Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

IMG_20181204_094714

Општина Гази Баба во втора акција заплени 1 тон и 50 кг отпадни гуми

Општина Гази Баба продолжува со мерки за зачувување на животната средина. Вчера општинските инспектори за животна средина запленија 1 тон и 50 кг отпадни гуми во ромското маало на ул. Методија Андонов Ченто, пред бензинската пумпа на Макоил.„Ова е втора акција каде се запленуваат отпадни гуми, претходно општина Гази Баба, заедно со Инспекторатот на град Скопје, Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007 и МВР заеднички учествуваа во акција на дивата депонија во Вардариште каде беа запленети 1 тон стари и уништени гуми кои се наоѓаа во дворовите на граѓаните, отпад кој досега беше пален на отворена површина, со што значително се загадуваше животната средина.Вакви акции на инспекторатите ќе продолжат и во наредниот период кои континуирано ќе бидат на терен и ќе ја следат состојбата.И понатаму останува апелот, сите граѓани да пријават палење на огнови или опожарување на јавни површини на бројот 193 за да можат институциите навремено да интервенираат“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Нов случај за каснување од улично куче - пријавено вчера во Скопје.

На 04.12.2018 година во 19.10 часот во Полициската станица Аеродром, Р.Ж.(61) од Скопје пријавила дека на 03.12.2018 година околу 20.30 часот на булевар „Јане Сандански“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

Скопје | пред 7 години

IMG_4337

Превентивни активности на СВР Скопје за поголема безбедност на сообраќајот во општина Чаир

Одделението за превенција на СВР Скопје во соработка со општина Чаир и Мисијата на ОБСЕ во Скопје- канцеларија за развој на полицијата” денеска во ОУ,, Лирија ” отпочна со реализација на проектот „Сообраќајни училишни единици“. Целта на овој проект е зголемување на безбедноста во соообраќајот, особено на учениците во основните училишта. Во рамките на овој проект е формирана училишна сообраќајна единица, во која членуваат 20 ученици . Обучените членови на училишната сообраќајна единица во наредниот период ќе ги демонстрираат стекнатите знаења и вештини за обезбедување премин на ученици, спроведување сообраќајно- воспитни активности и манифестации и укажување на грешките на учесниците во сообраќајот на повеќе сообраќајници во непосредна близина на своето основно училиште на подрачјето на општина Чаир . 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра

Нова седмица, ново задолжување. Вчера неспособната власт предводена од Заев, Тевдовски и Анѓушев ги задолжија граѓаните за 21,1 милион евра преку аукција на државни хартии од вредност. Од тие пари, околу половина се нов нето долг на државата, рече на денешната прес-конференција Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.Таа посочи дека очигледно економската политика на владата се сведе само на задолжување, бидејќи ништо друго не работат.-Нивото на реализација на капиталните инвестиции за 2018-та се бедно, односно 40%, а се наоѓаме пред крајот на буџетската година. Ниту се градат патишта, ниту болници, ниту училишта, детски градинки, водоводи, канализации. Јавноста со право се прашува каде завршуваат парите од буџетот и кредитите со кои не товари оваа власт? Економијата доживува колапс. Проекциите за растот на БДП оваа година се намалени на рекордно ниско ниво. Бесмислените политики предизвикаа отворање на спиралата на инфлација која го намалува стандардот, а граѓаните ги осиромашува. Јавниот долг на државата галопирачки расте и тоа го посочуваат и меѓународните финансиски институции. Надминати се сите психолошки бариери на долгови. Едноставно кажано оваа власт ги донесе до работ на бездната стопанството и целата економија, а со бесцелното задолжување го прави и последниот чекор. Оваа однародена власт по принципот ситиот гладниот не го верува, наместо за потребите на граѓаните се посвети на личното богатење на функционерите и нивните семејни бизниси, нагласи Кузмановска.Пратеничката додаде дека ветувале живот, а донесоа преживување на кредит.-Замачкуваат очи на јавноста со статистички гимнастики, манипулативни прес конференции и ветувања од типот “само што не ни тргнало“, а веќе се на половина од својот мандат. Ова мора да престане. На ваквите црнила мора да им се стави крај. Што порано, тоа подобро. Ова црнило кое ја спопадна Македонија со Владата на Заев, можеме и мораме заедно да го тргнеме, вели Кузмановска.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Арсовски: Спасовски и Заев се уште молчат за скандалот со прислушувањето во Обвинителството

Оливер Спасовски и Зоран Заев сеуште молчат и не си поднесуваат оставка за скандалот со нелегалното прислушување на обвинтиелите и обвинителството, изјави Димче Арсовски на денешната прес-конференција.„Цели 2 години, од 30 септември 2016 па навака до сега, биле прислушувани обвинителите од обвинителството и нивните соработници, а сеуште после 6 дена од објавувањето на скандалот нема ниту разрешница, ниту пак одговорност и оставки.Заев и Оливер веднаш треба да си поднесат оставки. Заев и Оливер се двајцата најодговорни за ова што се случува изминатите 2 години и Заев и Оливер кога тогаш ќе ја сносат одговорност за сите работи што се случуваат.Кој прислушувал, кој се е прислушуван, за колку разговори станува збор, кој е одговорен за прислушувањето и кој дал наредба за прислушување, кој ги има нелегалните разговори и дали разговорите веќе ги имаат луѓе кои што ги користат за уцени и политички пазари за разно разни судски процеси?“, вели Арсовски.Според него, ова се прашањата кои треба Заев и Оливер да ги одговорат и тоа веднаш, а не да си ја префрлаат топката и да се кријат позади нивните паушални изјави.„Граѓаните немаат повеќе доверба во институциите кои што ги води СДСМ.Веднаш, ама уште веднаш, треба да се повлечат од функциите и Заев и Оливер и сите вмешани затоа што не можат да решаваат ваков случај со прислушување за кој тие самите директно се одговорни.Затоа, уште еднаш ги повикуваме, сите револтирани од оваа криминална Влада на СДСМ по сите основи по општеството, денеска во 17 часот на Плоштад ВМРО сите заедно да се упатиме до пред Владата и да го искажеме нашиот револт против оваа криминогена власт на СДСМ.Оваа Влада мора да падне и тоа мора да падне веднаш!Што побрзо си дадат оставки, толку побрзо Република Македонија ќе тргне напред“, изјави Арсовски

Македонија | пред 7 години

mijalkov-2

Мијалков останува во притвор во Шутка

Кривичниот совет ја одби жалбата на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков - тој останува во истражниот затвор во Шутка.Судиите оцениле дека постои опасност Мијалов да избега и да влијае врз сведоци и го потврдија решението на судија на претходна постапка кој му одреди притвор за случајот „Империја“.

Скопје | пред 7 години

DSC_004

Влатко Ѓорчев оддаде почит на поранешниот претседател Џорџ Буш во Конгресот на САД

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев за време на посетата на САД присуствуваше на церемонијата на оддавање на почит на починатиот поранешен претседател на САД Џорџ Буш.Пратеникот Ѓорчев беше дел од бројните делегации кои му изразија последна почит на поранешниот претседател Џорџ Буш во холот на Конгресот на САД. Ѓорчев изјави:"Претсдателот Џорџ Буш беше добар пријател на Македонија. Нашата земја ја прогласи својата независност за време на неговиот мандат во 1991 година, а неговиот син Џорџ Буш помладиот ја призна Република Македонија под Уставното име во 2004 година. Изразувам сочуство до неговото семејство и до граѓаните на САД".Пратеникот Ѓорчев се запиша во книгата на жалост. Ковчегот со телото на поранешниот претседател Џорџ Буш е изложено во централниот дел на Конгресот на САД, а денес ќе се одржи црковна служба по повод неговиот погреб.За време на посетата на Вашингтон пратеникот Ѓорчев ќе присуствува на парламентарниот форум за безбедност кој ќе се одржи во Сенатот на САД.

Македонија | пред 7 години

koza

Верувале или не - Коза изеде 20.000 евра во Србија

Српскиот портал „arandjelovacinfo.rs“ пишува дека во домаќинството на семејството Симиќ, во селото Раниловиќ во општината Аранѓеловац, козата Белка изела 20.000 евра, кои семејството ги спремало за купување на 10 хектари земјаСемејството Симиќ се одлучило да го прошири својот имот и за тоа подготвило поголема сума од 20.000 евра, за да може да купи 10 хектари земја. Но тоа утро се тргнало на лошо.-Станавме утрината, ги избројавме парите, бидејќи требаше да дојде човекот од кој ја купуваме земјата за да потпишеме договор и потоа да го исплатиме, парите стоеја на масата во дневната соба, а ние отидовме да појадуваме. Таткото на мојот маж, како и секое утро излезе да ја нахрани стоката, но не забележал дека не ја затворил влезната врата и тука настана нашата несреќа. Козата Белка која ја имаме веќе неколку години влегла низ отворената врата во дневната соба и почнала да ги јаде парите од масата, изјавила низ солзи расплаканата Милена.Додала дека кога слушнале шушкање и бука нејзиниот маж станал од масата и само што не доживеал инфаркт.Белка ги изела сите пари, останале само околу 300 евра, а останатото било изедено.„Маж ми од тој ден ништо не збори, само седи, молчи и гледа во една точка. Белка нас не зави во црно“ – изјавила за „arandjelovacinfo” Милена.

Магазин | пред 7 години

1-2

Средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со европратениците Дејвид Мекалистер и Кнут Флекенштајн

 Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, заедно со потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи, денеска оствари средба со претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, г. Дејвид Мекалистер и европратеникот Кнут Флекенштајн.Претседателот Џафери, посакувајќи им добредојде во Собранието на Република Македонија, искажа благодарност за континуираниот интерес и поддршка на Европскиот парламент и институциите на ЕУ за Република Македонија. Тој ги информираше за актуелниот процес на уставни измени, што произлегува од Спогодбата потпишана меѓу Република Македонија и Република Грција, кој се очекува да биде заокружен во текот на јануари следната година, како и за подготовките за реализација на активностите кои произлегуваат од Планот 18 на Владата на Република Македонија, како логично продолжување на реформите, а се со цел отпочнување на преговори за членство во јуни следната година.Европратеникот Мекалистер упати јасна порака на широка партиска поддршка од Европскиот парламент за Договорот од “Преспа”. Тој истакна дека земјата е добар пример за регионот и за Европа, правејќи голем пробив во духот на доброседските односи и помирувањето и дека сега останува на Собранието на Република Македонија и на сите политички сили да ги стават во преден план стратешките интереси и цели на земјата, а тоа се евроатлантските интеграции. Во тие напори, земјата ја има целосната поддршка на европските институции.Европратеникот Флекенштајн, надоврзувајќи се на пораките упатени од страна на Мекалистер, потенцираше дека Европскиот парламент и европските институции исто така мора да ја завршат својата работа во однос на земјите аспирантки за членство во ЕУ и да ги исполнат дадените ветувања. Тој, покрај Договорот од “Преспа”, ги издвои и преостанатите реформи кои треба да бидат исполнети во делот на судството, услугите, јавната администрација и медиумите.Соговорниците разменија мислења за формирањето на собраниското интерпартиско тело за помирување и неговата структура, односно работните групи за помирување, интеграција и реформи кои ќе треба да произлезат со конкретни законски решенија во повеќе сегменти, без преминување на црвените линии за владеењето на правото и правната држава, а особено за превенирање на насилството и облиците на насилство за остварување одредени цели во иднина. На крај, присутните се согласија дека Македонија треба да ги отпочне преговорите за членство со ЕУ следната година и заслужува што поскоро да стане членка на Унијата, каде и географски припаѓа.

Македонија | пред 7 години

Kosta-press

(ВИДЕО) Костадинов: Jасна е поврзаноста на Атанасовски со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, затоа го бранат криминалот

Пополека се одмотува мрежата, се отплеткува клопчето околу нарачателите и извршителите на насилството од 27 април. Сведочењата во рамки на транспарентниот судски процес го откриваат монструозниот план што требало да се спроведе, овде, во Собранието. Нарачан и планиран од структури на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, изјави Костадин Костадинов на денешната прес-конференција.„Поранешниот прв човек на УБК, Владимир Атанасовски, повеќе обвинети во процесот за 27 април директно го посочија како организатор и соучесник на монструозните планови за убиства на политичари, линч на новинари, палење и уништување на автомобили и домови на пратеници.Истиот тој Владимир Атанасовски, според јавно достапни информации во медиумите, е советник за безбедност на антизападниот пион Христијан Мицкоски.Пред неколку месеци Христијан Мицкоски го пратил токму Атанасовски овде, во Собранието, да нуди решенија за реформа на системот за следење на комуникациите, во рамки на работата меѓу партиите за усогласување околу законските одредби.Очигледна е поврзаноста на Атанасовски со антизападниот Христијан Мицкоски и актуелното антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ.Ете затоа Мицкоски е против помирувањето, затоа повикува на протести и блокади, затоа бара амнестија за нарачетелите и извршителите на насилството“, изјави Костадинов.Според него, Мицкоски единствено сака да ги спаси од одговорност неговите најблиски соработници и неговиот ментор, криминалецот Никола Груевски.„Последните случувања во процесот за 27 април покажуваат зошто не смее да има амнестија за нарачателите и извршителите на насилството.Ова е уште една потврда дека треба да се направи разлика помеѓу оние кои свесно, со умисла организирале, нарачале и извршиле насилство од оние кои не извршиле насилство и биле заведени“, вели Костадинов.

Македонија | пред 7 години

VIK_1401

Тевдовски: Предвидуваме зголемување од 10 отсто на платите на специјалистите

Повисоки плати за лекарите специјалисти за 10% од јануари 2019 година и за дополнителни 5 проценти почнувајќи со исплатата на септемвриската плата во 2019 година. Во септември 2019 година ќе бидат покачени платите и за сите здравствени работници за 5%. Ова е предвидено во Предлог буџетот за 2019 година, кој е на комисиска расправа во Собранието на РМ.-Имаме реален проблем во здравството со одлив на кадри. За таа цел и годинава и следната година предвидовме зголемување на платите на здравствените работници, со дополнително зголемување од 10 отсто за специјалистите. Кога вработените се подобро платени, тие се попродуктивни. За таа цел, од септември ги зголемуваме платите и во образованието и детската грижа. Растот на платите во јавниот сектор, воведувањето на повисоко ниво на минимална плата, како и владините мерки за поддршка на раст на платите, ја придвижи спиралата на плати и во приватниот сектор, рече Тевдовски.Министерот на комисиската расправа рече дека растот на нето платите е зголемен за пет проценти, што е најголем раст години наназад. 

Македонија | пред 7 години

Slika_3

Отворен интернационалниот повик за аплицирање на Dancelab2019

По четврти пат отворен интернационалниот повик DANCELAB 2019, на кој може да аплицираат млади кореографи ширум светот. Под уметничко водство на македонскиот амбасадор во танцот, Рисима Рисимкин, DANCELAB е престижен меѓународен натпревар и е дел од Танц Фест Македонија кој следната година ќе го прослави својот 15-годишен јубилеј. За учество на натпреварот може да аплицираат кореографи до 35 години со своја оригинална кореографија во времетраење од најмалку 7, а најмногу 13 минути, на слободна тема, со обработка на иновативни идеи во полето на современиот танц. Аплицирањето се врши електронски, на официјалната веб страница на Танц Фест (www.dancefestskopje.com.mk) и трае до 15-ти јануари, 2019 година.„Многу се радувам, пред се на Јубилејот кој Танц Фест ќе го има следната година – 15 години Танц Фест. Сметам дека овој фестивал направи извонреден чекор во позиционирањето на современиот танц во Македонија, а секако ТАНЦЛАБ – Интернационалниот натпревар за млади короеграфи е дел од придобивките на овој фестивал. Очекуваме голем број на пријави, според сознанијата од последната апликација, во 2015 година, и се надеваме дека на 5-ти и 6-ти април, 2019 година, во рамките на Јубилејното издание на Танц Фест, нашата публика ќе има можност да ужива во творештвото и креациите на млади од целиот свет. Нека победи најдобриот!“, истакна Рисима Рисимкин, уметнички директор на Танц Фест Македонија.Рисимкин и Танц Фест Македонија по четврти пат ќе бидат домаќини на кореографи од ширум светот, кои на натпреварот ќе бидат оценувани од интернационално жири, составено од еминентни имиња со светска репутација во полето на танцот. Наградата на натпреварот е „Златна пеперутка“ и се доделува во категоријата „најдобра короеграфија“. Добитникот на „Златна пеперутка“, ќе има ексклузивна можност да создаде оригинално уметничко парче за Скопје танцовиот театар. На последното издание на DANCELAB, „Златната пеперутка“ му беше доделена на Fabio Liberty од Италија.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Промовирана монографијата „15 години Инженерски прстен“

Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, денес, ја промовираа монографијата „15 години Инженерски прстен“. Со промоција на монографијата, во Македонската академија на науките и уметностите, се одбележаа 15 години од првото доделување на Инженерскиот прстен, кој досега го добиле 150 најдобри студенти - инженери.Според професор д-р Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија, станува збор за уникатно признание во регионот, но и многу пошироко, што овозможува преку наградување на најдобрите дипломирани студенти да се промовира инженерство и науката како стожери за развојот на општеството.„Истовремено, овој чин ја нагласува елитноста што треба да ги поттикне младите за професионално усовршување, насочувајќи ги кон истражувања, развој на иновативната мисла и претприемништвото. Ова Признание за младите добитници, секако, значи успех, но претставува и голема одговорност, не само за нив, но и за нас, што го врачуваме. Ние, како две најголеми инженерски организации да работиме на изнаоѓање услови за професионален развој на најдобрите млади инженери што е еден од предусловите тие да останат во својата земја, градејќи успешна кариера. Носителите на прстенот го имаат предизвикот да останат достојни на честа што им е укажана и да продолжат да бидат најдобри, да бидат пример на своите колеги, но и поттик на помладите. Дека навистина сме ги одбрале најдобрите, покажува и големиот број добитници што сега се успешни универзитетски професори и истакнати професионалци во струката в и дека Признанието влијаело во трасирање на нивната успешна кариера, сведочат токму нивните изјави во ова монографско издание“, рече Спасевска.За професор д-р Миле Димитровски, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, носителите на инжинерскиот прстен се избираат од првите пет најдобро рангирани универзитети во Република Македонија и од факултети со високи оценки за акредитацијата. Добитниците се пример дека треба да се вложува во себе, затоа што е важно и знаењето и оценките и навременото завршување на започнатото.„Инженерскиот прстен не е само признаниe, туку е и обврска да се биде и да се остане најдобар. Тоа е повик да се проектира, да се гради и да се создава. Треба да се биде креативен и иновативен и да се продолжи со усовршување на своите вештини со надградба на своите знаења. Носителите треба да се стремат да бидат идните градители и учесници во напредокот и на благосостојбата на Македонија. Ние како Институции и поединци треба да направиме сé младите инженери да ги заземат своите места во компаниите, во образованието и во институциите на системот. Тие треба да бидат дел од столбовите на развојот а преку развојот на високите технологии да продонесат и за економскиот раст на државата. И многу повеќе од тоа - инженерите од техничките факултети треба да ја имаат имаат моќта да го менуваат светот и реалноста. Времето покажа, а оваа монографија тоа го одбележува, дека навистина биле избрани како најдобри од најдобрите и дека тие како носители на прстенот ја покажале својата дарба и моќ во сé што работат да бидат најдобри“, објасни Димитровски.[caption id="attachment_11631" align="alignnone" width="2218"] ????????????????????????????????????[/caption]За ректорот на Универзитетот „Св „Кирил и Методиј“ – Скопје, професор д-р Никола Јанкулоски, доделувањето на признанието Инженерски прстен е традиционална и успешна манифестација.„Традицијата ја отсликува 15-годишниот период во која се доделува ова признание и која ги обединува најквалитетните студентски инженерски умови. Успешна е затоа што ги препознава, вреднува и наградува најдобрите студенти од инженерските струки. Станува збор за единствено признание од ваков вид во Македонија, кое секако позитивно влијае на младите инженери“, рече Јанкулоски.Професор д-р Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ја поддржува, застапува и со сето срце, ја поздравува идеајта издвојувајќи ги најдобрите од најдобрите.„Инженерите, нивната креативност, умешност, знаење, се движечка сила, оној неопходен „spiritus movens“ на современата цивилизација. Нивниот потенцијал ни е потребен. Тие дизајнираат, проектират, градат, тие ги водат технолошките и индустриските процеси, тие ги управуваат комуникациско-информатичките процеси“, заврши ректорот Коруновски.

Македонија | пред 7 години

leb

ВМРО ДПМНЕ: Поскапувањето на лебот ќе предизвика нова црна спирала на покачувања, а крајната цена ќе ја платат граѓаните

До 20 проценти поскапува лебот во Република Македонија. По сите проблеми во сите гранки на земјоделството, на ред дојдоа и проблемите со пченицата и со мелничко-пекарската индустрија. А познато правило во агроекономијата е дека кога поскапува брашното, кога поскапува лебот, почнува да врти инфланторното тркало на поскапувања на сета храна, истакна на денешната пре-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.Стоилковски посочи дека ова поскапување се надоврзува на сите црнила кои што го зафатија македонското земјоделство, скапите горива, на излажаните земјоделци за зелената нафта, на проблемите со исплатата на субвенциите, на проблемите со извозот и пласманот.-Па на здравје црната спиралата на Животот, на здравје парите кај граѓаните. Цените на лебот во секоја држава се најстабилни и ја отсликуваат состојбата на економијата воопшто. Лебот, почитувани, најмногу поскапува заради лошите мерки на ресорното министерство, во услови на поскапување на енергенсите, во услови на недостаток на квалификувана работна сила, зголемување на цената на пченицата во последните месеци за 40%. Цената на пченицата се формира врз основа на цените пред жетвата, оваа година непосредно пред жетвата пуштени беа огромни количества на пченица на пазарот по цена од 7-8 денари, како и увезено брашно од Србија и од Косово. Така цената за македонските производители остана депласирана. Тоа предизвика – домашните производители во најголем дел или да ја чуваат за сопствени потреби или да ја продаваат на други пазари или да ја конвертираат во преработки или за сточна исхрана. Од битолскиот регион се продаваше во Грција по 11-12 денари, нагласи партискиот портпарол.Тој посочи дека тоа министерството свесно го направи за да некои од трговците да остварат профит на база на ценовните шокови, иако се знаеше дека во пролетните месеци, веднаш по Нова Година доаѓа до недостаток и автоматско поскапување.-Наместо да реагира со стоковите резерви во тој период и да ги релаксираат ценовните разлики, министерството реагираше задоцнето и се создаде дисбаланс на пазарот. Оваа година порано се јавува недостатокот помеѓу другото и заради царинската војна меѓу Косово и Србија. Домашните производители го почувствуваа тоа и тие кои ризикуваа САМИТЕ да си ја чуваат пченицата ја покачија цената на пазарот. Потенцираме САМИТЕ затоа што во изминатите години државата т.е. Министерството во програмата за поттикнување и рурален развој одвојуваше пари за помош на чување на пченицата на производителите во силосите на Стокови Резерви и други субјекти ова година таа мерка ја укина т.е ја намали од 10 милиони на илјада денари. Целиот овој сет на промашени мерки доведе до ваков колапс на кој ВМРО- ДПМНЕ укажуваше уште во јули месец, предупредувајќи на сите овие работи. Тогаш апелиравме на покачување на откупната цена за средствата да останат кај домашните производители и преработувачите, а истовремено би се створила и стабилност на пазарот со откупувања на севкупните произведени количини. Покрај тоа, тогаш укажавме дека значително ќе се намалат површините под сеидба на лебно зрно што еве ни се случува, што заради временските прилики, што заради неатрактивност и неисплатливост на производство на пченица. Се случи алокација на средствата од производителите и преработувачите кон трговците кои се заинтересирани само и само за нивниот профит. Оваа криза ќе предизвика нова црна спирала на покачувања, а крајната цена ќе ја платат граѓаните не по своја вина туку по вина на неспособноста на влада на Зоран Заев, посочи Стоилковски.Според него за ова нема одговорност од власта. Колку побрзо оваа криминогена и неспособна власт за една намена си замине, толку подобро за Република Македонија.Затоа, Ве повикуваме на заеднички протестен марш до Владата, денеска во 17 часот, како и секоја следна среда, заедно да побараме одговорност за севкупното девастирање на Република Македонија. Се гледаме пред Влада!

Скопје | пред 7 години

genikolog

Гинекологот кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена избегал од Македонија

Гинекологот Николче Дамчевски кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена избегал од Македонија. Дамчевски покрај тоа што има забрана за вршење на дејноста во траење од 8 години, доби казна затвор, која Апелациониот суд ја потврди и ја зголеми од 1, 6 месеци на 2 години. Но, тој наместо да ја издржува казната, им избега на правосудни органи.Неофицијално дознаваме дека Дамчевски во овој период е во Бугрија и работи како гинеколог во државниот Медицински центар „Мајчин дом“.

Македонија | пред 7 години

palmer-zaev

Палмер: Македонија полноправна членка на НАТО до средината на 2020

САД очекуваат Македонија да стане полноправна членка на НАТО до средината на 2020 година, до кога треба целосно да се имплементира договорот за промена на името со Грција, и покрај обидите на Русија да го поткопа.Договорот во спорот за името меѓу Македонија и Грција отстрани голема пречка за членството на Македонија во ЕУ и НАТО, и овој чекор ќе го намали руското влијание во регионот, вели во интервју за агенцијата Ројтес, американскиот помошник-заменик државен секретар Метју Палмер.„Нема ниту една причина да не веруваме дека Северна Македонија ќе стане 30 членка на НАТО веќе за 18 месеци од денес“.Во разговорот Палмер изразува загриженост поради „малигното влијание“ на Русија како во Македонија, така и во останатите земји од Западниот Балкан.Тој ја обвини Русија дека се обидува да ги поткопа владите и институциите со цел да го запре напредокот на регионот кон евроатлантската интеграција. Москва ги отфрла таквите обвинувања со контраобвинување дека Западот се меша во внатрешните работи на земјите од Западниот Балкан.„Не е Русија таа која решава што ќе прави Македонија во однос на нејзините врски со европските и евроатлантските институции“, рече Палмер.

Македонија | пред 7 години

butel

Општина Бутел донираше прочистувачи за воздух за градинките

Донацијата од 8 прочистувачи за воздух за јаслените групи во општина Бутел. Донацијата ја предаде градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, кој нагласи дека во тек е набавка и на останатите 30 прочистувачи, со кои ќе бидат опремени сите занимални во шесте објекти на ЈУ Детска градинка „11 Октомври".Директорката на градинката „11 Октомври“, Луција Кировска истакна дека обезбедувањето на прочистувачи на воздух, престојот на дечињата ќе им го направи поздрав и попријатен.Покрај набавката на прочистувачите, во контекст на активностите за борба против загадувањето од следната недела, во дворовите на градинките ќе се организираат еколошки акции.

Скопје | пред 7 години

47423879_121506988793310_1068210859605491712_n

Изложбата „Мајка Тереза – светица од Скопје, светица на светот“ отворена во Европскиот парламент во Брисел

Во организација на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза и Католичката црква во Македонија, а на барање на европратеничката Маријана Петир, на 4 декември 2018 во просториите на Европскиот парламент во Брисел беше отворена изложбата „Мајка Тереза – светица од Скопје, светица на светот“. Изложбата беше дел од отворањето на Европскиот молитвен доручек, како и дел од настаните кои го означуваат завршувањето на Европската година на културното наследство. Во рамките на изложбата изложени се 24 колажи кои го претставуваат животниот пат на најголемата хуманитарка на XX век, почнувајќи од нејзиното детство и младост во Скопје, до нејзината канонизација, односно прогласување за светица. На отворањето беа присутни претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, пратеничката Маријана Петир, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов, директорот на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза Ариан Асланај како и бројни претставници на Европскиот парламент. Изложбата ја отвори бискупот Киро Стојанов кој во својот говор нагласи дека Европа има потреба од срцето на Мајка Тереза за да опстане и остане Европа доследна на својата култура. Директорот на НУ Спомен куќа Мајка Тереза г-дин Ариан Асланај во своето обраќање ги повика присутните да го посетат меморијалниот музеј во Скопје кој е единствен музеј во светот посветен на Мајка Тереза. Овој проект на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.Презентацијата на ликот и делото на Мајка Тереза е можност за промоција на културата во Република Македонија, а особено на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза.

Магазин | пред 7 години

pratenici-1

Предлог-законот за помирување до петок

До крајот на неделата треба да биде готова првата верзија на Законот за помирување поврзан со настаните од 27 април. Ќе го предложи собраниското тело за помирување кое ќе се состане најверојатно во петок, кога сите членови ќе се вратат од службен пат.Копретседавачот со Телото, Емилија Александрова не открива детали од содржината на законското решение, но ја потврдува поддршката на целиот процес од Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ.Осуммината пратеници од независната група сепак најавуваат дека ќе гласаат за успешност на измените на Уставот, бидејќи договорот бил да си останат доследни на одлуките, а реформите, интеграциите и помирувањето биле условени процеси. Според најавите на премиерот Заев предлог-законот за амнестија нема да се однесува на сите обвинети, односно ќе се прави дистинкција меѓу оние кои директно биле вклучени во насилствата и оние кои само биле дел од групата.Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е дел од процесот на помирувањето, откако власта не даде поддршка на нивниот закон со кој бараа амнестија за сите инволвирани во собраниските настани од 27-ми април.

Македонија | пред 7 години

sladokotrov_v3_3-01

Бојан од „Ај Кју“ и Марија Ичкова - резултатот е „Сладок отров“

Марија Ичкова е релативно ново музичко име на нашата поп-сцена, но публиката имаше прилика да ја запознае уште пред неколку години кога таа се натпреваруваше на реалното музичко шоу „Х-Фактор“.Тие што паметат, Марија минатата година настапуваше и на реномираниот фестивал „Макфест“ во Штип со песна на Бојан Трајковски од „Ај Кју“ и Кристина Арнаудова.Како резултат на одличната соработка, Ичкова повторно се спои со Бојан, а епилогот од тоа е новата песна која носи наслов „Сладок отров“, а на која токму Трајковски се потпишува како комплетен автор.- Со Бојан се најдовме на иста фрекфенција и соработката навистина добро ни оди. Тој знае што сакам јас, јас знам што сака тој и она што го добиваме како производ е навистина одлично. Соработката продолжува и понатаму и ветувам дека наскоро ќе бидам повеќе присутна на музичката сцена - изјавува Ичкова.Инаку оваа нова песна на Марија е снимена во студиото „Music House“, каде ќе бидат снимени и наредните нивни песни.

Магазин | пред 7 години

homepageBannerSKP

ТАВ го пречека два милионитиот патник на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија бележи уште еден важна пресвртница во развојот на македонските аеродроми, со пречекувањето на 2-милионитиот патник на Меѓународниот Аеродром СкопјеВо весела атмосфера на Меѓународниот Аеродром Скопје, ТАВ Македонија му посака топло добредојде на својот два милионити патник кој што допатува со летот од Доха на Qatar Airways, во 10:55 часот утринава, и му подари викенд за двајца во Доха.ТАВ Македонија ќе овозможи незаборавно патување за среќниот патник, со тоа што ќе обезбеди комплетен пакет за патувањето, заедно со својот партнер – Qatar Airways, како и со БТА, АТУ и ТАВ МОС, сестринските компании на ТАВ. ТАВ Македонија ќе обезбеди удобен престој во одличен хотел во Доха, Qatar Airways ќе ги обезбеди авионските билети, ATU – ќе додели ваучер за пазарење во вредност од 200 евра, додека BTA и TAV MOS МОС ќе се погрижат за пријатно искуство и престој на аеродромот на добитниот патник, со тоа што среќниот патник бесплатно ќе ги користи услугите на ресторанот, како и услугите од Primeclass.-Му честитам на нашиот 2 милионити патник и ѝ посакувам незаборавно патување во Доха, за што подготвивме специјален пакет аранжман со нашите партнери – Qatar Airways, како и со нашите сестрински компании – БТА, АТУ и ТАВ МОС. Во исто време би сакал да им се заблагодарам на сите патници што го избраа Меѓународниот Аеродром Скопје за нивните деловни и рекреативни патувања. Достигнувањето на 2 милиона патници во една година е импресивен успех за сите нас, па затоа во име на нашата компанија би сакал да им се заблагодарам на сите засегнати страни од воздухопловната индустрија, како Министерството за транспорт и врски, АЦВ, М-НАВ, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, авиокомпаниите и тур-операторите, за нивната соработка со цел да прославиме уште една голема и значајна пресвртница. Би сакал исто така да ја искористам оваа одлична прилика да се заблагодарам на нашиот персонал за нивната заложба секогаш да обезбедат најдобри услуги за нашите гости, да го одржуваат задоволство на клиентите на највисоко ниво, како и да ги охрабрам да продолжат со нивната добра работа кон нашата цел уште еднаш да бидеме прогласени за најдобар аеродром во Европа, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.Прославата за 2-милионитиот патник на Меѓународниот Аеродром Скопје е важен настан што го покажува брзиот раст и развој на аеродромот постигнати во текот на изминативе 8 години. Само пред 4 години, во октомври 2014 година, скопскиот аеродром го пречека милионитиот патник.-Навистина ни е задоволство што сме дел од големиот настан во работењето на „ТАВ Македонија“ по повод два милионитиот патник на меѓународниот аеродром Скопје кој патуваше со „Катар ервејс“ на нашиот директен лет од Доха до Скопје кој ги поврзува нашите патниците со повеќе од 160 дестинации низ светот. „Катар ервејс“ е една од најбрзо растечките авио-компании со модерна флота со повеќе од 200 авиони која е рангирана на ниво од 5 ѕвезди добиена врз основ на дадените услуги према патниците. Благодарни сме за успешната соработка со „ТАВ Македонија“ кои се посветени да овозможат квалитетна услуга која се надополнува со квалитетот на авиокомпаниите и со тоа овозможуваат компаниите да ги зголемат своите услуги со нови дестинации, изјави Алтај Шабан, Комерцијален директор на Катар ервејс за Македонија.Како дел од ТАВ Аеродроми, еден од водечките аеродромски оператори на глобално ниво, ТАВ Македонија ги следи светските трендови и развивања во воздухопловната индустрија и резултатите се неверојатни. На скопскиот аеродром, во 2010 година имало 684.905 патници, во 2014 година бројот на патници бил 1.210.509, а денес, 5 Декември 2018 година, 2-милионитиот патник пристигна на Меѓународниот Аеродром „Скопје“.Меѓународниот Аеродром „Скопје“ сега поврзува 38 дестинации со редовни летови, на 13 авиокомпании.ТАВ Македонија како аеродромски оператор на двата македонски аеродрома продолжува со позитивните резултати од почетокот на годинава. Во првите 11 месеци од 2018 година (јануари – ноември), вкупно 2,1 милиони патници патување преку двата македонски аеродрома – Меѓународен Аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, што е пораст од 18% на годишно ниво. Во исто време, вкупниот број на летови е 18.336, што е 9,4% пораст споредено со истиот период минатата година.

Скопје | пред 7 години

grubi

Груби во САД на средби во Конгресот и Стејт Департаментот

Претседателот на Комисијата за европски прашања и на Групата за пријателство со САД, Артан Груби ќе престојува во Соединетите Американски Држави од 5 до 9 декември 2018 година, каде што ќе реализира работни средби со конгресмени и сенатори во Американскиот Конгрес, но и во Сенатот и Стејт Департментот.„На средбите ќе стане збор за евроатланските интеграции на земјата, можностите за унапредување на билатералните односи со САД, како и за актуелните реформи што Владата ги прави во областа на владењето на правото.Господинот Груби ќе присуствува на 12. Парламентарен безбедносен форум за разузнавање во Сенатот на кој ќе се расправа за сите видови на борба против тероризмот“, се вели во соопштението.Ова е втора посета на Груби во САД.

Македонија | пред 7 години

47349454_10216258471368581_5963029102234435584_o

„Д Стронгест“ од Кисела Вода во Белград освои 13 медали

Натпреварувачите на спортските клубови кои на иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски оваа година добија материјална поддршка од Општина Кисела Вода продолжуваат да редат победи на сите домашни и меѓународни натпреварувања.На балканското првенство „FUTURE CHAMPIONS 4 – 2018“ за деца од 5 до 18 годишна возраст во Белград, Србија македонската репрезентација составена од 22 натпреварувачи на „Д Стронгест“ од Кисела Вода, 5 на „РУТС БЏЏ ОХРИД“ и 1  на „Д Стронгест & Рутс БЏЏ Куманово“ се закити со вкупно 15 медали. Натпреварувачите на клубот од Кисела Вода освоија најмногу медали, додека 2 бронзени доби екипата од Охрид.Со медали се закитија следните 13 натпреварувачи на „Д Стронгест“:          Златни медали:-        Даниела Алексовска – напредни 3 -44.3кг.-        Марко Панчевски – напредни 2 -33.2кг., –36.2кг.-        Дин Радончиќ – почетници 2 -27кг.-        Даниел Тодоровски – почетници 4 -40.3кг.-        Арон Зекир – почетници 4 -36.2кг.-        Филип Митревски – почетници 2 -30.2кг.          Сребрени медали:-        Давид Тодоровски – почетници 2 -24кг.-        Марко Трајановски – почетници 3 +48кг.-        Дамјан Петровски – напредни 2 -42.3кг., -45.3кг.-        Марко Ангелов – почетници 3 –39.3кг.-        Никола Симоновски – јуниори 2 -58.5кг.          Бронзени медали:-        Марко Петровски – јуниори 2 -58.5кг.-        Ања Чивчиристовска – почетници 4 -40.3кг.Македонскиот тим предводен од Ивица Алексовски, претседател и основач на „Д Стронгест‘‘, во екипниот пласман во категорија на почетници го освои првото место, во категорија на напредни третото место, а во вкупен екипен пласман второто место.

Спорт | пред 7 години

920541_573957962634478_1877160628_o

Жерновски на 25-от Министерски совет на ОБСЕ во Милано

Делегација на Република Македонија, предводена од заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, ќе учествува на 25-от Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој ќе се одржи на 6 и 7 декември 2018 година во Милано, Италија. Најавено е присуство на високи претставници на 57-те земји учеснички на ОБСЕ и партнери на организацијата, меѓу кои и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.„На Министерскиот совет ќе бидат разменети мислења за работата и активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамките на Италијанското претседавање со ОБСЕ. Воедно, се очекува да се усвојат и поголем број на одлуки и декларации кои се однесуваат на делувањето во трите димензии на Организацијата: политичко - воената, економско - еколошката и хуманата димензија.ЗМНР Жерновски ќе има свое обраќање на Министерскиот совет, на кој ќе ги претстави ставовите на Република Македонија. Воедно, на маргините на советот, тој ќе оствари и одвоени состаноци со претставници на институциите на ОБСЕ, како и билатерални средби со шефови на делегации на земјите учеснички на Организацијата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

DSC_4335

Поддршка од Мекалистер и Флекенштајн за Договорот од Преспа и за преговори со ЕУ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со пратениците од Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер од ЕПП и Кнут Флекенштајн од ПЕС.Европските пратеници пренесоа силна поддршка од Европскиот парламент за Договорот од Преспа, којшто е оценет како пример пред се за регионот на Западен Балкан, но и пошироко за цела Европа. Поздравено е лидерството на премиерот Заев во процесот. Пратениците од Европскиот парламент изразија силна поддршка за перспективите на Македонија во Европската унија и во НАТО. Тие изнесоа очекување дека уставните измени ќе бидат донесени во Парламентот, како и дека Македонија, потоа, Македонија со уште побрзо темпо ќе ги продолжи интеграциите во ЕУ.Премиерот Заев ги соопшти очекувањата околу гласањето на уставните амандмани, согласно Договорот од Преспа, во Парламентот, како и реформите што се прават во безбедносните служби, правосудството, јавната администрација, очекувањата за реализацијата на реформите за борбата против криминалот и корупцијата, како и во медиумската сфера.-Очекуваме во втора половина на јануари да се изгласаат уставните измени. Низ инклузивност, преку амандманите, и опозицијата се вгради во овој процес, а од денеска се отвора и јавната дебата, по што Владата ќе го достави финалните решенија до Парламентот. Нашите очекувања се дека уставните амандмани ќе добијат широка политичка поддршка во Собранието, со што ќе се овозможи реализација на Договорот од Преспа. Паралелно работиме на реализацијата на реформите во клучните области, што очекуваме да ги заокружиме до март. Поканата за НАТО и можноста за почеток на преговорите со ЕУ е висока мотивација за институциите во реформскиот процес, којшто е потребен за ЕУ, но и за квалитетот на живот на граѓаните на Македонија, рече премиерот Заев.На средбата се разговараше и за други актуелни политички прашања во Македонија и во регионот. Премиерот Зоран Заев се заблагодари на Европскиот парламент за поддршката во врска со почитувањето и владеењето на правото како европска демократска вредност.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања