Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

pistol-vperen

Седумдесетгодишен гостиварец посегнал по пиштол при расправија во кафетерија

Полицијата од Гостивар поднесе кривична пријава против 70-годишен жител на гостиварското село Форино, кој посегнал по пиштол при расправија во кафетерија во Гостивар.Како што информираат од МВР, на 03. октомври годинава во кафетерија на гостиварската улица „Браќа Ѓиноски“ по претходна вербална расправија, пријавениот упатил закани кон три лица сите од село Добридол, при што извадил и пиштол, кој го носел со себе.При преглед над пријавениот, полицајци пронашле и одзеле пиштол „глок” и рамка со 13 куршуми со калибар од 9 милиметри.Против 70-годишникот е поднесена пријава за сторен деликт „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Македонија | пред 7 години

DSC_0700-2

Османи: Еврејската жртва – безвременски чувар на хуманоста, слободата и солидарноста

Денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања, а во организација на Македонски пошти, се одржа Промоција на поштенската марка „75 години од депортацијата на евреите во Македонија“, на која поздравни обраќања пред присутните имаа Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, Амбасадорот на државата Израел во Македонија, Дан Ориан, Директорот на АД. “Македонска Пошта”, Ејуп Рустеми и Директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, Скендер Асани.„Ми претставува вистинска чест што, како предводник на Секретаријатот за европски прашања денес сум домаќин на оваа манифестација со која се одбележува 75 години од холокаустот на евреите, но и посебно задоволство, лично за мене, како човек кој се залага со промоција на современите европски вредности на слобода, еднаквост и соживот, што ја имам оваа можност да бидам дел од ова одбележување - истакна Османи. Во овој контекст тој додаде дека депортацијата на евреите од Македонија за време на втората светската војна, претставува веројатно еден од најцрните и сигурно еден од најтажните периоди во историјата.Во продолжение Османи се осврна на предизвиците низ кои поминува Република Македонија во овој период стремјќи се да ја зацементира својата евроатлантска ориентација, при што додаде дека одбележувањето на денешниот ден претставува континуитет на нашата суштинска определба, да бидеме дел од создавањето, од негувањето и промоцијата на вредностите на кои почива западната цивилизација.„Како политичари, како Влада, но и како земја, како граѓани остануваме целосно посветени на изградбата и зацврстувањето на интегративните предизвици со кои се соочуваме, најпрвин внатре, преку негување, на принципите на соживот, на еднаквост, на правичност, но и надворешно, вложувајќи огромни напори во историското помирување на народите и затворањето на меѓусебните прашања, како основен предуслов за европската интеграција на целиот Балкан”- додаде Османи при што во овој контест нагласи дека токму успехот од овие процеси, успехот во промоцијата на европските вредности, всушност претставува зачувување на смислата на еврејската жртва, како безвременски чувар на хуманоста, солидарноста и слободата.

Македонија | пред 7 години

Driton-Gzda-oktet

„Souvenir de Florence“ – концерт на Гудачки октет со врвни музичари

„Souvenir de Florence“ е насловот на камерниот концерт кој ќе се одржи оваа сабота (8 декември) во Камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот. Станува збор за концерт на Гудачки октет составен специјално за настапот во Скопје, од музички уметници од Европа и од Македонија, со импресивна кариера зад себе: Лиса Јакобс (Холандија), Хед Јарон Мејерсон (Холандија), Владимир Костов и Мартин Димитров – виолини; Дритон Гаџа и Нора Романоф Шварцберг (САД, Австрија) – виоли; Иван Туркаљ (Германија) и Франческо Мариози (Италија) – виолончела. На програмата ќе бидат изведени делата: „Souvenir de Florence“ оп. 70 од Петар Илич Чајковски и Гудачки октет оп. 20 во Es-dur од Фелиск Менделсон.Гудачкиот октет е формиран специјално за концертот „Souvenir de Florence“ од страна на истакнатиот македонски виолист Дритон Гаџа, кој годиниве наназад живее и кариерата ја гради во Германија и во Австрија. Станува збор за осуммина музичари од Македонија и од Европа, со зад себе завидна кариера, со настапи во престижни концертни сали, со видни оркестри и диригенти, добитници на бројни меѓународни награди, виртуози на своите инструменти. 

Магазин | пред 7 години

47486682_2094311180615083_4348061750432628736_n

НВО Саем „Заедно до подобро општество“

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска го отвори НВО саемот, кој годинава се одржува под мотото „Заедно до подобро општество“, во контекст на одбележувањето на 5-ти декември, Mеѓународниот ден на волонтерството, во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје .НВО саемот кој е во организација на Волонтерскиот центар Скопје, а под покровителство на Град Скопје, се оддржува по четврти пат со цел меѓусебно вмрежување на Граѓанските здруженија и фондации, што резултира со успешни партнерски проекти.- Соработката и меѓусебното приближување, поттикнати од позитивната енергија на вмрежената комуникација е најголемата придобивка и на градот Скопје и на општеството, и тоа ние треба да го поддржиме како локален, но и како општествен императив - нагласи Љубица Јанчева.Таа додаде дека ваквата констатација ја уважува и Град Скопје, кој повеќе од десетина години ја практикува соработката со Граѓанските здруженија и фондации и ја поддржува нивната работа.- Потврда за ова е и овогодинешната поддршка на Град Скопје при реализацијата на НВО саемот, кој е од суштествено значење за локалното вмрежување на Граѓанските здруженија и фондации, чија природа на дејствување се сообразуваа со она што значи „Заедно кон подобро општество“, кое може да се восприеми како определба, мисија и визија на годинешниов НВО саем - резимираше Јанчева.

Скопје | пред 7 години

oliver-spasovski-670x367

Спасовски поднел оставка кај Заев поради бегствто на Груевски

Премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле открива дека министерот Оливер Спасовски разговарал со него за оставка како чин на морална одговорност по бегството на осудениот поранешен премиер Никола Груевски во Унгарија.– Оливер Спасовски разговараше за тоа со мене. Бидејќи тој го направи тој чекор, разговараше со мене. Како колега во Владата и мој долгогодишен соработник, секогаш сме разговарале што со моралниот чин во вакви околности. Бидејќи, ако има морална одговорност, треба да има аргументација за тоа, да се објасни, да се лоцира каде е моралниот хазард, проблем, пропуст… Јас не гледам таков пропуст. Но, ако се покаже дека имало одговорност – јас ќе барам таа да биде конкретно понесена – вели Заев.

Македонија | пред 7 години

opek

Ќе замине ли и Ирак од ОПЕК?

Ако некоја земја реши да ги следи стапките на Катар и да ја прекине соработката со Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), тоа ќе биде Ирак, вели Мајкл Коен, шеф за истражување на енергетските пазари во банката „Баркли“.„Мислам дека во однос на сите земји од ОПЕК во последните шест-осум месеци се истакнува Ирак“, изјави Коен за Си-ен-би-си додавајќи дека Ирак често не е во согласност со целите, па ако ограничувањата беа премногу строги, Ирак може да почувствува дека во најдобар интерес му е да не биде член на Организацијата.Ирак е вториот по големина производител на нафта во ОПЕК по Саудиска Арабија. Повеќе од 90 отсто од приходите на земјата доаѓаат од нафтата, вели Меѓународната агенција за енергија.Ирак во октомври испумпуваше рекордни 4,76 милиони барели дневно, вели поранешниот ирачки министер за нафта. Неговото зголемено производство како и повеќегодишните прекумерни изпумпувања од Либија придонесоа оваа есен за кулуминација во глобалното производство во 2018 година. Цитирајќи ги посетите на саудискиот министер за енергија Калид ал-Фалих во Багдад во последните два месеци, Коен рече:„Ние не сме во тек со природата на овие разговори, но очигледно постои голема загриженост во однос на она што го вели Ирак.”

Свет | пред 7 години

dimitrov-cerar

Димитров на состанокот на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска учестува на состанокот на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи со земјите контрибутори во мисијата Решителна поддршка во Авганистан, кој се одржува во седиштето на НАТО во Брисел. Димитров е дел од овој состанок на покана на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.На состанокот, министрите разговараа за напредокот и одржувањето на мисијата Решителна поддршка, за натамошната поддршка на финансиската одржливост на авганистанските безбедносни сили до 2024 година, како и за улогата на НАТО Алијансата и нејзините партнери во обезбедување на сигурна и просперитетна иднина на земјата и региoнот.Министерот Димитров, во своето излагање, ја нагласи подготвеноста на Република Македонија за натамошна поддршка на Владата на Авганистан и нејзините безбедносни сили, со цел градење на стабилна и безбедна иднина за Авганистан и регионот.На маргините на состанокот, денес, МНР Димитров оствари билатерални средби со МНР на Турција, Мевљут Чавушоглу, МНР на Литванија, Линас Линкевичиус, МНР на Словенија, Миро Церар, како и со заменикот генерален секретар на НАТО, Роуз Готемолер. На средбите беше разгледан статусот на пристапниот процес на Република Македонија за членство во Алијансата. МНР Димитров ги информираше соговорниците за процесот на имплементација на Договорот од Преспа, а се разговараше и за актуелните состојби во Регионот.Работната посета на Министерот Димитров на Брисел завршува попладнево, со средби во седиштето на Европската комисија, со Федерика Могерини, ВП на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на ЕК, и со Јоханес Хан, комесар за европска соседска политика и проширување.На средбите ќе се разговара за посветеноста на Република Македонија за нејзината европска перспектива и за заложбата за континуитет во спроведуваање на неопходните реформски приоритети со цел постигнување на клучната одредница за Република Македонија, рефлектирана и во усвоената Резолуција на Европскиот парламент - добивање одлука за почеток на пристапни преговори со ЕУ, во јуни 2019 година.

Македонија | пред 7 години

mickovski-sredba-1

Мицковски се сретна со потпретседателот на Европската народна партија Дejвид Мекалистер

Претседтелот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска оствари работна средба со Претседателот на комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент и потпретседател на Европската народна партија Дejвид Мекалистер. На средбата станало збор за актуелната политичка состојба, процесите врзани со стратешките цели на Република Македонија, членството во Европската Унија и НАТО организациите.„Објаснив дека Република Македонија се соочува со деликатна политичка состојба и со еден период на црно владеење каде доминираат неправдите и политичкиот прогон. Воедно посочив дека се случуваат скандали на дневно ниво каде до израз доаѓа неподготвеноста на владата за реформи и менаџирање на политичките процеси. Истакнав дека таквата непосветеност на власта, државата ја турка кон економското и политичко фијаско, слабеејќи го стандардот на граѓаните.Во однос на уставните измени посочив дека ВМРО-ДПМНЕ останува против и ќе ја следи волјата на граѓаните“, вели претседтелот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски.

Скопје | пред 7 години

mldi

Истражување на (ЦИКП): Дури 77 отсто од младите кои живеат во Македонија размислуваат да се иселат

Дури 77 отсто од младите кои живеат во Република Македонија размислуваат да се иселат, пред се во земјите членки на Европската Унија, а причините за тоа ги наоѓаат главно во лошиот квалитет на живот во нашата земја, покажува истражувањето спроведено од Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), кое се заснова на анкета на млади лица на возраст од 15 до 29 години, објави МИА.Директорката на ЦИКП, Марија Ристеска на денешната тркалезна маса на тема „Европска интеграција и младинска мобилност: како од одлив до прилив на кадар?” рече дека посебен интерес им било да испитаат дали европската интеграција има поврзаност со младинската мобилност, со оглед на фактот што Европската Унија обезбедува различни програми на мобилност на млади.-Резултатите од истражувањето покажуваат дека нема директна врска, односно дека Европската интеграција нема да придонесе директно кон иселување на младите, но може да влијае позитивно на зголемување на човечкиот капитал, во смисла да обезбеди образование, вештини и знаење кои што младите би ги добиле во странство, рече Ристеска.По направената анализа на политиките, како што вели таа, политиките за млади воопшто не одговараат на потребите што ги имаат.– Првенствено имаме многу малку механизми со кои одговараме на потребата на младите да бидат вклучени во процесите на креирање политики, мала вклученост на младите во целокупното општествено живеење и нивното признавање како значаен актер во општеството, а има и многу малку расположливи средства за имплементација на политиките за млади, посочи Ристеска.Амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние рече дека секогаш треба да се најде начин како младите да се задржат за да можат да творат во изградба и иднината на земјата, затоа што, како што посочи, тоа е и во насока на реформите што се спроведуваат во земјава. Но исто така, според него, тоа е во интерес и на Европската Унија затоа што, како што вели „нема да интегрираме земја која што ќе биде празна, односно во која што нема да постојат младите сили”.Тимоние додаде дека е многу важно реформите што се во тек успешно да бидат завршени и токму затоа оваа студија е битна бидејќи истата може да придонесе кон приближување на земјата кон Европската Унија.Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски рече дека Министерството за труд и социјална политика имплементира „младинска гаранција” во насока да им најде на младите квалитетни работни места и да им овозможи пракса, доедукација и други позитивни мерки кои што заедно со Владата на РМ ги спроведува конкретно за младите и кои имаат за цел да го подобрат младинскиот стандард.Заменик министерот за образование, Петар Атанасов посочи дека Министерството заедно со образовните институции работат на подигнување на квалитетот на образованието, пред се во неговата практичност и стручност. Додаде дека во овој момент спроведуваат неколку големи проекти во кои овозможуваат на ниво на средно образование младите да бидат што постручни и покомпетентни за да можат сами да се развиваат и да си ги исполнуваат своите професионални карирери.

Македонија | пред 7 години

kevin

Кевин Харт ќе биде домаќин на Оскарите

Американскиот комичар Кевин Харт, познат по филмот „Џуманџи: Добредојдовте во џунглата“, ќе ја води церемонијата за доделување на наградите Оскар за 2019 година, соопшти актерот на Инстаграм.Церемонијата ќе се емитува на Еј-Би-Си на 24 февруари.– Исклучително се радувам да кажам дека конечно дојде и мојот ред да го водам доделувањето на Оскарите. Да се ​​приклучам кон легендарниот список на водители на таа сцена е нешто неверојатно, напиша Харт неколку часа откако списанието „Холивуд репортер“ објави статија во која наведе дека водител на Оскарите е најмалку посакуваната работа во Холивуд. 

Магазин | пред 7 години

kameleon-1

(Фото/Видео) Со голем концерт на 29-ти декември групата Камелеон ќе одбележи 20 години постоење

Кариерата која трае полни две децении сакаме да ја заокружиме со концерт, за жал прв ваков во нашата кариера, и за кој гарантираме добра забава и на кој ќе го дадеме нашиот максимум, порача на денешната прес конференција Драган Василески, вокалист на познатата охридска група Камелеон.Тој го најави и големиот концерт на групата, кој во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота на 29-ти декември со почеток во 19:00 часот.– За концертот се подготвуваме веќе неколку месеци, работиме сериозно и активно, а сите 17 песни кои ќе бидат изведени добија нови аранжмани. Гости на концертот ќе бидат: Горан Папаз, Ѓоко Танески, кој ќе изведе две песни, охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“, Џеват Рамаданоски и студенти од Факултетот за музичка уметност, кои ќе формираат квартет. Во екипата што цело време ќе биде со нас се и Жармена и Димче Китрозоски, Никола Тони, а пратечки вокали ќе се Ана Костадиновска и Сара Николоска, истакна Василески.Тој испрати благодарност до општина Охрид, но и до сите компании, институции, медиуми и познаници кои им помогнаа и им излегоа во пресрет за организација на концертот. Групата доби и ново заштитно лого, кои во иднина ќе биде препознатлив знак за групата.– Подготвуваме и нова песна, доколку успееме да стигнеме, ќе биде промовирана на концертот. Ако не, новата 2019-та година ќе ја започнеме со нова песна. Како круна на оваа 20-годишна кариера, покрај концертот, ќе се снима и документарец за групата, во кој секој од нас ќе каже по нешто од своите доживувања и како ги поминал сите овие години во бендот. Ќе има многу анегдоти, интересни настани, додаде Василески.Според гитаристот Роберт Милески, човекот кој ги потпиша најубавите стихови на групата, Камелеон функционира како едно семејство.– Заедно сме полни 20 години. Морам да признам дека дел од тајната на успехот лежи и во публиката. Сите овие години таа е со нас и не прифаќа, секоја наша песна, помалку или повеќе е прифатена. Меѓу нас како луѓе имало и искри и несогласувања, но секогаш преовладувало почитувањето, другарството и пријателството, на некој начин сме како едно семејство. Тука секако е и желбата за музика, за свирење, творење, а со тоа и збогатување на она што доаѓа како културен придонес на македонската музичка сцена од наша страна, истакна Милески.Членови на бендот се Драган Василески, Тони Јованоски, Роберт Милески, Петар Трифуноски и Филип Стојковски. Драган, Роберт и Тони се постојани членови во бендот од самиот почеток. Петар станува дел од групата во 2001 година, а Зоран сите овие години, или е активен член или е во друга врска со бендот, како што е снимање на песни и слично. Низ годините и бројни други музичари имале добра соработка со бендот или биле негови членови и со тоа оставиле свој печат. Меѓу нив секако се и клавијатуристот Коки (членува во групата од создавањето на бендот, па се до 2001 година) и тапанарот Игор Фармаковски, кој работи со Камелеон во периодот од 2009 до 2010 година. За повеќето песни на бендот, текстот и музиката ги напиша гитаристот Роберт Милески.На сцената на Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота, на 29-ти декември, точно во 19:00 часот е закажан стартот на музичката приказна за 20-те години од постоењето на групата „Камелеон“. Билетите по цена од 250 денари ќе се продаваат во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, музичката продавница ZZ Top, тезга „Аждер“ во центарот на градот и во Burger Station.извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Магазин | пред 7 години

goran-stefanovski-sekoja-generacija-se-srekjava-so-nekoi-novi-opasnosti-218212

Утринава Горан Стефановски беше кремиран - во понеделник комеморација

Во понеделник на 10 декември во Драмски театар во 12:00 часот е закажана комеморацијата за македонскиот драмски писател Горан Стефановски.Тој утринава беше кремиран во Кентербери, Англија, а по негова желба пепелта во пригодна прилика ќе биде расфрлана во водите на Охридското Езеро.Горан Стефановски почина на 27 ми ноември на 66 годишна воздраст.

Скопје | пред 7 години

titanik

Рочиште „Титаник“: Се читаа СМС пораки меѓу обвинетата Гордана Јанулоска и Зоран Ставрески

Обвинителката Лиле Стефановска на денешното рочиште „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство за изборни нерегуларности, прочита околу 20 смс пораки меѓу обвинетата Гордана Јанулоска и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, во кои тие разговараат за исплаќање субвенции, пензии, денационализација и плати, во пресрет на изборите 2011 година, објави МИА.Во една од пораките Јанкулоска му се жали на Ставрески „имам молба во Куманово не биле исплатени субвенции и ако имало услови побрзо да се исплатат“, на што Ставрески и одговара дека „треба некој да провери, имам списоци со субвенции што не добиле, ама ми ги пишуваа на рака пред кооперација“.Во друга порака, Ставрески и пишува на Јанкулоска „исплативме пензии, субвенции, денеска оди за млеко, лозари, 25 милиони за денационализација, за плати… да живее ММФ, да живее Македонија“.Јанкулоска, во смс порака го прашува Ставрески дали има „стопирани налози во култура“ и дали има проблем, на што Ставревки и оговара „не, секогаш има повластен третман Бети“, на што Јанкулоска враќа „Боже, ама баш налозите за култура се клучни за изборите“.Обвинителката Стефановска прочита и околу 70 смс пораки меѓу Гордана Јанкулоска и советниците во во МВР Киро Тодорвоски и Ристе Ставревски од мај 2011 година, преку кои биле договарани списоци за вработување по број од гласачко место, за „тргање“ командири и полицајци кои „турбо“ работат за противници, но и за вршење работи за казни и инспекции на луѓе од месните комитети.На почетокот судијата Осман Шабани, констатира дека во судница е присутен и технички советник на предлог на одбраната.извор: МИА

Скопје | пред 7 години

skopje-111

ДОМ предлага, пешачка зона во центарот на Скопје како решение за загадувањето

Младинската организација на ДОМ – МОДОМ има конкретен предлог до Град Скопје и до надлежните институции во врска со енормното загадување на воздухот, објави скопјеинфо.мк.По примерот на повеќе европски зелени метрополи, каде што строгиот центар на градот е претворен во пешачка зона, МОДОМ предлага улицата Димитрие Чупоски од крстосницата кај „Палома Бјанка“ до крстосницата кај Собранието на Република Македонија, да биде зелена зона за пешаци, велосипедисти и возилата за јавен транспорт.„Се надеваме дека овој предлог ќе наиде на позитивен прием кај граѓаните, бидејќи тој е во интерес на зачувувањето на нивното здравје, на елиминирањето на постојаниот сообраќаен метеж во Центарот на градот и на загадувањето на воздухот од издувните гасови на возилата. Очекуваме овој наш предлог за проширување на пешачката зона во строгиот Центар, градските власти сериозно и итно да го земат предвид и да го реализираат во најбрз можен рок. Со тоа и имиџот на центарот на градот може да добие нов подобар и поатрактивен лик, со нови содржини пријатни за скопјаните и привлечни за туристите“, велат од партијата.извор: скопјеинфо.мк

Скопје | пред 7 години

rezim-soobrakaj

Во Скопје посебен сообраќаен режим од 17:00 часот

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста, дека денес од 17,00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата “Даме Груев“, право по улицата “Васил Главинов“, право по булеварот “ВМРО“, лево по булеварот “Илинден“ до пред зградата на Влада на Р.Македонија.Од тие причини ќе бидат превземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестотМВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Охриѓани во чест на патронот на градот „Свети Климент Охридски"

Со изложбата на книги „Свети Климент Охридски во македонската книжевност и научна мисла", Општина Охрид почна со чествувањата на престојниот патронен празник 8 декември – Свети Климент Охридски.Изложбата ќе биде отворена попладне во 17 часот во Градската библиотека „Григор Прличев".Во 19:00 часот во центарот за култура Григор Прчичев ќе се одржи приредба по повод птрониот празник на основното училиште Св. Климент Охридски.Агендата на чествување предвидува бројни културни настани и содржини: промоции на книги, изложби на фотографии, музички концерти и приредби на институциите што го носат името на патронот.Централната манифестација е Свечената академија по повод Денот на Свети Климент Охридски, на која ќе бидат врачени годинашните највисоки општински награди и признанија што ги доделуваат Градоначалникот и Комисијата за доделување награди и признанија, а чии добитници се уште не се официјално соопштени.

Македонија | пред 7 години

bitolaa

Жена пронајдена мртва во хотел во Битола

На 04.12.2018 година околу 07:30 часот во хотел на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола била пронајдена почината 66-годишна жена од Битола, објави ТЕРА.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.-По Наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција, соопшти битолската полиција.

Македонија | пред 7 години

marihuana

Кривични пријави за двајца скопјани дилери на марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе две кривични пријави против М.М. (32) и Д.П. (47) од Скопје поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.При извршен преглед и легитимирање кај нив била пронајдена марихуана, информира МВР.

Скопје | пред 7 години

ubistvo-srbinka

Малолетна Србинка силувана и крвнички убиена од мигрант

Германските медиуми открија нови детали од најновото брутално убиство на малолетна девојка од страна на мигрант. 17-годишната Елма Ц. имала српско потекло и била убиена во бегалски камп во градот Санкт Аугустин во близина на Бон на западот на Германија.19-годишниот Кениец, Брајан С. го признал злосторството и открил дека ја убил девојката после расправа. Истрагата утврдила дека несреќната девојка најпрвин била силувана, а потоа и претепана до смрт.Мртвото тело на Елма било чувано два дена во соба во бегалскиот центар.Родителите на девојката го пријавиле нејзиното исчезнување во петокот. Таа на родителите им рекла дека ќе оди во Бон да се сретне со некоја пријателка. Меѓутоа, според полицискиот извештај, таа заминала да се види со обвинетиот. Откако била пронајдена кеса со нејзината облека и документи, германската полиција организираше опсежна истрага и потрага по тинејџерката.Елма наводно го запознала осомничениот во кафетерија неколку седмици порано и наводно биле во врска. Полицијата со помош на заедничките фотографии на Фејсбук ја поврзале жртвата и Брајан, па така набрзо го разрешиле мистериозното исчезнување на Србинката.Уапсениот Кениец имал германско државјанство, а поседувал и документи од својата земја. Тој чекал да му доделат стан и најчесто престојувал кај својата сестра во Бон, соопштија од полицијата.Брајан од претходно ѝ бил познат на полицијата затоа што во неколку наврати бил приведуван поради кражби, ширење на порнографија и сексуално злоставување на дете.

Свет | пред 7 години

gruevski-mala

30 дена притвор за Груевски за случајот ,,Титаник“

На денешното рочиште за случајот ,,Титаник”, судот на барање на СЈО, на обвинетиот Никола Груевски, кој е во бегство, му одреди мерка притвор од 30 денови.Ова е втор притвор за Груевски во отсуство. Пред 7 дена судот изрече притвор и за случајот ,,Талир“.Денешното судење за предметот ,,Тврдина“, започна со задоцнување од 53 минути, според набљудувачите на здру\ението ,,Зелена лупа“, поради доцнењето со спроведувањето на обвинетите Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски од истражниот затвор.Инаку, во образложението на судот за новиот притвор на Груевски се вели:,,Имајќи го во предвид барањето на јавниот обвинител ,поднесено на 23.11.2018 за определување мерка притвор за обвинетиот Никола Груевски, како и известувањето на Претседателот на Собранието на Република Македонија поднесено на 27.11.2018, по советување и гласање Судечкиот совет, по член 365 став 3 , а во врска со член 165 став 1.4 од ЗКП , на обвинетиот НиколаГруевски му одредува мерка притвор во траење од 30 дена и истата стапува на сила од денот на неговотп лишувње од слобода “-стои во објавата на судот.

Скопје | пред 7 години

123123

(ФОТО) Крава излезе на чист воздух на „Партизанска“

Утрово, на булеварот „Партизански одреди“ кај кружниот тек во Влае, учесник во сообраќајот беше и крава која шеташе по улицата.На социјалните мрежи се шегуваат дека таа излегла на чист воздух, откако загаденоста се намали. Други, пак, пишуваат дека кравата била толку брза што ниту едно возило не можело да ја помине.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Промоција на книгата Уште музика и муабети на Ненад Георгиевски

На 10 декември со почеток од 20 часот во клуб-ресторанот МКЦ ќе се случи промоција на книгата „Уште музика и муабети“ на новинарот Ненад Георгиевски во издание на „Полица“. Книгата е втора во серијата изданија и е уште една колекција на интервјуа со домашни и со странски музичари, фотографи, режисери и дизајнери што се работени во период од 17 години, од 2001, па сè до 2018 година, и се објавувани за повеќе медиуми од Македонија, Србија, САД и од Хрватска. Станува збор за разговори со врвни и познати претставници во своите музички жанрови, односно за уметници што настапувале во Македонија или во регионот: Мариза, Конча Буика, Пет Метини, Џон Скофилд, Бил Фрисел, Ал ди Меола, Енди Самерс („The Police“), Џошуа Редман, Чарлс Лојд, Руичи Сакамото, Зоран Маџиров, Џоле Максимовски („Кабадајас“), Доријан Јовановиќ и многу други.Книгата се состои од 60 интервјуа во кои се опфатен голем број теми што се однесуваат на повеќе аспекти од занимавањето со музика, почнувајќи од инспирацијата, оригиналноста, искуствата, начинот на работење, па сè до илустрации, дизајни, книги. Бидејќи станува збор за претставници од различни музички жанрови што уживаат голем углед и популарност, а разговорите со нив ги надминуваат дневните теми и опфаќаат суштински аспекти на музиката, уметноста и создавањето, книгата може да биде приемчива за пошироката публика, но и за оние што професионално се занимаваат со музика.Во однос на претходната книга, „Музика и муабети“, која се состоеше исклучиво од интервјуа со музичари, во „Уште музика и муабети“, покрај интервјуата со познати музичари, листата на соговорници се шири и тука ќе се најдат и интервјуа на познати фотографи, режисери на документарни филмови и графички дизајнери. Сите нив ги спојува љубовта кон музиката и работата на полето на музиката. Сите овие фотографи се интервјуирани поради соработката со реномирани ѕвезди и поради тоа што, како резултат на таквата соработка, објавиле книги. На пример, фотографите Стивен Шапиро и Брајан Рашиќ на тема за Дејвид Боуви, фотографот Даниел Крејмер за Боб Дилан, Хари Бенсон за „Битлси“. Тука се и интервјуата со дизајнерите Крис Биг (за Дејвид Силвијан) и Стив Аверил (за „U2“).Освен самата содржина, големиот број фотографии на музичарите од домашни и странски фотографи дополнително придонесуваат за нејзината атрактивност. Воведот е напишан од композиторот Џијан Емин, кој е и еден од соговорниците во книгата. Уредник на книгата е Тони Димков. На самата промоција, настап ќе има бендот на Гоце Стевковски.

Магазин | пред 7 години

policija-3-640x382

Вработен во печатница во Кочани се здобил со тешки телесни повреди

На 04.12.2018 година во 12.00 часот во ПС Кочани, од Итната медицинска помош Кочани е пријавено дека околу 11.45 часот Д.К.(36) од Кочани додека извршувал работни задачи во печатница во Кочани, се здобил со тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле екипа од ПС Кочани и трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Осум сообраќајки во Скопје, четири лица со телесни повреди

Во текот на изминатот ден (04.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои четири со телесни повреди и четири со материјална штета. Во сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 22 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 10 возачи од кои: осум возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување и двајца возачи поради непоседување на зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 94 мандатни платни налози и 63 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

64-годишна скопјанка касната од куче

На 04.12.2018 година во 12.00 часот во Полициската станица Центар, Н.Д.(64) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 07.00 часот на булеварот  „Партизански Одреди“ била касната од куче-скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања