенот „Довлеџик“ во Битола поради директна дискриминација и повреда на правото на еднаквост на неколку Роми со тоа што не им дозволил влез на базенот на 12 август лани поради нивната етничка припадност, соопштија од Европскиот центар за правата на Ромите. Судот му наредил на правното лице кое управувало со базенот да ја прекине практиката за одбивање влез на базенот за Роми и исплата на оштета во висина од 10.000 денари за секој тужител поединечно.„Оваа е веќе втора пресуда на македонските судови во кои како доказ се прифаќа тестирање на ситуација која е организирана од страна на Европскиот центар за правата на Ромите. Во оваа постапка тимот на ЕЦПР на 12.08.2017 година во соработка со локалната НВО Баирска Светлина од Битола, организираше тестирање за дискриминација во Битола во кое беа вклучени шестмина Роми и пет не-Роми, а подоцна резултатите од ова тестирање беа поднесени до судот како доказ. Притоа, на сите лица кои не се Роми им било дозволено да влезат на базенот, додека на сите Роми им бил забранет влез“, велат од ЕЦПР.Од таму порачуваат дека овие две пресуди на Основниот суд во Битола праќаат порака дека Ромите не смеат повеќе да бидат дискриминирани и истите ќе имаат позитивен ефект за Ромите во Битола.„Пред сè ова е голема победа на Ромите од Битола, кое секое лето се соочуваа со расна дискриминација на локалните базени, а истото тешко можеа да го докажат. Токму тестингот ни помогна да собереме доволно докази за ваквата систематска пракса и соодветно да го претставиме проблемот пред Судот. Несомнено, пресудата од ваков вид претставува прецедент во македонското судство, а верувам и во регионот. Значајно е тоа што Судот најде директна дискриминација на група граѓани во однос неколку заштитени основи истовремено : етничка припадност, боја на кожа и пол. Искрено, се надевам дека ваквата пресуда ќе служи како лекција за потребата од толеранција и соживот меѓу различните заедници во државата”, вели Сенада Сали, правник во ЕЦПР.

Македонија | пред 7 години

47686509_2193426710681394_7215010711808770048_n

Министерот за култура Адеми присуствуваше на изложба на актефакти и на концерт во Истанбул

Во рамките на посетата на Република Турција, министерот Асаф Адеми синоќа присуствуваше на отворањето на изложбата на артефакти од Музејот на Град Скопје, која е организирана во соработка со Културно-информативниот центар на Република Македонија во Истанбул.Изложбата, која е поставена во Културниот центар „Али Емири Ефенди" во Истанбул, е насловена „Скопски материјални и духовни проблесоци“ и содржи фотографски прикази на артефакти од средновековниот и турскиот период што потекнуваат од поширокиот простор на Скопската тврдина и чаршија.Примарен мотив на изложбата е негата на културните врски и корелации меѓу граѓаните на Македонија и Турција, наедно и одбележување на 15-годишнината од збратимувањето на Скопје и Истанбул, како и интензивирање и продлабочување на соработката од областа на културата.Во рамките на настанот, концерт одржа музичкото дуо „Скупи“, кој беше проследен со особен интерес од страна на присутните гости.Владите на двете земји во изминатиот период потпишаа Договор за основање и активности на културните центри. Во согласност со Договорот, Република Македонија добива простор во зградата „Сејран“ која има статус на културно наследство и се наоѓа на плоштадот Таксим. Република Турција го добива на привремено користење културното добро „Куршумли ан“, кое ќе биде и комплетно реставрирано. Отворањето на културно-информативните центри е една од низата активности чија цел е продлабочување на културните врски меѓу двете држави.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Промоција на нова книга на Венко Андоновски

Новата книга на истакнатиот македонски писател Венко Андоновски, насловена „Припотомување на кучката“, ќе биде промовирана на 6 декември (четврток), во Клуб-ресторан МКЦ, со почеток во 19 часот.По извонредниот успех на неговите романи „Папокот на светот“ (15 изданија) и „Вештица“ (9 изданија), како и по успехот на неговите драми, особено „Олово на перница“, „Генетика на кучињата“, „За секого има по една“ и „Господарот на кукавицата“, Венко Андоновски се јавува по подолго време со жанрот по кој стана познат во нашата книжевност – краткиот расказ.Во циклусите раскази „Фрески“ и „Иконки“ Андоновски ни ги покажува познатите, благородни форми на лудилото: лудилото на љубовта и лудилото на генијалноста. Тоа се форми на класичното лудило на недостигот, кои покажуваат дека недостигот, кој обично се замислува како „празнотија во душата“, всушност е најбогатото чувство на човекот: недостигот е максимална исполнетост на битието со копнеж. Хамлет копнееше по вистината и одмаздата, Дон Кихот по еден нов херојски свет. Но во циклусот „Карикатури и гротески“, ликовите полудуваат во мигот кога го губат недостигот, што значи го губат и копнежот, кој го заменуваат со потреба од копнеж. Тоа е лудило на празното полно, наместо класичното лудило, она на полното (со копнеж) празно.„Припотомување на кучката“ е уште едно врвно дело кое го потврдува прозното мајсторство на Венко Андоновски, еден од најдобрите македонски раскажувачи.

Магазин | пред 7 години

zagaduvanje-2

СДСМ: Сите институции работат на решавање на проблемот што 11 години беше игнориран

„Проблемот со аерозагадувањето 11 години беше игнориран од ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто ја интересираа само криминали и лични богатења.Зголемувањето на загадувањето на воздухот во тие 11 години а се рефлектира и денеска, е резултат токму на такво криминално однесување на ВМРО-ДПМНЕ којашто не водеше никаква грижа за здравјето на граѓаните и уништуваше се што е зелено, паркови, дрвја.За разлика од таквиот игнорантски однос кон здравјето на граѓаните, денес, како никогаш претходно се презема здружена и коорднирана акција против загадувањето.Со силен порив се обновува запуштеното и се подигнува ново зеленило. Само во Скопје во последните шест месеци подигнати се нови и обновени се зелени површини од над 50.000 квадратни метри, а започната е и сериозна акција за пошумување на 50.000 висококвалитетни садници околу РЕК Битола.Во сите општини во државата постојано се расчистуваат диви депонии, се чистат коритата на реките и каналите од кал, ѓубре и цврст отпад. Само на Тероторија на Град Скопје годинава се расчистени над 350 диви депонии.Започната е акција за замена на нееколошките енергенси за затоплување на училиштата, се поставуваат и енергетски ефикасни фасади на неколку средни училишта.Се набавуваат нови еколошки автобуси, инвестиција вредна 12 милиони евра.Се субвенционираат трошиците за набавка на печки на пелети што треба да ги заменат старите нее колошки начини на греење. Владата значително ги зголеми средствата за поддршка на оваа мерка, од 14 на 21 милион денари.Заслиен е инспекцискиот надзор, се лоцирааат и санкционираат загадувачите на животна средина.Уште серија на други мерки се преземаат во една здружена активност на повеќе институции во борбата против загадениот воздух.Свесни сме дека претстои уште многу работа, дека проблемот нема преку ноќ да се реши, но сериозно и посветено се работи за намалување на загаденоста на воздухот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

DtlLvY7X4AQbJUw

ФАО: Симулациска вежба за лигавка и шап - ЕуФМД при ФАО заедно со АХВ

Во периодот од 3 до 6 Декември во Струмица, Европска комисија за контрола на болеста лигавка и шап (ЕуФМД) при Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации (ФАО) заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство одржуваат Симулациска вежба за лигавка и шап, чија цел е јакнење на капацитетите на земјата за спроведувањето на брз и ефикасен одговор за превенирање, сузбивање и искоренување на болеста.Како што информира на отворањето на вежбата, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, болеста одамна не е присутна кај нас, но и покарј тоа континуирано се преземаат мерки за тесирање на системот на подготвеност во справувањето со оваа болест која е високоинфективна, брзо се шири и предизвикува огромни штети во сточарството.Атанасов истакна дека за спроведувањето на Симулациската вежба на Агенцијата и Еу ФМД при ФАО информирана е и Светската организација за здравствена заштита на животните и Европската комисија. “Последниот евидентиран случај на оваа болест во Република Македонија е во 1995 година. Бидејќи е високопатогена, оваа болест има приоритет во светски рамки. Вброена е на листата на топ десет болести за кои треба да се прават планови за итни мерки”, истакна тој.Европската Комисија за борба против лигавка и шап при ФАО и помага на Агенцијата да земе учество во т.н. Патека на подготвеност, во која и Република Македонија е една од пилот земјите каде се спроведуваат вакви симулациони вежби. Според директорот Атанасов, целта на вежбата е проверка на планот на земјата за итни мерки за справување со оваа болест со цел да се утрди дали има и кои се недостатоците, и да направи корекција на истите, со цел обезбедување на висок степен на заштита од ширење на болеста при евентуална нејзина појава.Во регионот болеста е присутна во Турција. Атанансов објасни дека врз основа на склучен трипартитен договор, се прават скрининг методи во рамки на посебно дизајнирана програма која се спроведува во регионот на Туција, Грција и Бугарија и има за цел рано откривање на болеста и спречување на нејзино ширење во регионот.Изминативе неколку месеци ЕуФМД при ФАО и Агенцијата за храна и ветеринарство активно работеа на подготовка на оваа симулациска вежба која има за цел тестирање на воспоставените процедури и плановите за итни мерки за справување со оваа болест. Покрај теоретскиот дел од вежбата, се спрооведува и практичен дел од обуката директно на фарма. “Во текот на вежбата, непосредо вклучените лица во спроведувањето на плановите за итни мерки за справување со Лигавка и шап, ќе имаат можност да го подобрат своето теоретско и практично знаење во борбата со оваа болест”, изјави Даниел Донакеј, одговорен за здравствена заштита на животните во Европска комисија за контрола на болеста лигавка и шап при ФАО.Учесници на вежбата се околу 40 претставници од Секторот за инспекциски надзор, официјални ветеринари, претставници од секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните, претставници од национална лабораторија при ФВМ, претставници од македонската ветеринарна комора и ветеринарните друштва.Европската Комисија за борба против лигавка и шап е една од најстарите комисии на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), која обезбедува обемна програма за поддршка и обука за своите земји-членки и за пошироките региони преку нејзиниот аранжман со децентрализирани канцеларии на ФАО.

Македонија | пред 7 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Министерката Дескоска учествува на Регионален стратешки дијалог за борба против недозволената трговијa

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска е во дводневна посета на Меѓународниот институт за правда и човекови права од Сиракуза каде ќе учествува на Регионалниот стратешки дијалог на високо ниво за недозволена трговија во Југоисточна Европа.Дијалогот ќе ги опфати и вклучи министрите и другите високи национални функционери од целиот регион, како и клучните регионални и меѓународни партнери посветени на борбата против недозволената трговија.Целта на настанот е да се вклучат клучните национални, регионални и меѓународни лидери и креатори на политики во стратешки дијалог за заедничките предизвици и стратешки можности во борбата против недозволената трговија на Југоисточна Европа.

Македонија | пред 7 години

Zagreb1

Македонија ќе биде домаќин на вториот „Светски конгрес на претприемачи”

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска вчера во име на Владата на Република Македонија со Меѓународниот економски форум „Перспективи” од Дубровник во Загреб, Република Хрватска, потпиша „Протокол за партнерство и соработка”, со кој се прифаќа иницијативата Република Македонија да биде земја домаќин на вториот „Светски конгрес на претприемачи” во 2019 година. Со прифаќањето на оваа инцијатива, се очекува надоградба на деловниот имиџ на Македонија, како земја која е посветена на економскиот развој и унапредувањето на претприемачките слободи.На свеченоста на потпишувањето министерката Апостолска истакна дека регионалните иницијативи на бизнисот, кои се фокусирани на развивањето и промоцијата на претприемачката култура, секогаш внесуваат позитивен импут во економскиот амбиент на државата.„Со изразената волја на Владата на Република Македонија да го поддржи одржувањето на следниот Светски конгрес на претприемачи непосредно се вклучуваме во воспставувањето на партнерски односи и соработка помеѓу бизнис заедниците од регионот на централна и источна Европа, затоа што сме уверени дека развивањето и унапредувањето на економската соработка е важна за развојот на секоја земја“, рече Апостолска.Претседателот на управниот одбор на Меѓународниот економски форум „Перспективи“, Винко Ќуро изрази благодарност до Владата на Република Македонија за прифатената инцијатива и притоа истакна дека на овој начин ќе се овозможи и одличен регионален канал за промовирање на стопанството и претпремиништвото, како и на можностите за инвестирање во Македонија.„Преку идентификување и промовирање на успешните претприемачи, добри претприемачки пракси и креативни проекти, квалитетни и иновативни производи и услуги, нови технологии, нови маркетинг трендови и ИК-технологии, овој конгрес за македоноските стопаственици и претприемачи наредната година ќе понуди одлична можност за унапредување на пазарната комуникација“, рече Ќуро.Овој Конгресот е резултат на работата на „Регионалниот самит на претприемачи на средна и југоисточна Европа – 300 најдобри“, кој традиционално се одржува во Дубровник, Република Хрватска, и произлегува од иницијатива на делегати-претприемачи од Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Норвешка, Германија, Србија, Словенија и Швајцарија.На овогодишниот прв „Светски конгрес на претрпемачи“, кој се одржува од 4 до 7 декември во Загреб, партиципираат над 600 учесници, сопственици на компании, претприемачи, менаџери, политичари, претставници на академската средина од десетина земји од југоисточна и средна Европа.

Македонија | пред 7 години

New-Image

Денови на српска култура во МНТ

Годинешната продолжена манифестација “Денови на српската култура во Р.Македонија“ во организација Српскиот културно информативен центар СПОНА,   ќе биде крунисана со  претставата “Реалисти“ .Текстот е на белградската авторка Јелена Кајго, режија Срѓан Јаниќијевиќ. Дел од проектот се и екипа на млади актери од Македонија (Ивица Димитријевиќ, Нина Деан Гачиќ, Владимир Петровиќ, Ивана Павлаковиќ, Стефан Вујисиќ), кои заедно со Јаниќијевиќ со голема смелост и енергија влегоа во реализација на од неколку аспекти големиот предизвик и пионерски проект.Станува збор за драма која третира повеќе современи теми. Оттуѓеноста на луѓето, нивната трка по финансии и престиж  во машината на капитализмот каде парите се над и пред се. Вртоглаво секојдневие во натпреврот за “Успех во животот“  по цена на нарушено здравје, отсуство на емоции и љубов, нечовечност....Самата подготовка на овој проект предизвика голем интерес поради што претставата “Реалисти“ ќе има две премиерни изведби на 6 и 7 декември во МНТ (20:00).Во низата активности за 2018 годиниа освен претставата "Реалисти", предвидена е и ликовна и фото изложба на делата на сликарите: Мирослав Масин, Микица Трујкановиќ, Љубица Мијалковиќ, Лидија Вујисиќ, Мирко Вујисиќ, Јовица Мијалковиќ, потоа, фотографиите на Боре Рудиќ, Јасна Суша и Лука Суша. Како и карикатурите на покојниот Дар Мар - Дарко Марковиќ, со што се заокружува овогодинешната продолжена манифестација на Културниот Центар Спона - “Денови на српската култура во Р.Македонија“.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ денеска на нов протест пред Владата

Денес попладне ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе организира нов протест против владините политики.Како и минатата недела протестниот марш ќе започне од плоштад ВМРО, а ќе заврши пред Владата на Република Македонија.На минатиот протест лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја  повика владата  да си даде оставка и побара предвремени избори и ги повика и граѓаните да им се придружат во нивната револуција.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Силен земјотрес во Нова Каледонија, постои опасност од цунами

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени е регистриран во близина на Нова Калдонија, по што е издадено предупредување за можна појава на цунами.Земјотресот е регистриран во морето на длабочина од 10 километри, со епицентар на 160 километри источно од градот Тадин.Пацифичкиот центар за предупредување за цунами соопшти дека е можна појава на големи бранови со височина од еден до три метри во реоните на Нова Каледонија и Вануату и до еден метар во областа на Фиџи.Засега нема инфроамции за жртви или предизвикани материјални штети од земјотресот, што се случил во 5.18 часот по средноевропско време.Четири минути пред овој земјотрес, во истиот регион е регистриран потрес со јачина од 6 степени.  

Свет | пред 7 години

kuce-bus

Ден на жалост во Косово поради смртта на поранешниот американски претседател Буш

Република Косово денеска со ден на жалост му изразува почит на поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш Постариот, кој почина на 30 ноември на 94-годишна возраст, јави дописникот на МИА од Приштина.Косовскиот претседател Хашим Тачи, по смртта на Буш Постариот, во знак на државна и граѓанска почит за неговиот придонес за слободата на Косово, денешниот ден го прогласи за ден на државна жалост.Државното знаме на Република Косово денеска ќе биде истакнато на пола копје во сите државни објекти, во и надвор од земјата.Денешниот ден е прогласен за ден на жалост и во САД, чиј 43-ти претседател, од 1989 до 1993 година, беше Буш постариот.МИА 

Свет | пред 7 години

paridenari1

Измамен старец, остана без пензија

З.С.(72) од скопското село Ракотинци вчера пијавил дека на 01.12.2018 година во периодот од 12.00 до 13.00 часот бил измамен од две непознати лица за сума од 11.400 денари.Според пријавата, лицата му се доближиле на улица „Христо Татарчев“. Едното лице се претставило дека е од Македонија, а другото од Норвешка. Лицето што се претставило дека е од Македонија му кажало дека имале сообраќајна незгода и дека треба да му даде пари на странецот. Му побарало пари за да му покаже на странецот затоа што тој не ги разликувал македонските пари, а како гаранција му оставил часовник со жолта боја кој наводно чинел 70.000 денари, информираат од МВР.Пријавителот му ги дал парите, а лицата си заминале и му рекле да ги причека. Откако поминал еден час пријавителот сфатил дека бил измамен.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Скопје | пред 7 години

Advokat-Jordan-Apostolski

Адвокатот на Атанасовски: ОЈО греши што им верува на луѓе соочени со доживотен затвор

Адвокатот на Владимир Атанасовски кој беше приведен синоќа и однесен на распит, а ОЈО за него побара притвор, во изјава за 1ТВ рече дека одбраната ја потенцирала праксата на Европскиот суд за човекови права.-Знаеме дека сите предмети до сега пратени во ЕСЧП од Македонија се изгубени, дека обвинителството треба да понуди конкретни докази и факти врз основа на кои околности ја докажуваат намерата за бегство или да се повтори делото. Се разбира, делото кое му се става на товар е дека како директор на УБК организирал група која го сторила кривичното дело. Сепак, господинот Влатко Атанасовски веќе година и пол не е директор на ДБК и доколку презел некои дејствија во овие година и пол, тој би ги презел, би се вдал во бегство и би влијаел на сведоци. Се разбира, тој тоа не го направил, така што беспредметно е барањето за притвор, рече адвокатот Јордан Апостолски.Тој рече дека одбраната уште ја нема добиено наредбата за истрага и нема увид за што станува збор, освен претпоставките дека се работи за вчерашниот исказ во судот на двајца од обвинетите за упадот во Собранието на 24 април, па смета дека ОЈО прави голема грешка верувајќи им на луѓе кои се соочуваат со доживотен затвор и би кажале сѐ за да го избегнат.

Македонија | пред 7 години

AI5k9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTUdVN01EQV8vNmZkYTY1MTA2NmM5MDgzMmVhNjI5N2UyNmU0NmE1NjYuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ВИДЕО) Во Кина падна снег со жолта боја

Во голем број на градови во северозападна Кина падна снег со жолта боја. Најмногу снег паднал во регионот Синџијанг, чии што жители на социјалните мрежи споделија слики и снимки од овој феномен.https://twitter.com/globaltimesnews/status/1069478840882343936?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1069478840882343936&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fslobodno-vreme%2Fvesti%2Fu-kini-pao-zuti-sneg-foto-video%2F14sy75vНајпрво паднал бел снег, а потоа врз тој слој паднал и сенг со жолта боја, па некои велеа дека  улиците изгледаат како да се прекриени со тирамису.https://cf.cdn.vid.ly/8w6x0m/mp4.mp4Според директорот на метеоролошкиот институр во Синџијанг, Хе Чинг, дошло до мешање на снег и песочна бура.„Од минатиот перок, многу места во Синџијанг се под влијание на силни ветрови. Во областа Карамај е забележана песочна бура. Силните ветрови донесоа песок, а поради ниските температури песокот падна заедно со снегот“, изјави тој.

Свет | пред 7 години

direktor-ubk-777x437

Притвор од 30 дена за екс директор на УБК

Вчера пo наредба од судија на претходна постапка за организиран криминал беше уапсен Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК, на кого му е одреден триесетдневен притвор.Тој беше изнесен пред суд на распит, поради сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски кои го посочија како главен организатор за насилниот упад во Собранието на 27 април и како нарачател на насилства врз припадници на тогашната опозиција.– Постои основано сомнение  дека лицето сторило кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1  од Кривичниот законик. Надлежен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка притвор, соопшти ЈОРМ.Владимир Атанасовски беше назначен за директор на УБК во септември 2016 година по оставката на Сашо Мијалков. На директорското место во тајната полиција остана до јуни 2017 година, по што беше ангажиран како советник за безбедност на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Облачно и студено време со засилен северен ветер, од следната недела снег

УХМР информираат дека денес во раните утрински часови ќе има слаби локални врнежи, а во текот на денот ќе биде променливо облачно и студено со засилен северен ветер.Утринските температури ќе се движат во интервал од 2 до 6 степени, а дневната температура ќе се искачи до 13 степени. Во Скопје слично време со максимална температура од 10 степени.Во наредните два дена времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Под влијание на нов влажен бран од сабота попладне ќе има повремени врнежи од дожд, кои поради спуштање на студен воздух од север во недела и понеделник на повисоките места и на планините ќе бидат од снег.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Со намален притисок корисниците од Автокоманда и Маџари

Денес поради уличен дефект од ф 150мм на Бул. Александар Македонски - карши бензинската на Макпетрол, со намален притисок ќе бидаат корисниците од населбите Автокоманда и Маџари од 08:00 часот до завршување на дефектот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Без струја денес дел од Центар, Аеродром и Ѓорче Петров

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека во текот на денот поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа без електрична енергија ќе останат дел од општините во Скопје.Во периодот од 12:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата Будимпештанска во општина Карпош. Во периодот од 9:00 до 11:00 часот, пак, без струја ќе останат и корисниците на дел од улица Макајовски, односно број 36 и број 39, и улица Црвена Вода број 36 во општина Центар.Во периодот од 9:00 до 13:00 часот електирчна енергија ќе немаат корисниците на дел од улицата Ѓуро Салај, дел од улицата Алекса Демниевски подулица 19 и дел од улица Даутица во општина Ѓорче Петров.Прекин во електричната енергија во периодот од 8:30 до 12:30 часот ќе имаат и корисниците од улица Илија Димовски-Гоче, улица Кресна (АВРОРА), односно непарните броеви од 9-а до 19-а во општина Аеродром.

Скопје | пред 7 години

gruevski

Пред да замине од Македонија, Груевски им пишал на Хан, Могерини, Мијатовиќ и Дол

Пред да побара политички азил и да замине од Македонија екс премиерот им пишал писмо на челниците од Европската Унија. Во писмото, од кое копија беше испратена и до Алфа, Никола Груевски бара меѓународни судии да извршат проверка на масовниот политички прогон во државата. Поранешниот премиер писмото го испратил до еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, еврокомесарката за надворешна политика Федерика Могерини, комесарот за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ и претседателот на европската народна партија Жозеф Дол, пишува Република.Груевски во писмото наведува дека затворската казна му е изречена за целосно бесмислен и фабрикуван предмет – Тенк, бара ЕУ или друга европска институција, да ангажираат неколку врвни докажани судии од некоја од напредните земји членки на ЕУ кои ќе ги проучат предметите, доказите и на обвинителството и на одбраната, а би извршиле разговор и со обвинетите.„Да присуствуваат на неколку рочишта и на крајот да одговорат – Дали во нивните држави тие предмети, со такви докази, тие обвиненија, би поминале или би биле отфрлени од судот и зошто. Тоа мислење се разбира нема да ја смени одлуката на локалниот суд, но ќе одговори на прашањето поврзано со политичкиот прогон во Македонија“ – пишува ГруевскиВо писмото Груевски има и друг предлог, доколку првиот за Хан, Могерини, Мијатовиќ и Дол е неприфатлив, тој бара Унијата да испрати мисија во Македонија.„Која ќе ги утврди фактите, повторно составена од професионални и политички независни судии од кривичната област…Секоја изјава во правец дека не смее никој да се прогласи за виновен доколку не постојат цврсти законски прибавени докази би била од корист за судиите и јавноста во Република Македонија. Секој повик во правец на напуштање на практикување на правото во функција на водење политика би била значајна “- пишува Груевски.Во продолжение во 10 точки тој објаснува дека за време на судските процеси се соочувале со огромен број прекршувања на законите. Аудио материјалите кои СЈО ги користело како доказ се незаконски прибавени, пишува тој. Судот одбил нивно вештачење по барање на одбраната, а од друга страна дозволил за СЈО да вештачат лица без лиценци. Груевски наведува дека Судот делумно изразува лојалност кон актуелната власт, а дел од судиите живеат во голем страв да не бидат казнети ако постапат спротивно на очекувањата на СЈО, посочува Груевски.На писмото стои датум 16 октомври. Апелациониот суд на 5 ти месецот, ја објави одлуката дека е одбиена жалбата на Груевски за затворската казна од 2 години за случајот со владиниот мерцедес.

Македонија | пред 7 години

direktor-ubk-777x437

Уапсен поранешниот директор на УБК

Вечерва пo наредба од судија на претходна постапка за организиран криминал е уапсен Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК.Тој вечерва ќе биде изнесен пред суд на распит, по што истражен судија ќе одлучи дали ќе му биде определена мерка притвор.Вчера браќата Стефан и Михаил Младеновски за време на сведочењето го посочија како главен организатор за насилниот упад во Собранието на 27 април.

Македонија | пред 7 години

662287

Северина поради болест го откажа концертот, па откри како се лекува

Познатата хрватска пејачка Северина Којиќ го откажа закажаниот концерт, а на социјалните мрежи ја откри причината.-Мака ми е и имам вирус, па затоа немав вчера концерт, но овој морски еж ми го поправи расположението, напиша под фотографијата пејачката.https://www.instagram.com/p/Bq4toqthbHr/?utm_source=ig_embedСеверина моментално време работи на својот нов албум, а ја припрема и турнејата, па очигледно и ослабел имунитетот.Фановите и посакаа брзо оздравување, а фотографијата има повеќе од 40 илјади лајкови.

Магазин | пред 7 години

merkel

Меркел е најмоќна жена во светот според „Форбс“

Американскиот бизнис-магазин „Форбс“ објави листа на 100 најмоќни жени во светот за 2018 година, на која германската канцеларка Ангела Меркел се наоѓа на прво место веќе осма година по ред.Во објаснувањето се наведува дека, иако иднината на Меркел е неизвесна, со оглед на тоа дека нема да се кандидира за изборите во 2021 година, влијанието што го има како водач на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) од 2000 година и како канцеларка од 2005 година е неоспорно.Второто место го зазеде британската премиерка Тереза Меј, а пак на трето место е се најде Кристин Лагард, директорката на Меѓународниот монетарен фонд, која во 2017  година беше на осмото место на листата на „Форбс“.

Магазин | пред 7 години

47375764_263963777633153_8490250101866889216_n

47 отсто од студентите немаат познавања за ХИВ

Одборот за Репродуктивно здравје и СИДА при Македонската медицинска студентска асоцијација уште еднаш успешно го реализираше проектот за одбележување на Денот за борба против ХИВ/ СИДА.Годинава покрај Медицинскиот факултет при УКИМ, беа опфатени и комплексот на факултети при УКИМ, како и техничките факултети ФИНКИ и ФЕИТ. Покрај делењето презервативи и флаери со едукативна основа беше спроведена и анкета која се состоеше од неколку основни прашања во врска со сексуалното здравје и сексуално преносливите болести, како и заштитата од нив, меѓу студенти на возраст од 18-22 години.Добиените резултати од анкетата покажаа дека 47% од општата популација на таа возраст нема општо познавање за ХИВ како сексуално пренослива болест, начините на пренесување на истата и нејзина превенција. Исто така, пристапот кај многу од испитаниците беше приврзан со аверзија кон оваа табу тема, бидејќи е многу полесно да се зборува за настинка како заболување отколку за ХИВ/ СИДА. Неедуцираноста и незнаењето што земаат сѐ помасовен замав се главната причина за зголемување на процентот на морбидитет од овој имуно-дефициентен вирус.Според Институтот за јавно здравје бројката на заболени од ХИВ во Македонија годинава се искачила на дури 41, а најмладиот има 21 година.На прашањето „што е ХИВ?", на анкетата добивме одговор од типот „па не знам, можеби леукемија?!".„Доказот за дефицитот на основните познавања во однос на сопственото здравје е неспорен и тоа е главна причина за да се преземе иницијатива за промена на нештата. Вниманието треба целосно да го насочиме кон подигнување на свеста на луѓето и проширување на нивниот едукативен хоризонт со цел истите да го подобрат своето сексуално и репродуктивно здравје, а воедно и да земат активно учество во ерадикација на оваа неизлечива болест. Знаењето е оружје, искористете го правилно“, изјави Теа Михајлова, национален офицер за Репродуктивно здравје и СИДА.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања