Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

Времето денеска облачно и студено, со слаб снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со провејување на снег. Ќе дува умерен северен ветер. Дневната температура во Охрид ќе се движи во интервал од 0 – 3 степени.Во петок утринските температури насекаде ќе бидат во минус, а дневната ќе достигне до 7 сВикендот се очекува благо покачување на дневната температура која ќе се движи од 3 -11 степени Целзиусови, информира УХМР. 

Македонија | пред 7 години

12374899_448472555344512_1585553180169760208_o

Никола Бакрачески ќе презентира научни истражувања во Загреб и Тел Авив

Кардиолошкиот завод од Охрид продолжува со активностите на полето на размена на знаења и искуства на меѓународен план преку посета на едукативни семинари, но и преку пренесување на искуствата и истражувањата реализирани во оваа болница.Најпознатиот охридски кардиолог Др Никола Бакрачески продолжува со успешни научни презентации  на интернационалните настани од областа на интервентната кардиологија.Првиот настан каде ќе ги презентира своите научни трудови е 12-от Конгрес на Хрватскито здружение по Кардиологија со меѓународно учество што се одржува под покровителство на Европското здружение по Кардиологија.На овој настан учествуваат и познатите охридски кардиолози Др Марија Зимбова и Др Слаџана Тупаре од Заводот за Кардиоваскуларни Заболувања Охрид, Др Виктор Топаловски од ПЗУ Медикор и Др Ѓоко Константиноски од општата болница Охрид” Оваа година истиот се одржува од 29 Ноември до 2 Декември во Загреб, каде Бакрачески ќе има две презентации.Вториот настан е  високо реномираниот симпозиум од областа на интервентната кардиологија  “Inivation in Cardiovascular Intervention - 2018”  што секоја година се одржува во Тел Авив Израел од 02-04 Декември, со учество на најголемите светски имиња од областа на интервентната кардиологија, каде ќе ја презентира својата лекција “ Bilateral radial approach for CTO recanalisation”.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Крис Браун коментираше на провокативната фотографија на Ријана

Познатата убавица од Барбадос, пејачката Ријана, пред неколку дена ги запали социјалните мрежи со провокативни фотографии без градник, на кои не можеше да одолее ниту нејзиното бившо момче Крис Браун.Крис остави коментар под фотографијата, на што обожавателите на пејачката веднаш реагираа.https://www.instagram.com/p/Bqfc2QHhOrf/Тие не заборавија дека Крис ја претепа Ријана во 2009 година и му одговорија на социјалните мрежи.Пејачката  ништо не му одговори на својот поранешен дечко, а некои му порачаа на Крис дека е глупав што ја изгуби.Крис Браун ја претепа Ријана во март 2009 година, ноќта пред доделувањето на наградите Греми.

Магазин | пред 7 години

Hrvatska-policija-620x350

Возач на Задар дивеел по улиците и се обидел да прегази полицаец

Изминатата ноќ на Задар дошло до вистинска филмска потера откако возач на БМВ направил неколку прекршоци, но на крајот сепак успеал да и избега на полицијата.Возачот наточил гориво на бензинска станица и веднаш се одалечил. Околу 21:50 пријавено е дека непознато лице провалило во складиште. Полициските службеници по 23 часот забележале парирано возило марка БМВ.Полицајците се приближиле до возилото и на возачот му издале наредба да ја отвори вратата и да излезе, но наместо тоа, возачот тргнал со возилото. Најпрво тој удрил во соседното возило кое било паркирано, а потоа продолжил да вози.При движењето на возилото, тој истото го насочил спрема полициски служеник кои скокнал преку ѕидот и го избегнал ударот. Возачот удрил во ѕидот а потоа продолжил со возењето.„Бидејќи возачот не постапил според наредбите на полициските службеници, тие употребиле огнено оружје, пукалле во пневматиците на возилото, но возачот и понатаму продолжил да вози до градот Мелада, каде го напуштил возилото и се оддалечил во непознат правец“, вела од полицијата.Во тек е интензивна потрага по возачот. 

Свет | пред 7 години

goran-stefanovski-sekoja-generacija-se-srekjava-so-nekoi-novi-opasnosti-218212

Телото на Горан Стефановски ќе биде кремирано, а пепелта посипена над Охридско Езеро

 Семејството на починатиот македонски писател и драматург, Горан Стефановски, објави дека неговото тело ќе биде кремирано на 05.12.2018 година во Barham Crematorium во  Canterbury, Велика Британија, во 9 часот и 20 минути.По желба на Горан Стефановски, во пригодна прилика пепелта ќе биде фрлена над Охридско Езеро.Горан Стефановски почина на 27 ноември 2018 година, по кратка и тешка болест, во близина на Лондон, каде живееше подолго време.Инаку Драматургот Стефановски, беше член на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ). Тој  е автор на легендарните и популарни драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“, со која генерации деца научија да пишуваат и читаат. Неговата соработка со режисерот Слободан Унковски, од 1980-те па со децении натаму, создаде претстави кои беа во врвот на театарската уметност во регионот.Стефаноски беше роден во Битола на 27 април 1952, во театарско семејство, дипломец е на англиски јазик и книжевност на Филолошки факултет во Скопје, а магистрирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград. Од 1986 беше професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар. Добитник е на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“, „Војдан Чернодрински“.Горан беше автор и на текстови на неколку албуми на прочуената рок група „Леб и сол“, чиј фронтмен беше брат му, гитаристот Влатко Стефановски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Путин за прв пат се огласи по објавата на Украина за воена состојба

Рускиот претседател Владимир Путин за судирот во Керченскиот Теснец го обвини украинскиот претседател Петро Порошенко и неговата желба да биде реизбран.Според Путин, судирот помеѓу руските и украинските бродови, бил целосно испровоциран од украинските бродови, кои одбиле да комуницираат со руските морски граничари и ги нарушиле територијалните води крај јужните руски брегови.– При приведувањето на украинските морнари, руските граничари прецизно и совршено ја исполнија својата должност. Тие и не можеа да дејствуваат поинаку, затоа што тогаш „требаше сите да бидат судени. Но тие исполнија законската обврска за заштита на територијалниот интегритет на Руската Федерација, истакна Путин.

Свет | пред 7 години

Rusija-ruska-policija-1-620x350

Закани за поставени бомби во 15 трговски центри во Москва

Повеќе од 5.000 лица беа евакуирани денес во 15 трговски центри низ Москва поради добиени закани за поставени бомби во нив.Подоцна е утврдено дека овие закани биле лажни. Анонимните повици следеле еден по друг нешто по 11:30.https://twitter.com/jamesgraham521/status/1067772198780366848?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1067772198780366848&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3011348-masovne-pretnje-bombom-u-moskvi-evakuisano-5000-ljudi-iz-15-trznih-centaraЗаканите за бомба потекнуваат од телефонски број регистриран во Украина.Меѓу евакуираните трговски центри се и „Цветној“, „Атриум“, „Магаполис“, „Капитолиј“, „Хорошо“ и „Горбушкин Двор“.https://twitter.com/mnaEN/status/1067765055712718849?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1067765055712718849&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3011348-masovne-pretnje-bombom-u-moskvi-evakuisano-5000-ljudi-iz-15-trznih-centaraВо периодот од септември до декември 2017 година во Русија беа регистирани серија лажни закани за поставени бомби, поради што беа евакуирани над 2,6 милиони лица од околу 4.000 објекти. 

Свет | пред 7 години

46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

Мицкоски до Заев: Ќе ве испратиме на буниште, ќе ве победиме

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протестен марш  изјави дека секоја среда ќе протестираат пред платото на владата со цел да го изразат нивниот револт.,,Едно големо ,,Уаа” за Зоран Заев. Припадниците на МВР ја чуваат Македонија од тој натрапник внатре кој некаде се крие. Денеска почнуваме и одиме ширум Македонија за викенд. Секоја среда ќе сме пред Владата да го изразиме нашиот револт. Тој ќе биде изразен поинаку, со мирни протести. Нема да бидеме како нив, да кршиме и фрламе, бидејќи ние ова го градевме. Ветија ќе ја тегнат оградата а не ја тргнаа. Што е се плашите од народот?.Година и половина ја уништуваа Македонија. Ветуваа 5% раст на БДП. Се сеќавата ли на онаа програма која ја нарекоа живот? Пекол донесоа, темнина донесоа кај секој граѓанин на Македонија. Каде се тие 5%? Или ви беше битно да дојдете до фотелјите за да можат тендерите да врват. За да можете во 4 очи да го крадете македонскиот народ. Не ли ви е срам?“, рече Мицкоски.Според Мицкоски, оваа Влада национално го уништила македонскиот народ и направила македонецот да биде рамнодушен на се. Ќе ви го покажеме местото на следните парламентарни избори, ќе ве поразиме жестокот. Ќе ви покажеме каде припаѓате, на буниште.„Нема да ви ветиме 500 евра плата, но ќе ви ветиме 500 километри патишта кои ќе ги направиме. Нема да ви ветиме чист воздух како што ветуваше еден политичар, но ќе ветиме 30% намалување затоа што имаме емпириски докажана методологија. Нема да ветиме нешто што не можеме да го исполниме“, рече Мицкоски.Тој додаде и дека убиства се случуваат по улиците во главниот град, но нема ниту луѓе пред судовите, ниту сторители на тие дела. Каде е сега министерот за внатрешни работи?„Ќе дојдат избори. Ајде на претседателските жестоко да победи нашиот кандидат. Тоа е првиот чекор кога ќе си ја ослободиме татковината од стегите и прангите, а дотогаш ќе бидеме ширум улиците и плоштадите во Република македонија. Ви ветувам дека ќе работам 3 пати повеќе од нив за да ги победиме и да ја исправиме Македонија на нозе“ изјави лидерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пензионери од Скопје продавале лажно злато на старци во Охрид

Двајца скопјани на возраст од 72 и 63 години им продавале лажни златни предмети на луѓе во Охрид. На тој начин заработиле 220.000 денари, а нивни жртви биле, исто така, пензионери.Полицијата поднесе кривична пријава за измама против Т.С.(72) и З.Г.(63), двајцата од Скопје.Според информациите на полицијата, на 27 октомври оваа година, околу 15 часот, на улицата Марко Цепенков во Охрид пријавените го пресретнале Б.Ј. (81) од Охрид и лажно му прикажале дека направиле сообраќајна незгода. Потоа му покажале часовник кажувајќи му дека е златен и му побарале 2.000 евра при што оштениот прифатил замена.На 30 октомври, во 15:15 часот. на улицата Питу Гули пријавените му пристапиле на К.Г.(77) од Охрид и на истиот начин за случена сообраќајна незгода, го довеле во заблуда и му зеле 2.000 долари во замена за наводни златни предмети.

Македонија | пред 7 години

1202-petre-silegov-28.03-pres-sobranie-696x392

Шилегов: Кога Ѓорчев зборува ми требаат помагала во форма на мобилен

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, одговори на реакциите во јавноста откако вчера беше снимен како игра игрица на својот мобилен телефон додека трае расправата за загадувањето во Собранието. Тој беше „фатен“ на својот мобилен телефон додека на говорницата зборуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.„Во Собранието постои Влатко Ѓорчев. Кога тој зборува, него и неговите паушални говори, мора да ги “надминете” со помагала во форма на мобилен. Колку и да непристојно тоа делува од страна… Во реалноста, постои загаденоста. И Градот. Кој што перманентно работи на надминување и справување со овој наш најголем проблем“, напиша Шилегов.[embed]https://www.facebook.com/p.shilegov/videos/516514165502748/[/embed]

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Бројот на регистрирани ХИВ-случаи во Источна Европа највисок досега

Епидемијата на ХИВ во Европа продолжува да се шири со загрижувачко темпо, особено во Источна Европа, покажува најновиот извештај на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.Бројот на дијагностицирани ХИВ-случаи во регионот продолжува да расте, но темпото забавува, се вели во извештајот на Центарот. Во 2017 година биле регистрирани околу 160.000 нови случаи, од кои 130.000 во источниот регион на Европа.Стапката на нови случаи во источниот дел е диспропорционално повисока отколку во Западот, каде што е забележана стапка од 6,4 нови случаи на секои 100 000 луѓе. Во централна Европа се забележани 3,2 нови случаи на секои 100 000 луѓе.Во Русија оваа стапка е највисока, по што следуваат Украина и Беларусија. Во 2017 година биле регистрирани дури 71 нов случај на заболени од ХИВ на секои 100 000 луѓе.Во последните три децении забележани се над 2.32 милиони случаи на заболени од ХИВ во Европа. Според Светската здравствена организација, во 2017 година на глобално ниво имало 36,9 милиони вакви случаи. Најголемиот дел од нив, дури 25,7 милиони, живеат во Африка.

Свет | пред 7 години

880x495_cmsv2_6de2beb6-93c3-5e62-824b-7468862a928a-3465112

Орбан го возеше Чак Норис во обиколка на Будимпешта(видео)

[embed]https://www.facebook.com/orbanviktor/videos/897357740470458/[/embed]

Свет | пред 7 години

MONTAZA-CENTAR

„Скопје1.мк“ ја поддржува иницијативата на Слободен печат за парк на местото на паркингот во центар

Редакцијата на „Слободен печат“ ги повикува сопствениците на парцелата пред хотелот „Холидеј Ин“, која сега е паркинг, каде што треба да никнат пет кули, заедно со општинските и градските власти, да го испочитуваат јавниот интерес и да најдат начин просторот да се пренамени за изградба на парк.Во спротивно, доколку овој повик не биде прифатен, „Слободен печат“ јавно ќе ги повика сите невладини организации кои се грижат за здрава животна средина, да организираат масовни протести и блокада на овој простор.Повеќе за иницијативата и за можностите таа да се реализира прочитајте во утрешното печатено издание на „Слободен печат“.

Скопје | пред 7 години

jani-makraduli

Јани Макрадули: Не спиев, туку читав, а Борко Ристовски не го познавам и немам коментар за непознати!

Бурни реакции во јавноста предизвика снимката која се појави вчера, на која за време на седницата на загадувањето градоначалникот Петре Шилегов беше фатен како игра на мобилен.Покрај Шилегов, на тапет беше ставен и Јани Макрадули, заменик министер за животна средина, кој на фотографијата наводно заспал за време на седницата.Сепак, Макрадули демантира дека спиел за време на седницата, туку едноставно бил фотографиран во положба додека чита, а како што вели, фотографијата била обработена, со цел да му се наштети.-Се гледа од снимката дека читам, дека на фотографијата е интервенирано, плус (блурирани очите) и дека секој коментар е злобен. Но, тоа мене нема да ме поколеба во борбата за чист воздух и реализирањето на планот за чист воздух. Очигледно на некој му смета и тоа што се договоривме со опозицијата заклучоците да ги градиме заедно. Бев цело време од 11 до 15:45 часот и зборував на крај каде одговорив на сите прашања, што значи сите сум ги слушал и запишувал – изјави тој за ,,Фокус”.Во врска со критиките од страна на репрезентативниот ракометен голман, Борко Ристовски, кој порача дека однесувањето на Макрадули и Шилегов е срамота и брука, додека Македонија се гуши, заменик министерот вели дека не го познава Ристовски и затоа нема да го коментира.-Не го познавам човекот и немам коментар за непознати – порача тој.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сочувство од претседателот Иванов по повод смртта на Горан Стефановски

Претседателот Ѓорге Иванов изрази сочувство по повод смртта на Горан Стефановски, потенцирајќи дека вечно ќе сме благодарни за творештвото кое ни го остави, за сѐ што напиша, создаде и инспирираше.-Со голема тага ја примив веста за смртта на нашиот драмски писател, Горан Стефановски. Иако нема соодветни зборови кои можат да ја надоместат загубата, дозволете во овие тажни мигови да изразам најискрено и најдлабоко сочувство до семејството и до цела наша јавност. Со прераната смрт на Горан Стефановски загубивме врвен драматург, но и голем ерудит, мислител и пред сѐ прекрасен човек кој со своето дело остави неизбришлива трага во нашето културно и општествено живеење, вели претседателот Иванов.Горан Стефановски, како што нагласува, беше наш најпознат и најизведуван современ драмски автор чии драми оставија неизбришливи траги во нашиот театар и книжевност, претставувајќи своевидна луцидна панорама на нашето живеење и светоглед.-Покрај маркантниот драмски опус, неизбришливи се и неговите остварувања во телевизискиот медиум, пред сѐ преку култната телевизиска серија „Бушава азбука“, посочува Иванов.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ГДУ: Доста е со меѓусебните обвинувања, решете го проблемот со загадувањето!

Додека граѓаните се гушат од загадениот воздух и секојдневно бараат помош и апелираат надлежните нешто да сторат, градоначалникот Шилегов си игра игрици на мобилниот телефон. Заменик министерот за животна средина Макрадули, пак очигледно го фаќа дремка од темата загадување. Министерот Дураку јасно ни кажа дека со граѓаните не се занимава.Епа господа за ова ли ја баравте довербата од граѓаните? И уште да не убедувате дека светските медиуми излажале кога објавиле дека Македонија е најзагадена во Европа. Не, никој не лаже, секој ден дишеме отров, илјадници луѓе умираат од загадувањето. Ова е еден од најважните проблеми за кој треба да се дискутира и во кој не треба да се меша политика, треба решение! Но очигледно оние кои многу ветуваа пред избори, покажаа дека не се способни. Исто како и претходниците кои жестоко ги напаѓаа.Доста е од мудрување и од обвинување, кој е виновен за загадувањето, кога било позагадено, дали кога ДПМНЕ биле на власт или сега кога СДСМ е на власт. Се гушиме со години наназад и никако да се справиме со проблемот.Треба да се побара помош. Странска помош , зошто градоначалниците и министрите имаат „попаметна“ работа.И сфатете преку глава им е на граѓаните да слушаат „ќе го решиме проблемот“. Тоа „ќе“ го изнаслушавме, ама решение нема.Состојбата е алармантна!

Скопје | пред 7 години

edi-rama-696x523

Што се крие зад двосмислените изјави и провокативните гестови

Постои ли опасност зад превезот на разните видови меѓудржавна соработка да се кријат амбициите на некои балкански политичари за спроведувања големодржавни политики, чија крајна цел е прекројување на границите на регионот. На ваква дилема нѐ наведуваат последните пораки на политичарите Албанци од државите во регионот, кои со своите изјави и дејствувања го привлекоа вниманието на регионалната јавност и меѓународната заедница.Последен пример беше регистриран неодамна во Пеќ, кога претставниците на владите на Косово и на Албанија, по заедничка седница, потпишаа девет договори, од кои најголем дел од сферите на економијата, здравството и културата, со кои се очекува унапредување на меѓусебните односи. Во меѓувреме, иако договорите за соработка се вообичаена практика и тука нема ништо спорно, индикативни беа гестовите и изјавите на првите луѓе на владите во Приштина и во Тирана, кои договорите ги потпишаа врз албанското национално знаме, направија заедничка фотографија, на која позираа со симболот двоглав орел, и дадоа двосмислени изјави во правец на трајно приближување и соединување на двете земји до 2025 година во ЕУ.Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по седницата, нагласи дека овие мерки водат кон трајно приближување и соединување на двете земји и дека и овие договори што се потпишаа претставуваат „конкретизација на дамнешните приоритети на двете страни“.– Тоа што го истакнува Косово е неговото застанување на страната на САД како водечки глобален фактор и на страната на нашите стратегиски партнери. Албанија секогаш можела да смета на Косово и секогаш има право да смета на Косово, но и Косово секогаш сметало на Албанија, а тоа се покажа во 1999 година, во најтешките денови на нашиот живот како нација – изјави Харадинај.Последната седница во Пеќ е петти заеднички состанок на владите на Косово и Албанија. Првата се одржа во 2014 година во Призрен, а потоа секоја наредна година следуваше по една заедничка седница во Тирана, па во Приштина и лани во Корча.Претходно, за потсетување, за време на посетата за независноста на Косово, премиерот на Албанија, Рама, во Приштина изјави дека Косово и Албанија треба да имаат заеднички претседател.– Косово и Албанија треба да имаат заедничка надворешна политика, а не само заеднички амбасади и дипломатски мисии, зошто не и еден претседател како симбол на националното единство и националната безбедносна политика – рече Рама, обраќајќи им се на косовските пратеници.Тој призна дека е малку веројатно тоа да се реализира во скоро време.– Можеби оваа идеја не е вистинска на национално ниво, но историјата ни порачува дека остварувањето на сонот не е невозможно – изјави Рама.Веднаш по оваа изјава на Рама остро реагираше Европската комисија, која ја оцени како несоодветна и како политичко мешање во соседните земји, што не помага во градењето добрососедски односи.– ЕУ очекува да продолжи изградбата на конструктивни и кооперативни односи низ целиот регион. ЕУ и натаму ќе ги поддржува принципите на помирување и соработка во овој регион – изјави портпаролката на Европската комисија, Кетрин Реј.Во контекст на овие случувања е и фактот дека месецов во Скопје, на сличен начин како во Пеќ, по повод 110-годишнината на албанскиот јазик и азбука, албанскиот претседател Илир Мета по прославата на заедничката фотографија „леташе орли“, заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и уште неколку високи државници од оваа партија што се дел од македонската влада. Сепак, во македонскиот случај, за разлика од оној косовскиот, сѐ остана само на симболиката и гестот на величање на албанското знаме, без други провокативни изјави.Политичкиот аналитичар Милан Стефаноски ги критикува овие однесувања на албанските политичари од регионот, велејќи дека тие не испраќаат позитивни пораки до сите други земји, бидејќи со своите дејствувања зад превезот на економијата или културата тие директно или индиректно ги подгреваат соништата на Албанците за голема држава во регионот.– За жал, на Балканот редовно сме сведоци на вакви дејствувања на политичарите, кои се штетни и спротивни од вредностите на ЕУ. Ова не е проблем само на Албанците туку слични некоректни гестови може да се најдат и кај повеќето државници од други земји, кои најверојатно потајно сонуваат за некоеси фиктивно формирање на своја голема држава во регионот – вели Стефаноски.Аналитичарот истакнува дека поради т.н. тиранска платформа, која беше споменувана многу за време на политичката криза во земјава, разбирливо е зошто сега во Македонија, благо кажано, со доза на вознемиреност се гледа на овие случувања меѓу Албанија и Косово.Стефаноски потсетува дека токму поради ваквиот страв од голема Албанија, во 2012 година пропадна и иницијативата за формирање т.н. балкански Бенелукс, кој во тоа време предвидуваше економско обединување и царинска либерализација меѓу Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора.

Свет | пред 7 години

47098236_202959380638412_5903154792816967680_n

(ФОТО) Ветерот откорна бандера со напојување, граѓаните нервозни оти некој можел да настрада

Ветерот откорна бандера во Кисела Вода, од која се уште не е исклучено електричното напојување. Повеќе од два часа никој ги санира последниците од паднатата бандера, а непосредно до неа има и паркирано возило. Истата поради електричното напојување и каблите кои се по земја претставува опасност за минувачите. Возилата кои поминуваат по улицата мора да возат над каблите кои се оставени на улицата. Граѓаните се чудат како е можно никој да не дојде да ја санира состојбата, но воедно, велат дека службите не смеат да си дозволат вакви случаеви, оти, бандерата можела да падне над пешаците кои минуваат, па се да заврши трагично.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Три подгрупи во состав на Координативното тело за помирување

Во состав на Конститутивното тело за помирување ќе функционираат три подгрупи. Едната ќе биде задолжена за реформи, другата за помирување и третата за интеграција. Ваквата одлука следуваше по денешниот состанок на Телото одржан зад затворени врати.

Македонија | пред 7 години

ambasador-1

(ВИДЕО) Амбасадорот Дан Ориан денес полни 51 година, видете како вежба!

Популарниот Дан Ориан, нерезидентен Амбасадор на Израел задолжен и за Македонија денес наполни 51 година.Ориан е голем пријател на Охрид и често престојува во нашиот град, и е личен пријател на охридскиот Градоначалник Никола Бакарачески со кого другарува и во Охрид и во Израел.На видеото кое ексклузивно го објавува Охрид1 можете да го погледнете Амбасадорот Ориан како ја покажува физичката подготвеност на утринскиот тренинг, денес кога наполни 51 година.Дан Ориан е исклучително популарен во македонската јавност.

Македонија | пред 7 години

sunger-bob

Почина создавачот на Сунѓерот Боб

Стивен Хиленбург, создавачот на популарниот цртан Сунѓерот Боб, почина на 57 години.Тој починал по кратката битка со Амиотрофична латерална склероза ALS, невродегенеративна болест која ги напаѓа нервните ќелии, се наведува во соопштението.Болеста на Хиленбург му беше дијагностицирана во 2017 година.

Магазин | пред 7 години

rakomet

Ниту една македонска телевизија нема да го пренесува ракометното СП!

 На почетокот на сезоната се крена голема прашина кога ниту една македонска телевизија не ги откупи ТВ правата за натпреварите од Лигата на шампионите, иако имаме два претставника – Металург и Вардар, објави  24 ракомет.Ракометните вљубеници негодуваа за оваа настаната ситуација и мораа да се снаоѓаат како што знаат и умеат. Мораа да бараат линкови на интернет, мораа да доплаќаат дополнителни пакети на кабелските оператори, или да ги посетуваат локалните кафулиња…Слична ситуација ќе биде и во јануари, кога нашата репрезентација ќе игра на Светското првенство во Германија. Ракометните вљубеници ќе можат да ги следат натпреварите против Бахреин, Јапонија, Хрватска, Исланд и Шпанија само на Арена ТВ која ги откупи ексклузивните права за пренос на територијата на Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија. Тоа за 24Ракомет го потврдија од регионалната спортска мрежа Арена спорт.Засега ниту една од македонските телевизии не била ниту блиску да ги откупи правата. Сепак последна шанса за македонските гледачи би бил евентуалниот секундарен пакет на ТВ права, кој ќе ги вклучува само натпреварите на македонската селекција, но за такво сценарио засега нема најава.Гледачите ќе бидат ускратени да слушаат коментар на македонски јазик, освен ако носителот на ТВ правата за Мундијалот не се одлучи во последен момент да ги доближи условите за македонските телевизии во последен обид да го покрие комплетниот македонски телевизиски простор.Слично ќе биде и во Србија како и Хрватска, каде што по повеќе години, натпреварите на “коцкестите” нема да бидат пренесувани на РТЛ.извор:24 ракомет

Спорт | пред 7 години

Adnan_Kjahil

Аднан Ќахил исклучен од неговата партија, вели ќе тужел

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) информира дека го исклучила министерот задолжен за странски инвестицииАднан Ќахил од членство.Партијата бара од премиерот Зоран Заев да го разреши Ќахил од министерската позиција. Во партијата велат дека исклучувањето е поради тоа што министерот „со својот неетички и недемократски пристап го нарушува угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува“ и затоа што работел „спротивно од интересите на партијата“.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Центарот за јавно здравје педупредува: Водата во Струга не е за пиење!

Поради обилните врнези од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина Струга дојде до наршување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност. Од извршените мерења на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на Центар за јавно здравје Охрид, претпладнево, 28.11.2018 г., констатирана е зголемена матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните.Поради тоа и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата кои се приклучени на градската водоводна мрежа, не е здравствено безбедна и истата не треба да се користи за пиење.Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.Центар за јавно здравје Охрид во координација со надлезните институции континуирано ја следи состојбата и навремено ќе информира за состојбата со квалитетот на водата во градскиот водовод во Струга.

Македонија | пред 7 години

mile-i-sopruga

Сопругата на Јанакиески: Груевски да одговара за бегството, а не во притвор да лежат недолжни луѓе!

Сопругата на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, Сања, на својот профил на Фејсбук застана во одбрана на нејзиниот сопруг.Таа смета дека власта треба да го доведе Груевски да лежи во затвор, а не на негово место да страдаат невини луѓе.„1. Дали ги пронајдоа сметките на Миле Јанакиески во странство? Каде се тие сметки?2.Кој ја зборува вистината анонимниот извор на УБК или Претседателот на РМ г-дин Ѓорге Иванов?3.Кога и каде мистериозниот посредник имал средби со Претседателот Иванов и со Миле Јанакиески?4.Кој ќе одговара за прекршување на повеќе закони во Република Македонија и Европската конвенција за човекови права и носењето на одлуки спротивни на праксата на Европскиот суд за човекови права?5. Судот не смее да биде инструмент за одмазда, донесете го Груевски и самот нека одговара за неговото бегство, а не заради него во притвор да лежат недолжни луѓе!“, пишува на Фејсбук, Сања Јанакиески.  

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања