Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

igor-durlovski-1

Фејсбук статус на Игор Дурловски: Една година од како ме одведоја во Шутка

Помина точно една година и еден ден од утрото на 28ми ноември кога дванаесет припадници на МВР, специјалци во полна опрема влегоа во мојот дом, утрото во пет часот. Моите три деца и денес се навраќаат на таа сцена, кога уште несвесни дали се работи за јаве или сон, разбудени од крици, движења и звуци кои не се вообичаени за нормален детски свет, сликата која прва ја гледаат - нивниот татко го носат од дома непознати луѓе во униформи, како на филм, како на лоша претстава, со тоа што овојпат е вистинско, ладно, мрачно, гадно, нема пауза помеѓу чинови, само една длабока траума со која без никаква нивна вина се соочени од најмали.Моите деца тој ден не отидоа на школо.Мене ме одведоа во Шутка.Истиот ден го прочитав обвинението. Терористичко загрозување на уставниот поредок. Уставниот поредок на Република Македонија...Македонија...единствената вистина за која сум се борел покрај семејството и блиските, Македонија. Македонија, последната светла точка во секој разговор со моите татко и мајка, раскажувајќи за маките со кои биле соочени во минатото, бегалци, борејќи се секојдневно со предизвиците на сиромаштијата, единствено најблиските, семејството, и Македонија беа Вистината, смислата. Сепак, дојде време да се соочам и со ...според мене одекот, ехото на... секој еднаш во животот ќе мора да се соочи со судбината.Покрај фактот дека поголемиот дел од мојот живот може да го поминам во затвор, се соочив и со обвинувањето дека единственото нешто за кое искрено сум се борел – сум го загрозил, и тоа терористички. А обвинението? Сакам да пишувам за тој ден, 27 април, за Вистината, соочена наспроти напишаното со заслепувачка омраза.Запишано е дека сум држел потпалувачки говори за да повикам народ. А фактите за кои и обвинителството е запознаено се следниве:После пеењето на химната, пред Владата на Република Македонија, заминувам со мојот тогаш 9 годишен син на ракометен натпревар.Се наоѓам пред "Јане Сандански" кога дознавам дека народот кој беше пред нас 82 дена, веќе е влезен во Собранието, го одвезувам син ми и се упатувам натаму. После половина час од влегувањето, се појавувам во Собранието, каде неколку илјади се веќе присутни, ме пречекуваат, ...се упатувам накај пленарната сала, застанувам до моите колеги со кои протестиравме изминатите денови...Горди луѓе кои пејат родољубиви песни.Обвинителството не поседува ниедна снимка, ниеден цитат нити доказ од било каков потпалувачки говор, моето присуство таму е чин на лојалност и поддршка на неколкуте илјади искрени поддржувачи на мирната борба за зачувување на Република Македонија. Информациите за настанот на друго место во зградата на собранието ги добивам пред моето излегување од зградата, и навраќајќи се од оваа перспектива на тие моменти, сигурен во своите проценки и постапки, тврдам дека моето присуство таму е со чиста мотивација и искрена желба да се заштити а не да се загрози, да се заштити а не да се нападне, да се биде со своите, заради чест, заради љубов, заради верба во луѓето.Од оваа перспектива, после година дена преиспитување, борба со чувствата и практичните проблеми, меѓународната кариера која е стопирана, секојдневна состојба на неизвесност, адвокати, обвинители, судии... семејството... притворот како една посебна драма во мојот живот и во животите на моите деца и мојата сопруга, траумите кои им ги нанесов на моите најблиски, преиспитувањето на се што било и се што треба да дојде, сето тоа мене лично ми беше една животна лекција, едно искушение, една борба, најголема, после која сум уште поубеден, посилен, со почиста мисла. Но тоа е лично, тоа ќе си го носам јас и ќе си го носат моите најблиски како товар до крајот на животот.Тоа што деновиве е актуелно, е таканареченото помирување, помилување, простување... Христијански е да се прости. Простувањето е највисокиот чин на моралните. Во случајов прашањето кое си го поставувам е кому треба да простам и кој мене треба да ми прости?Треба ли да им простат на стотиците луѓе кои искрено ми пристапуваат, ме прегрнуваат, се фотографираат со мене на улица, ми даваат поддршка да истраам во овие премрежија...или треба да им простам на тие кои со злокобна радост и лиги ги читаат гнасните обвиненија за мене и други, жедни за крв и одмазда, омраза кон замислен душман, потсвесно конструиран лик кој треба да ја надокнади нивната немоќ да се соочат со реалноста? Милост не барам, само ПРАВДА!Да, подготвен сум да му простам на еден бивш министер, кој ја саботираше свесно претставата "Турандот" набргу после моето излегување од Шутка...Простете им на моите поддржувачи кои покажаа доблест и храброст таа вечер да го извикаат моето име од публиката иако во тој период беше екстремно ризично да се биде покрај мене таму...Подготвен сум да им простам на раководството во мојата матична куќа МОБ, мојот втор дом, кои се правдаа зошто ме ангажирале да го правам тоа што знам – да пејам.Нека му биде простено и на бившиот синдикалец, сегашен директор на македонската филхармонија, кој трудејќи се да ви се допадне сакаше да го откаже настапот на мојата сопруга...Подготвен сум да и простам и на бившата револуционерка, претседателот на УО, која денеска напаѓајќи го истиот директор, го споменува нашето име, ако и помага?Им простувам на сите оние луѓе на кои сум им помагал во животот искрено, кои во тие моменти беа на сигурна дистанца од мене...дали тоа ќе им помогне денес?Простувам и на сите мои блиски пријатели, кои се плашеа да стават лајк на постовите за моја поддршка, простувам и на дел од моите роднини, луѓето од кои очекуваш да бидат блиску кога е најтешко...Простувам на македонските колеги кои за разлика од странските ја преспаа неправдата врз мене и моето семејство. Простувам и на поголем дел од новинарите, кои свесно објавуваа и пишуваа, гласно извикуваа работи за кои знаат и самите дека се невистини...Ви простувам на сите за тоа што моите деца спиеја на моето место додека јас ја делев ќелијата во Шутка, ви простувам на сите за стресот кој и денеска децата го имаат кога ќе го напуштам домот и ме прашуваат дали го понесов мојот мобилен телефон. Ви простувам и за нивната мака и нивната траума, се надевам дека еден ден и тие ќе пораснат, ќе разберат, сфатат дека човечки е да се простува... Ви простувам, ја разбирам вашата слабост и уште ќе бидам тука за вас, на сцената и во публиката...Тоа што сакам да остане запомнето од овој мрачен период е храброста, љубовта и искрената верба на оние кои останаа до мене во најтешките моменти, бидејќи уште еднаш ми докажаа дека борбата за доброто на сите има смисла и истата е вредна за секој искажан збор, гест и постапка. Ми ја сочуваа надежта дека човекот се гради со секое искушение во подобар, поголем...А за разнебитувањето... Молете се идните генерации да ви простат.Сакам да ви се заблагодарам на сите што бевте со мене со вашиот збор, присутност во моја близина, допаѓање или коментар на мојот профил, на оние кои ги познавам лично и не сум имал чест да ги запознаам, на сите оние кои сте биле или не сте биле во можност на било каков начин да се вклучите во оваа борба.Живеејќи го ова лудило, успеав да ја сочувам честа и достоинството, имајќи покрај мене една посебна, голема жена, жена – лавица, жена – мајка, жена херој...на која јавно и се заблагодарувам што беше силна покрај мене, мојата сопруга Ана.Простете ми но јас ќе завршам со една фраза која ја употребував на секој протест.Да живее Македонија!Ваш Игор.  

Македонија | пред 7 години

kamen-granicen

Битолчанец признал дека ги оштетил граничните камења на границата со Грција

Регионалниот центар за гранични работи Југ го расчистил настанот од 23 овој месец кога беа оштетени и поместени граничните камења помеѓу Македонија и Грција.„По преземени мерки констатирано е дека сторител на кривичното дело ‘оштетување туѓи предмети’ е Б.М.(36) од сeлото Гермијан, Битола. Во полициска станица извршен е разговор со Б.М. и тој го признал кривичното дело“, соопшти полицијата.Во координација со Основното јавно обвинителство Битола и по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава. 

Македонија | пред 7 години

kucinja-skitnici

Нов случај на напад на кучиња скитници, искасани малолетно дете и жена

Малолетно дете и жена биле нападнати од кучиња во Скопје. Првиот случај се случил во вторникот, кога Б.Т. била искасана од куче околу 13,00 часот на улица „Антон Попов” во Скопје.Вчеравечер, пак, А.Ж.С.(36) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на улица „Бојмија” во Скопје нејзиното малолетно дете било каснато од куче-скитник.

Скопје | пред 7 години

dedo-tamara

Укината затворската казна за дедото на малата Тамара , судот одлучи судењето да почне одново

Aпелациониот суд донесе одлука да му ja укине затворската казна од 7,5 години на дедото на малата Тамара кој пукаше во Никола Тодоров поранешниот министер за здраство. По жалба на одбраната на Љупчо Стојановски, судот одлучи судењето да почне одново.Стојановски пукаше во Тодоров непосредно пред тој да ја предаде должност на новиот министер Арбен Таравари на 1 јуни минатата година.За поседување на оружје му беше одредена казна затвор од една година. 

Скопје | пред 7 години

ukrasi-skopje

Скопје годинава ќе биде најскапо украсен – склучен договор за 260.000 евра

Бирото за јавни набавки го објави договорот меѓу Град Скопје и фирмата „Линк медиа плус“ за досега најскапото новогодишно украсување на градот, кое ќе чини околу 260 илјади евра со ДДВ.Оваа фирма редовно го добива тендерот за украсување на главниот град, но во претходните години украсувањето беше видно поевтино.Според договорите за јавни набавки, минатата година за оваа намена биле платени 195 илјади евра, исто колку и во 2016 година додека градоначалник беше Коце Трајановски. Во 2015 година украсувањето чинело најмалку, околу 170 илјади евра.Според договорот, за овие 260.000 евра што ќе се одвојат од буџетот, Скопје ќе добие новогодишна елка што ќе биде поставена на плоштадот Македонија и на неколку други локации, а предвиден е и огномет за новогодишната ноќ. Во договорот од минатата година склучен со фирмата „Линк медиа плус“, пак, не бил предвиден огномет.Минатата недела градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека „граѓаните мора да добијат нешто што не го добивале досега“.„Во текот на декември на плоштадот Македонија првпат ќе осамне новогодишна населба, нешто што во Скопје досега го немало. Нашиот план е населбата со име Винтерленд (Зимска земја) за граѓаните да се отвори на 7 декември. Во неа ќе има куќички украсени во новогодишен амбиент и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. Ќе има и топ за создавање вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во селото ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер“, рече тој. 

Скопје | пред 7 години

navreedliva-poraka

Советник во Собрание со крајно навредлива ФБ порака за смртта на академик Блаже Ристовски

Лице вработено како советник во Собранието на Република Македонија на коментар на објава за смртта на академик Блаже Ристовски напиша недоличен коментар. Коментарот “цркнал конечно” го напишал од својот ФБ профил , а админите на страницата каде беше напишан го отсраниле. Но сепак твитер заедницата го виде и крена аларм за однесувањето на кадри вработени во Собрание од албанската полулација.

Скопје | пред 7 години

zaev-sobranie-1

Заев: Можна е инвестиција на Facebook и Google во Македонија, ако е извесно членството во НАТО и ЕУ

„Колку сте задоволен од инвестицијата на интернет гигантите Facebook и Google во Македонија“? Запраша иронично на денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.„На 12 септември 2017 година на 24 вести изјавивте дека директно работите со овие две мултинационални компании, дека за разлика од Швајцарија и Ирска кои им бараат данок на добивка од 23 проценти, односно 19 проценти вие им нудите данок на добивка од 3 проценти и дека истите ќе дојдат во Македонија со 30 милијарди евра добивка. Три дена подоцна во Топ Тема кажавте дека сте во напредна фаза на преговори со Фејсбук и Гугл, а на 19 септември имавте средба со господинот Коен еден од директорите на овие компании, по што изјавивте дека сте поставиле добри основи за соработка и инвестирање во Македонија. Моето прашање е како сте задоволен од реализацијата на најавените инвестиции на Фејсбук и Гугл во Република Македонија“, праша Милошоски.Заев одговори дека инвестициите на Фејсбук и Гугл се посакувани во секоја земја, но дека таквите инвестиции зависат од извесноста на членството на Македонија во ЕУ и НАТО:„Верувам дека таква инвестиција можно е да се рализира во Македонија. Очекувам Македонија да има сигурна иднина со членството во НАТО и ЕУ, почнуваме со скринингот и разговори. Ова е извесна можност да се случи во Македонија, ќе продолжиме да разговараме и кога ќе имаме нешто конкретно ќе го соопштиме. Негувам надеж ако Македонија ги заокружи политичките процеси и тоа се потврди со уставните амандмани и стане извесно членството во ЕУ, сите заедно ќе помогнеме бордот на директори да донесат одлука за инвестиција“ , рече Заев.Милошоски, незадоволен од одговорот, го обвини Заев дека Владата ширела лажна пропаганда и лажни ветувања, и дека кога ги најавувал инвестициите премиерот не спомнал ништо за членството во ЕУ и НАТО. Според Милошоски, Владата работи единствено на тоа да создаде привид дека работи, а членството во овие организации го користи само како алиби за својот неуспех. „Вработување на нови 50 луѓе во Владата за да ви ставаат лајкови на вашите постови – тоа е единствената инвестиција што сте ја направиле од Фејсбук“, заклучи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.  

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Рација во седиштето на „Дојче банк“ поради скандал со перење пари

Германското обвинителство влезе во главното седиште на „Дојче банк“ во Франкфурт, во рамки на истрагата за перење пари, јавуваат германските медиуми.Германскиот јавен обвинител тврди дека двајца вработени во банката им помогнале на одделни клиенти да перат пари од криминални активности.Другите канцеларии на „Дојче банк“ во градот исто така биле претресени во операција која вклучувала околу 170 полицајци и службеници.Акциите на „Дојче банк“ паднаа за 3 отсто откако се појавија вестите за рацијата. Компанијата потврди дека полицијата извршила рации во неколку локации во Германија и дека целосно соработувала со истрагата.Документи и електронски фајлови се заплетени од страна на службениците за време на рациите на имотот на банката.Истрагата почна со откритијата во 2016 година „Панама пејперс”, кога огромна количина информации протекоа од една од најтајинствени компании во светот, панамска адвокатска фирма наречена „Мосак Фонсека“.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Компанија испуштала отровни хемикалии во Брегалница

Полицијата поднесе кривична пријава против две лица од компанија во Делчево поради загадување на водата и опасност за опстанокот на животинскиот свет.МВР наведе дека од објектот на првопријавеното правно лице, во кое второпријавениот е управител, преку цевката за отпадни води, во реката Брегалница биле испуштени отпадни води со хемиски агенси кои се отровни за животинскиот свет, со што предизвикале опасност за опстанокот на рибите во реката Брегалница. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Притвор за двајца разбојници кои ограбија и претепаа жена во Кривопаланечко

Основното јавно обвинителство од Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.Како што информираат оттаму, осомничените на 16 октомври минатата година насилно влегле во семејна куќа во селото Конопница, Крива Паланка и физички ја нападнале сопственичката удирајќи ја неколкупати по главата и телото со дрвен стап и обраќајќи и се со зборовите „каде се парите“.Притоа, со употреба на сила и сериозна закана од жената одзеле пари во износ од 20.000 денари и една златна паричка.Против двајцата осомничени, Основното јавно обвинителство Куманово до судија на претходна постапка поднесе предлог за определување притвор.Судијата со решение го уважил предлогот на обвинителството и определил притвор за двајцата осомничени во времетраење од 30 дена. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Работник почина при одрон на земјиште во Припор

Вчера на улицата Христо Татарчев во скопската населба Припор дошло до одронување на земјиштето, при што биле потрупани двајца работници, од кои едниот починал, соопшти полицијата.„Ѓ.Ѓ (57) од Скопје починал на местото на настанот, додека Ш.Ш.(52) од Куманово со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница ‘Св. Наум Охридски’“, велат од МВР.Извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пронајдена марихуана кај две лица од Скопје

Полицијата поднесе кривични пријави против две лица од Скопје, од кои едниот на 20, а другиот 29-годишна возраст, поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.При извршен преглед и легитимирање кај лицата пронајдена била марихуана, соопшти МВР. 

Скопје | пред 7 години

vmro-11

ВМРО-ДПМНЕ: Европратениците рекоа дека ни се потребни реформи на секое поле

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, како дел од собраниска делегација учествува на настанот „Тркалезна маса на високо ниво за процесот на евроинтеграција на Западниот Балкан во регионален поглед во Брисел“.Мицевски во Брисел остварил повеќе средби меѓу кои со европрениците: Алојз Петерле, Кнут Флекенштајн, Едуард Кукан, Иво Вајгл и Рајнхард Бутихофер, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.„На средбите се разговараше за евроинтеграцискиот пат на Република Македонија, при што од европратениците беше посочено дека за членство во ЕУ ни се потребни вистински реформи на секое поле“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Опозицијата појаснува дека европратениците ја посочиле потребата од реформи во правосудството и јавната администрација, како и во безбедносните служби. Заемно заклучиле дека борбата против криминалот и корупцијата е исто така важен сегмент во насока на нашите евроинтеграции. 

Македонија | пред 7 години

mkd-zgradi

О2 Иницијативата ја повика МПЦ да ја подари парцелата во Центар за парк

О2 Иницијативата преку јавен повик побара Македонската православна црква да се откаже од парцелата спроти „Холидеј ин“ и место згради таму да се изгради парк. О2 ја повикува црквата да не ги осудува децата на живот во гасни комори и да не дозволи материјалното да го засени духовното.„Ве повикуваме плацот што го поседувате во строгиот центар на Скопје да го донирате за парк што ќе биде симбол на вера и љубов, она што на овој народ во овој момент покрај чистиот воздухот му е најпотребно. Практикувајте го она што го проповедате, вратете ја надежта на луѓето во добрината и духовноста. Не осудувајте ги нашите деца на живот во гасни комори, бебиња на борба за живот уште неродени, не нè терајте да молиме за воздух. Во име на тие деца и нивната иднина не правете ја оваа грешка, не давајте материјалното да го засени духовното. Конечно, и вие некогаш некому, на својот народ или на Бога, ќе треба да одговорите која е потребата на духовни лидери да се опкружуваат со материјални работи. Која е потребата до вашите црковнички титули да стојат суми испишани во евра? Во вашиот земски живот правевте добро или зло?“, стои во јавниот повик објавен на „Фејсбук“.Од Иницијативата нагласуваат дека надежта е алката која во ова руинирано општество сè уште колку-толку ни ја држи главата над водата. Надежта за квалитетен живот, љубовта кон својот град и верата во добрината на сограѓаните.Македонската праволсвна црква по пат на денационализација стана сопственик на парцела од 3.766 квадратни метри спроти „Холидеј ин“, кои ги отстапила на фирмата „Обновители“, која, пак, за возврат треба да изгради зграда во која МПЦ ќе има канцеларии. Сопственикот на „Обновители“, Зоран Антиќ, е сопственик и на „МГ Фешн“ која, пак, од државата ја откупи соседната парцела од 9 000 квадратни метри по цена од 312 евра за квадратен метар.На земјиштето спроти „Холидеј ин“, иако почна расчистувањето на времените објекти, сè уште не може да се гради поради мораториумот за градење и ревидирањето на 30 детални урбанистички планови во општина Центар меѓу кои е и планот за ова земјиште. Граѓаните сметаат дека поради ревидирањето постои можност да побараат на просторот да се предвиди парк. Градоначалникот, пак, на општина Центар, Саша Богдановиќ, вчера изјави дека дали ќе се градат згради кои би биле со помала катност од сегашните 60 ката или, пак, просторот ќе добие друга намена ќе зависи од планот кој во моментов се подготвува. Тој најави дека нацрт-планот ќе биде изложен и граѓаните ќе имаат можност за забелешки. Треба да биде изготвен во следните два-три месеци.Пренамена на двете парцели спроти „Холидеј ин“ јавно побара и ексдиректорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Михаил Гаревски, кој ги повика граѓаните да го одбранат просторот од згради по примерот на одбраната на ГТЦ од барок кога се организираше гушкање на трговскиот. Тој смета дека на просторот спроти „Холидеј ин“, кој сега се користи како паркинг, треба да се изгради плоштад.

Скопје | пред 7 години

opstina-centar

Издадени седум нови решенија за отстранување урбана опрема во општина Центар

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во изминатиот период врши засилени контроли и инспекции, особено на локациите каде што има поставено дива и нелегална урбана опрема (затворени тераси, маси, столови…).„Издадени се 7 нови решенија за отстранување на урбаната опрема на правни лица кои се наоѓаат на територија на општината. Решенијата се веќе дадени на понатамошна обработка, а согласно со законската регулатива во Република Македонија, правните лица имаат определен рок во кој самите треба да постапат по решенијата и да ја отстранат урбаната опрема. Доколку не го сторат истото, општината ќе постапи по решенијата, во рамките на својата законска ингеренција“, велат од Општина Центар.Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ уште еднаш апелираат до сите засегнати страни и правните лица да се придржуваат до и да ги почитуваат правилата и процедурите за издавање одобрение за поставување урбана опрема и заградување на просторот.

Скопје | пред 7 години

mnr-i-brazil

Одржани политички консултации меѓу Македонија и Бразил

Во Бразилија вчера беа одржани политички консултации помеѓу Република Македонија и Федеративната Република Бразил. Делегациите на двете земји ги предводеа државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски, и генералниот потсекретар при бразилското МНР, амбасадорот Алесандро Кардеас. Политичките консултации коиндицидираат со одбележувањето на дваесетте години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Бразил.Димовски и Кардеас го истакнаа задоволството од позитивниот тренд на развојот на билатералните односи меѓу двете пријателски држави, при што беше нагласен заемниот интерес за продолжување и продлабочување на политичкиот дијалог и соработка, со посебен акцент на унапредувањето на економската и парламентарната соработка, како и соработката во областа на културата, образованието, туризмот и другите области од заемен интерес. Особено внимание беше посветено на продолжувањето на соработката на двете земји во рамките на мултилатералните организации.Воедно, беа разменети мислења и за актуелни теми од меѓународните односи, внатрешно-политичките и економски состојби во двете земји, како и за регионалните прашања во Југоисточна Европа и во Јужна Америка.Согласувајќи се дека одржувањето на политичките консултации помеѓу двете земји треба да стане редовна пракса, Димовски и Кардеас изразија надеж дека набргу ќе биде реализирана најавата за отворање на Амбасадата на Бразил во Скопје.

Македонија | пред 7 години

antonio_govornica

Милошоски до Заев: Вработување на нови 50 луѓе во Владата е да ви ставаат лајкови

Вработување на нови 50 луѓе во Владата за да ви ставаат лајкови на вашите постови е единствената инвестиција што сте ја направиле од „Фејсбук“, му порача на премиерот Заев пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната седница за пратенички прашања.Алудирајќи на најавената странска инвестиција од „Фејсбук“ и „Гугл“ во Македонија тој праша до каде е инвестицијата која лани ја најави премиерот. Заев одговори дека тие компании се посакувана инвестиција за секого, како и стотици други компании кои размислуваат, но дека членството во НАТО има влијание врз целиот процес.„Негувам надеж ако Македонија ги заокружи политичките процеси и тоа се потврди со уставните амандмани и стане извесно членството во ЕУ, сите заедно ќе помогнеме бордот на директори да донесат одлука за инвестиција“ рече Заев.Милошоски, пак, обвини дека уставните измени и членството во ЕУ и НАТО се користи како оправдување да се покрие, како што рече, неспособноста на Владата да донесе странски инвестиции. 

Скопје | пред 7 години

sadnici-bitpazar

Засадени 40 јасени на Бит-пазар

За првпат на Бит-пазар ќе има дрворед. Засадени се 40 нови здрави висококвалитетни садници од видот јасен, истакна денеска портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, при промоцијата на овој зафат.Како што рече тој, Градот Скопје работи на намалување на загадувањето и подобрување на животната средина, односно на надоместување на изгубеното зеленило и зголемување на парковите и на дрворедите.„Мерната станица на оваа локација изминатиов период покажува висока концентрација на ПМ10 честички, а со зазеленување на овој простор ќе се влијае на намалување на загадувањето. Дополнително, со садењето дрва на оваа локација конечно ќе ги ослободиме тротоарите од возила. Приоритет оваа есен е обновување на сите постојни дрвореди во центарот на градот и подигање нови. Во Скопје по должината на градските сообраќајници и во средишните жардиниери на булеварите има речиси 500 пенушки кои ќе бидат отстранети и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници“, истакна портпаролот на Град Скопје.Тој додаде дека минатата недела бил реконструиран дрворедедот на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов каде што биле заменети 40 исечени и паднати дрвја со нови висококвалитетни садници, односно со ист вид дрвја како што претходно имало во овој дрворед.Салиху најави дека есенва ќе бидат засадени 3.500 листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини.„Следната недела ќе се реконструира дрворедот на улицата Франклин Рузвелт, а во наредниот период ќе се подигне нов дрворед во Ѓорче Петров“, изјави тој.Посочи дека сите дрвја ќе бидат засадени внимателно, грижливо, задржувајќи се на автентичните видови какви што имало засадено на тие места.

Скопје | пред 7 години

pozar-avtomobil

(ФОТО+ВИДЕО)Во подметнат пожар изгоре автомобил на семејството на Миле Зечевиќ

Во пожар целосно изгорел автомобил „тојота корола“ паркиран на улицата Генерал Михајло Апостолски, во скопската населба Карпош 1. Опожарениот автомобил бил паркиран на улицата пред куќата во која живее Миле Зечевиќ, а возилото е во сопственост на неговата сопруга, обајви порталот мкд.мк.Се претпоставува дека пожарот, кој избувнал утрово околу 3 часот, бил подметнат.Полицијата извршила увид, но сѐ уште го обезбедува местото.Миле Зечевиќ е член на Централниот одбор на СДСМ.Во 2006 година беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, а претходно и шеф на кабинетот на Владо Бучковски, кога овој беше министер за одбрана. Извор: мкд.мк

Скопје | пред 7 години

bebe

Хорор во регионот: Татко до смрт го претепал своето петмесечно бебе

Пет месечно бебе почина во болница во Земун, како резултат на сериозни повреди кои ги здобил од неговиот татко, објави „Блиц”.Имено според српските медиуми 22-годишниот татко, бебето го претепал до смрт. Петмесечното бебе поминало неколку дена во болницата во Земун и умрело на 23 ноември, а таткото е уапен од полицијата и го признал злосторството.На аутопсијата било откриено дека бебето имало повеќекратни фрактури на ребрата и бројни крвави дамки на рацете и на главата. Полицијата се сомнева дека бебето било тепано со раце.Засега иако 22-годишниот маж е уапсен и го признал злосторството не се откриваат информациите зошто тој го сторил тоа.

Свет | пред 7 години

Средношколците од Тетово на протест поради аерозагадувањето

Со извикување на паролата „Чист воздух“ и транспаренти со натписи „Стоп на аерозагадувањето“... дел од тетовските средношколци денеска преку мирен протест го изразија своето незадоволство од како што  велат непреземањето никакви мерки од локалната власт за подобрување на состојбите со загадувањето на воздухот.Тие и дадоа на градоначалничката Теута Арифи рок од седум дена да донесе мерки и препораки против аерозагадувањето. На денешниот мирен протест пред општината искажаа револт за несериозноста и незаинтересираноста на надлежните, за решавање на еден од најважните проблеми.Иако најавено, на денешниот протест, не се собраа сите средношколци од градот. Учениците тврдат дека имаат големи притисоци да се откажат од бојкот на наставата, но велат ќе одат до крај. Жалат што немаат поддршка од нивните професори.Градоначалничката Теута Арифи, додека траеше протестот не беше во општината. Остана недостапна и за медиумите, и за да ги слушне барањата на учениците.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Матноста на водата за пиење во Струга, денеска во границите на законски дозволените вредности

Состојбата со квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, а поврзано со вредноста на параметарот матност, постепено се нормализира, Денешните (29.11.2018) мерења на матноста на мерни места во градот Струга и во селата приклучени на градскиот водовод покажуваат дека вредноста за параметарот матност е во границите на законски дозволените вредности. Во тек се пошироки физичко-хемиски и микробиолошки анализи на земените примероците на вода за пиење во лабораториите на Центар за јавно здравје Охрид, после што наодите од анализите ќе бидат доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување, велат од Центарот за јавно здравје. 

Македонија | пред 7 години

eksplozija-zagreb

Силна експлозија во Загреб, засега нема информации за повредени при инцидентот

Во центарот на Загреб, рано утринава дојде до експлозија, соопшти хрватската полиција. Засега нема информации за повредени при инцидентот.– Добивме дојава во 06.20 часот. Постапката е во тек, изјави претставник на загрепската полиција, пренесува „Јутарњи лист“.Очевидци велат дека наводно бомба експлодирала во едно кафуле, спроти кое е зградата каде живее Томислав Карамарко, еден од оснивачите на партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ).Во експлозијата оштетени се неколку возила, а искршени се и прозорците на првиот кат од зградата во непосредна близина. 

Свет | пред 7 години

mijalkov-2

Специјалци го обезбедуваат судот, а ексдиректорот на УБК Мијалков, неговото лично обезбедување

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков утринава првпат излезе од ќелијата  и под засилено полициско обезбедување со затворско комбе беше донесен во суд, за да присуствува на денешното рочиште за „Трезор“ на СЈО, за незаконската набавка на прислушна опрема од Британија.Додека комбето од истражниот затвор во Шутка го внесуваше Мијалков во суд околу возилото имаше и припадници на специјалните единици на МВР.Специјални единици ги обезбедуваат и влезовите и излезите од судската зграда, а внатре во судница се и 6 лица – негови  обезбедувачи кои го обезбедуваа постајано додека се бранеше од слобода за постапките на СЈО.Инаку Мијалков, Горан Грујевски, Тони Трајковски и Небојша Стајковиќ во „Трезор“ се обвинети за незаконско прибавување на 820 илјади евра преку набавка на електронска комуникациска опрема.Судењето за „Трезор" е во тек со изведување на писмени докази.

Скопје | пред 7 години

NBRM

НБРМ: Има потреба од консолидација на домашниот банкарски систем, но досега ни една банка не побарала

Во врска со информацијата дека ќе се спојат Охридска, Стопанска и Шпаркасе банка, се обративме до Народната банка на Р Македонија. Дописот од НБРМ ви го објавуваме во целост:„До моментов, до НБРМ, од трите банки наведени во Вашето прашање не е доставено барање за статусна промена на присоединување или спојување. Имено, согласно со Законот за банките, за добивање дозвола за статусни промени, банката е должна да поднесе барање до НБРМ. Документацијата, постапката и критериумите за добивање дозвола за статусни промени на банка се пропишани со Одлуката за издавање дозволи донесена од Советот на НБРМ, јавно достапна и на институцијалната веб - страница.Во случај на добивање барање за статусна промена, а врз основа на оценка за исполнуавње на критериумите се донесува решение за издавање дозвола или за одбивање на барањето. Рокот за донесување на решението е регулиран со Законот за банките (член 22),  јавно достапен на веб - страницата на НБРМ.НБРМ, во повеќе наврати го има изнесено својот позитивен став за потребата од поголема консолидација на домашниот банкарски систем, преку окрупнување по пат на спојување или присоединување на банките во системот согласно со регулативата. Цениме дека доколку се случи процес на консолидација, тој особено би бил значаен за помалите банки, кои поради економијата на обем, на подолг рок би се соочувале со предизвик за остварување на  доволно високи и стабилни приходи кои би им обезбедиле континуиран позитивен финансиски резултат и долгорочна перспектива за функционирање. Меѓу другото, окрупнување на банкарскиот систем би значело и ефективно натамошно зголемување на конкуренцијата, што би требало да доведе до проширување на лепезата на производи кои ги нудат банките, а под конкуретни услови.Уште еднаш потенцираме дека до моментов, до НБРМ, од трите банки наведени во Вашето прашање не е доставено барање за статусна промена на присоединување или спојување.Истовремено, ја користиме оваа можност за комуникација со Вашиот медиум, за уште еднаш да потсетиме дека и според најновите податоци, банкарскиот систем на земјава е сигурен, висококапитализиран и ликвиден.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања