Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

jani-makraduli

Макрадули во одбрана на Планот за чист воздух: Тој е реален и ќе даде резултат

Работата на инспекторите и на индустриските капацитети, како и управувањето со отпадот, се прашањата кои најмногу се повторуваа на првиот онлајн „разговор“ на заменик-министерот Јани Макрадули со граѓаните. Со одговорите тој го промовираше новиот ткн. План за чист воздух, кој треба да даде решение за аерозагадувањето. Сепак, половина час не беше доволно да се одговорат ниту половина од поставените прашања на Фејсбук и Твитер.Макрадули посочи дека ги лоцирале загадувачите во транспортот и градежништвото. Тој во неколку наврати нагласи дека најголемиот фактор за загадувањето на воздухот се токму домаќинствата, со употреба на јаглен и други средства кои ја зголемуваат калоричната моќ на неефикасните печки.„Социјалните случаи кои се греат на нееколошки средства ќе добијат помош од државата и директна замена на она што го користат“, вети заменик-министерот.Но, прво заменување на нееколошките системи за загревање ќе има во градинките и училиштата.„Недозволиво е едно училиште, или градинка да троши 30 000 евра во зимскиот период некогаш и до 40 000 евра за нафта“, рече тој.„Некои домаќинства ќе добијат инвертори, некои топлотни пумпи, а некои повторно ќе ги приклучиме на парното греење“, истакнувајќи дека еден инвертор чини 250 евра.Дел од коментарите на јавноста се однесуваа и на буџетот одвоен за справувањето со аерозагадувањето.„Ние сакаме да се справиме со загадувачите, а не да им купиме маски на сите луѓе. Маската не е решение за справување со загадувањето“, одговори тој на едно од прашањата упатени на социјалните мрежи.Заменик-министерот појасни дека 1,6 милиони евра ќе бидат само за намалување на аерозагадувањето, а 22 милиони за останатите области од животната средина. Сепак, признава дека овие средства не се доволни, но според него е добар почеток, надевајќи се на неколку најавени меѓународни финансиски институции.„И со овие средства ќе покажеме дека постојат резултати“, рече Макрадули.Во однос на субвенциите за возила – појасни дека при субвенционирањето нема да се прави разлика меѓу правни и физики лица, односно 3000 евра ќе изнесуваат субвенциите за хибридно возило, а 5000 за електрично. Надополни и дека до некои органи на владата веќе има барање да користат еколошки превозни средства. За налепниците, пак, повтори дека се добиваат врз основа на нивото на емисии што ги ослободуваат, а не според годината на производство.Инспектори, проверки и работа на индустриските капацитетиЕдна од работите кои најмногу ја интересираше јавноста беше и работата на инспекторите и на индустриските капацитети.„Во Македонија има вкупно 396 компании со легални дозволи, од кои 160 со А, од кои пак 125 се активни и 236 со Б дозволи. Има и компании кои работат со усогласување на оперативниот план, како Југохром, според кој од 2014година не успеа да се усогласи, да набави филтри и сега не работи“, рече Макрадули.За инспекторите, пак, одговори: „Секогаш инспектори нема, но тројца инспектори кои постоеја во Град Скопје до 2017 година, сега се 18. Има уште нови 5 во Државниот инспекторат“.Информираше дека во моментов на Електронскиот регистар на прописи – ЕНЕР е поставен Законот за инспекциски совет, кој ќе биде чадор на сите инспектори и како што рече, ќе овоможи поголема моќ за интервенција и ќе спречи избегнување на одговорност.Во однос на проверките кои ги прават инспекторите, Макрадули рече дека може да бидат редовни, или вонредни. Информира дека во изминатиов период се зачестени.„Инспекторите на Градот Скопје ги проверија вонредно сите компании коишто имаат Б дозвола, и во месеците септември и октомври, годинава, се изречени дупло повеќе казни од лани“, нагласи Макрадули.За мерењата на штетните емисии кои ги испуштаат индустриските капацитети, заменик-министерот одговори дека нив ги вршат акредитирани лаборатории.„Во моментов се врши акредитација на лаборатријата што постои во Министерството за животна средина. За таа цел се набави скапа вага која беше расипана“, соопшти тој.За поголемите индустриски капацитети како „Макстил“ и „Усје“ тврди дека постојано се мерат.„За една инсталација да добие дозвола, мора да има мерен инструмент и тие ги мераат податоците и ги доставуваат до Министерството или ги објавуваат на веб страницата“, рече Макрадули.„Се вршат редовни и строги контроли“, забележа тој.„Со новиот закон за индустриски емисии уште повеќе ќе се зголемат тие контроли“, ветува заменик-министерот.Информира дека РЕК Битола потпиша договор со компанијата „МЗТ Инженеринг“ за 22 милиони денари да најде решение за прашината, која долг период ги покриваше почвата и земјоделските поседи во околината.„Ќе почне и процесот на обнова на електростатските филтри, ќе се заседат 50 00 багреми, а досега се засадени 20 000“, вети тој.

Македонија | пред 7 години

struja-2

Без струја делови на Студеничани, Ѓорче Петров, Центар и Аеродром

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека се планирани следните технички зафати во дистрибутивната електромрежа:Во периодот од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улиците 4, 6 и 7 во с. Батинци (општина Студеничани); ул.Воин Драшковиќ (кај фабриката „Ферулфлок“) (општина Ѓ.Петров)Во периодот од 9:00 до 14:00 часот корисниците на дел од ул.Македонија, поточно непарните броеви од ул.Димитрија Чуповски до плоштадот Македонија (општина Центар).Во периодот од 9:00 до 13:00 часот корисниците на дел од ул.Ѓуро Салај, дел од ул.Алекса Демниевски подулица 19, дел од ул.Даутица (општина Ѓ.Петров).Во периодот од 8:30 до 12:30 часот корисниците од ул.Илија Димовски-Гоче, ул.Кресна (АВРОРА) непарните броеви од 9 а до 19 а (општина Аеродром).

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Настинката го слабее срцето

Многумина не ги сфаќаат сериозно настинката и респираторните инфекции предизвикани од вируси, но овие состојби може да доведат до сериозни болести: развој на ревматска треска, влошување на алергијата, слабеење на срцето…Настинката во комбинација со слаб имунитет како по правило значи појава на бактерии. Тие се главната причина што обично вирусно воспаление може да се комплицира и да се добие инфекција на увото, хронично синусно воспаление, продолжена кашлица, пневмонија.Професор Петар Оташевиќ, кардиолог на Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“ во Белград, вели дека респираторните инфекции, а пред сè, грипот, неколкупати ја зголемуваат опасноста од појава на срцева слабост.Ако симптомите продолжат и по три-четири дена или ако се влошат во смисла на тешкотии при дишењето, болка во градите или папсаност, потребна е лекарска помош, вели д-р Оташевиќ. „Знаци што покажуваат значителни оштетувања на срцето се болка во градите, неправилно чукање на срцето, слабост, отекување на нозете или неспособност да се лежи на рамно. Доколку одредено сериозно воспаление на срцето не е откриено навреме и не се лекува на соодветен начин, доаѓа до трајно оштетување на срцето во смисла на хронична срцева слабост, па дури и фатален исход.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Банкомат делеше банкноти од 100 долари и предизвика тепачка

Полицијата минатиот понеделник мораше да го блокира целото соседство во американскиот град Хјустон откако социјалните мрежи ја раширија веста дека банкомат дава банкноти од 100 долари наместо банкноти од 10 долари.Бенк оф Америка, на чиј автомат имаше грешка, брзо издаде соопштение дека за случајот е одговорен службеник на банката, кој на местото каде што стојат банкноти од 10 долари ги ставил оние од 100 долари, истакнувајќи дека проблемот е решен.Сè започна во неделата вечер околу 23 часот, кога еден граѓанин сакаше да подигне 20 долари од банкомат. Наместо две банкноти од 10 долари, тој добил две банкноти од 100 долари. Тој ја објавил својата добивка на социјалните мрежи, а пред банкоматот се собрала толпа луѓе и започнала тепачка.Од банката одбија да коментираат колку пари се подигнати од банкоматот за два часа, колку што и било потребно на полицијата да ја разбрка толпата. Исто така, банката не побара од граѓаните да ги вратат парите, така што среќните добија прекрасен подарок пред Божиќ.

Магазин | пред 7 години

prirodno-naucen-muzej

Архитектонска изложба „Загрозени видови“ во Природонаучниот музеј во Скопје

Во просториите на Природонаучниот музеј на Македонија вечер ќе се биде отворена архитектонска изложба „Загрозени видови“, резултат на истоимениот истражувачки проект на авторите Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова и Владимир Десков.Истражувачкиот проект „Загрозени видови“ своето внимание го насочува врз избор на значајни градби од поновата архитектонска историја на Скопје, кои претставуваат архитектонско наследство и на различен начин и во различен обем соучествуваат (а дел од нив се и клучни) во обликувањето на современиот архитектонски идентитет на градот.

Македонија | пред 7 години

unicef

УНИЦЕФ: 1,5 милиони деца имаат потреба од хуманитарна помош

Две од секои три деца во Централноафриканската република имаат потреба од хуманитарна помош. Илјадници од нив се наоѓаат во рацете на вооружени групи или се жртви на сексуално насилство, предупредува УНИЦЕФ.Околу 1,5 милиони деца имаат потреба од хуманитарна помош во таа земја, во која долги години се водат борби меѓу вооружени групи.– Кризата ја зафати една од најсиромашните и најслабо развиените земји во светот, но истовремено е и една од најопасните држави за хуманитарните работници, изјави претставничката на УНИЦЕФ за ЦАР, Кристин Мухигана.Според неа, „ситуацијата во која се наоѓаат децата во ЦАР е очајна“.Курир.мк

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Кажете си ја оваа моќна молитва против лоши мисли

Понекогаш е потешко човек да се ослободи од лошите мисли отколку од лошите навики. Затоа помогнете си себеси со оваа убава молитва…„Боже мој, во чии раце е судбината моја,заштити ме според Твојата милост и не дозволувај да пропаднам во своето беззаконие,ниту да одам по волјата на телото кое со наслада и лакомост војува против духот.Јас сум Твое битие, не го презирај делото создадено од твоите раце, не се одвраќај од мене.Слаб сум, не ме презирај, Боже, затоа што Тебе ти се предадов:Исцели ја мојата душа, затоа што ти згрешив Тебе.Спаси ме заради Твојата милост, затоа што јас сум Ти верен од својата мадост.Нека се засрамат оние кои сакаат да ме оттргнат од Тебе со помош на нечисти дела, грди мисли и некорисни сеќавања.Оттргни ја од мене секоја нечистотија и секое зло.Затоа што Ти си врховен и бесмртен, семоќен и на сите им даваш сила за борба против гревот и неговата војска.Тебе ти доликува секоја слава, чест и наклон, сега, секогаш и во вечни векови.“

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Најчестите 10 лаги на мажите: Погледнете што се крие позади тоа што го кажуваат

Доктор Хаус вели дека сите лажат. И тоа е вистина. Некој повеќе, неколку помалку. Некој лаже за да повреди некој, некој за да не повреди некои чувства, некој за да избегне непријатни и тензични ситуации. Но, сите лажеме.Ова важи за сите односи кои ги имаме во животот, особено односите меѓу мажите и жените.И жените имаат свои лаги кои ги користат во своите односи со мажите, но за нив ќе зборуваме во друга прилика. Денес се фокусираме на белите лаги кои мажите ги користат во својата комуникација со жените. Се разбира, малце и духовитост провејува тука, затоа што таа секогаш е потребна.Истражувањата велат дека мажите лажат повеќе и поинаку од жените, а најчесто го прават тоа за да одведат жена во кревет. Еве што се крие зад најчестите реченици кои мажите им ги кажуваат на жените.1 . Ќе ти се јавам. (Ако ми пропаднат останатите планови.)2.  Немам девојка. (Моментално покрај мене.)3. Не сакам секс. (Исто како и вие кога одите покрај слаткарница и само разгледувате.)4. Не е згодна. (Немам шанси кај неа, такашто…)5. Не си напорна. (Ме замараш додека гледам натпревар.)6. Таа ми е само другарка (Уште не ми успеале обидите кај неа.)7. Ќе збориме подоцна. (Не ме замарај сега.)8. Ова беше најдобриот секс досега што сум го имал! (Таа пред тебе и не ја биваше нешто.)9. Не пиев многу! (Еве сега го пијам второ пиво од третата гајба.)10. Не си здебелена! (Здебелена си, ама не ми е грижа, а не сакам да се расправам.)

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Како да им помогнете на собните растенија да ја преживеат зимата?

Ладното време може да им наштети на собните растенија, па затоа е потребно при промена на температурите да им посветите повеќе нега.Најпрво, внесете ги дома сите билки кои не „трпат“ студ. Така ќе бидат на пооптимална температура, а вие ќе можете да ги следите евентуалните промени кај некое од растенијата. Исчистете ги од сите овенати и суви гранки и лисја.Наместете ги така што оние на кои им треба повеќе светлина ќе бидат блиску до прозорците, додека другите треба да бидат сместени во помалку осветлените агли од домот.Жешкото време веќе помина, па веќе не треба да ги полевате пречесто, за да не скапе коренот. Во зависност од тоа кои видови ги имате, намалете го бројот на полевања соодветно на она што самото растение има потреба. Притоа, внимавајте да не ги полевате со штотуку наполнета вода од чешма, туку со малку отстојана на собна температура.За крај, треба да внимавате листовите, цветовите и гранките на вашите растенија што помалку да се допираат, за да имаат простор да „дишат“.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Брзото одење е најдобро за витка линија

Причина за ова е поради тоа што оваа умерена физичка активност не го исцрпува организмот, па може да се пешачи и подолго од половина час.Бидејќи за слабеење не е потребен значителен напорен тренинг, туку негова континуираност и траење.Што повеќе пешачење значи повеќе потрошени калории. При тоа ваквата физичка активност доведува до зголемување на мускулната маса, а мускулното ткиво троши 25 пати повеќе калории од масти.Освен брзото одење од големо значење за видливи резултати може да бидат и ефикасни вежби за намалување на обемот на горниот дел од нозете.Ова се пет предложени вежби кои можете да ги применувате по шетањето.Трчање во место„Клекни-стани“ во скокШут наназадИсчекор

Магазин | пред 7 години

zena

Научниците тврдат: Интелигентните жени имаат една многу ужасна навика

За прв пат во последните сто години, жените имаат подобро резултати не тестовите на интелигенција, тврди Џејмс Флин, светски авторитет во подрачјето на овие тестирања.Тој ги прегледал тестовите за интелигенција во земјите од западна Европа, САД, Канада, Нов Зеланд, Аргентина и Естонија, па открил дека интелигенцијата значително пораснала, а посебно кај жените. Досега секогаш коофициентот на интелигенција секогаш бил подобар кај мажите, во просек за пет бодови, но денес тоа веќе не е случај.-Тоа е последица на модерниот живот, затоа што сложеноста на денешниот свет бара нашиот мозок да се прилагоди, поради што коофициентот на интелигенција расте, вели Флин.Тестовите за интелигенција ширум западна Европа, Канада, САД и во другите развиени земји открива пораст на интелигенција кај луѓето, но онаа кај жените расте побрзо отколку онаа кај мажите поради мултитаскингот.Научниците од Универзитетот во Рочестер откриле во истражување кое се занимавало со проучување на однесувањето, дека постои една работа која интелигентните жени посебно ја прават. А таа работа баш и не е одраз на убаво воспитување.Имено, тие тврдат дека нападот на бес кај нив е испратен со сочни пцовки, што е и знак за натпросечна интелигенција кај жените.Истражувањата покажуваат дека интелигентните жени почесто пцујат и говорат прости зборови, од оние кои имаат помал коофициент на интелигенција, а твдрат и дека пцуењето е добро и за физичката форма и подобрувањето на издржливоста.Дали се сложувате со ваквите тврдења?

Магазин | пред 7 години

27-april

Ново судење за „27 април“, пратениците со другите обвинети повторно пред Кацарска

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судњето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.Случајот се наоѓа во доказна постапка и изнесување на докази предложени од одбраната.На минатото рочиште исказ прес судот даде обвинетиот Горан Ѓошевски, а беа сослушани и неколку сведоци, предложени од одбраната, меѓу кои и пратеникот Влатко Ѓорчев.Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.На обвинителната клупа покрај пратениците Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски,  се ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, началниците во МВР, Митко Пешов, Душко Лазаров, обезбедувачот на Трајко Велјаноски, Горан Ѓошевски-Леви, вработените во МВР, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски.Обвинети се и иницијаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен Велит, Владо Јовановски, Игор Дурловски. За терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста обвинети се и Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Македонски бизнисмени во Атина на средби со грчки колеги

Делегација на Стопанската комора на Македонија денеска во Атина ќе учествува на еднодневен бизнис форум и и билатерални средби со грчки стопанственици. Бизнис форумот го организира Стопанската комора на Македонија во соработка со Атинската трговско-индустриска комора во насока на интензивирање на економската соработка меѓу двете држави.Во составот на делегацијата од Стопанската комора на Македонија ќе има претставници од компании од градежништвото, металната и прехранбената индустрија и трговијата.Компаниите ќе имаат можност да ги презентираат своите интереси за соработка и можностите за инвестирање, а по завршувањето на официјалниот дел, ќе можат да остварат и директни средби со грчки компании од соодветните дејности.Грција е втор трговски партнер на Македонија.

Македонија | пред 7 години

DSC_1226

Во Собрание одржана дебата за можните локации за изградба на нов Универзитетски Клинички Центар

Во Собранието на Република Македонија, попладнево, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, одржаа дебата со пратениците за можни локации за изградба на нов  Универзитетски Клинички центар.При плодната дискусија се презентираа предложените локации со цел да се разгледаат сите можни аспекти за да се изнајде соодветна местополжба за новите и модерни текови во здравството, со кое директно на корисниците ќе им се овозможи да добиваат квалитетни здравствени услуги.„За ваков голем проект од национален интерес како што е Клиничкиот центар, ја вклучуваме и опозицијата во дебата. Нема партиски, национални или други разлики за изградба на новиот Клинички центар. Потребна е координација, интерактивно и ускладено функционирање“, истакна министерот Филипче.Локацијата за новиот Универзитетски Клинички центар треба да биде  транспортно пристапна и лесно достапна на граѓаните, економски оправдана, пријателски настроена кон животната околина и по можност досега не користена за претходен урбан развој и на тој начин ќе претставува простор соодветен за здравствен развој.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

УХМР предупредува: Студен бран ќе ја погоди Македонија

Времето во Македонија ќе биде студено со умерен северен ветер, а на места ќе провејува снег.Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од минус еден до пет степени.Во Скопје студено со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до четири степени.Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Македонија | пред 7 години

aircraft-15265671280-830x0-620x350

Авионот на Меркел морал принудно да слета поради проблеми со електрониката

Авионот во која била германската канцеларка Ангела Меркел морал принудно да слета.Германската канцеларка тргнала за Аргентина на самиот Г20, меѓутоа морала да се врати на аеродромот.Авионот слетал во Келн поради проблеми со електронскиот систем, во моментот кога биле над Холандија, известува германскиот печат. Со неа во авионот бил и германскиот министер за финансии Олаф Шолц.Меркел полетала од Берлин во 18:50 часот но авионот по половина час поради расипување морал да сврти и да се врати во Германија.Меркел имала закажан разговор со Буенос Ајрес во петокот наутро со аргентинскиот претседател Маурицио Макро, но тој сега е откажан, како и разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, кинескиот претседател Си Џипинг и со рускиот претседател Владимир Путин.

Свет | пред 7 години

IMG_8194

Градоначалникот на Гази Баба до активистката на граѓанската иницијатива О2: Затворете ја веќе устата

„Затворете ја веќе устата” – градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски на претставничката на граѓанската О2 иницијатива додека трае дебатата во општината во која невладините, граѓански организации бараат повлекување на огласот со кој во период од 99 години ќе биде дадено земјиштето на користење за тешка индустрија.Од иницијативата О2 вака го оценуваат ова недолично однесување:„Ваква ароганција, агресија и подсмевање во комуникацијата со граѓаните, особено кон жени, во повеќе годишната активност во борбата за животна средина, до сега не сме посведочиле.Да, во негово име неколку пати се извини една од советничките. Можеме да замислиме како се носат одлуките во општината, дали сите мора да ги држат устите затворени? И тоа баш во истиот период кога неговиот шеф, ги отвори 16 дена против насилството врз жените„.https://www.facebook.com/o2inicijativa/posts/1924762504307734

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Јоци до Шилегов: Цел град ти е во сообраќаен хаос

За првпат денеска, на улицата Кирил и Методиј кај ,,Рамстор", цела колона возила се тргнаа на страна и ослободија простор за да помине Итна помош.Петре Шилегов. Јужен булевар ти е затворен, а цел град ти е во сообраќаен хаос.Не може истиот сообраќаен еднонасочен режим да важи и сега на улици во Центар.Уште Коце Трајановски предвиде двонасочен режим, откако ќе се затвори Ј.булевар.Вие што правите во бараките ?Си викате ,,ој војводо, ој сердаре" и уште си дркате на - ,,дај да пукне, ама им го начукавме на вмровците" ?Не е далеку денот кога вмровците пак ќе ви го начукаат.Впрочем, само сети се на Бранко кој пред 3 години блокираше крстосници со 10 души и тоа го викаше ,,отпор".Јорданка Ивановска - Јоци - статус на социјални мрежи

Коментари | пред 7 години

Capture-1

Стојаноска: СДСМ направи поголема штета за 17 месеци откако е на власт, од било која политичка гарнитура

Системот е направен од луѓе или апарти, луѓе. И тие се одговорни за случајот со поранешниот премиер Никола Груевски кој е предмет на политички прогон, рече Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитер на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија Канал 5.Според неа СДСМ и коалицијата направи „поголема штета за 17 месеци откако е на власт, од било која политичка гарнитура на власт“.-Откако сте на власт воведовте хаос, криминал… Направивте ребеланс на Буџет и предлозживте нов за следната година во краток рок. Ребаланс и буџет не е видено да се прави со разлика од еден месец, истакна Стојаноска

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

За Мијалков секој ден се подготвува оброк во Мериот

Сашо Мијалков во затворот во Шутка не јаде од истата храна како останатите притвореници. За него, секој ден се подготвува топол оброк во кујната на хотел Мериот – дознава 1ТВ. Мијалков го поседува овој хотел и беше приведен токму таму на 20 месецов. Како што дознаваме, за поранешниот шеф на УБК секој ден се подготвува оброк во Мериот и се носи во хашкото одделение во Шутка каде е сместен Мијалков. Тој само две вечери спиел во обичното притворско одделение, а потоа биле преместени други притвореници за да се ослободи простор во хашкото. Од хотелот Мериот љубезно ни одговорија дека ќе добиеме одговор на прашањето, но до овој момент се уште не го испратија. Директорот на затворот во Шутка Ѓоко Котевски ниту ја потврди, ниту ја одрече информацијата, само не упати прашањата поврзани со притворот да ги бараме од судот.Мијалков не е единствениот чии гастрономски желби се исполнуваат за време на притворот. Според нашите извори во Шутка, и желбите на поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков биле почитувани. Во периодот кога јавноста мислеше дека Чавков штрајкува со глад, за него се носело маслиново масло и здрава храна во хашкото одделение. Претходно, сличен третман имаше и Љубе Бошковски кој добиваше оброци од ресторанот Рагуза.

Македонија | пред 7 години

651982621

Стадионот на Ф.К. Шкупи за брзо време со нова трибина

Проектот за изградба на трибината на стадионот на Ф.К. Шкупи во Општина Чаир е прифатен од страна на Европската Фудбалска Федерација - УЕФА.„Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу изразува голема благодарност за ангажирањето на Претседателот на ФФМ г-дин Муамед Сејдини со кого заедно ја поднесоа апликацијата до УЕФА“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 7 години

gruevski_1904_g111_3-640x437

Европратениците бараат од Унгарија да го екстрадира Никола Груевски во Македонија

Европратениците ги усвоија двата амандмани кои бараат од Унгарија да го екстрадира експремиерот Никола Груевски во Македонија.Амандманот поднесен од европратеничката на Зелените, Јудит Саргентини освен што бара екстрадиција, гласи и дека Груевски побегнал од Македонија со дипломатска помош од Унгарија за да избегне затворска казна и го смета овој потег како мешање во внатрешните работи на Македонија како и чин на презик кон судството и владеењето на правото во земјата.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Неуспешниот протест е јасна порака до Мицкоски дека неговата деструктивна политики е поразени

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Христијан Мицкоски вчера по којзнае кој пат покажаа дека немаат никаква идеја, никаков план, никаква програма ниту предлог во интерес на граѓаните.Заглавени во последната форма за одбрана на криминалот на Никола Груевски, Мицкоски нуди само деструкција и враќање назад. Ништо друго.Малиот број присутни граѓани на синоќешниот собир е јасна порака до антизапдниот Мицкоски и врвот на криминалната ВМРО-ДПМНЕ дека деструкцијата, одбраната на криминал и црнилата кои 11 години ја уништуваа Македонија се поразени.Граѓаните нема да дозволат Македонија да се врати во темното минато на корупција, неизвесност и неказнивост.Македонија чекори напред, економијата расте, има повеќе пари за граѓаните, растат платите, државата стана рамноправен партнер на демократскиот свет, на чекор сме до полноправно членство во НАТО и ЕУ.Македонија излезе од црнилата на ВМРО-ДПМНЕ и тргна кон светла иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски и врвот на неговата партија остануваат во темното минато, заглавени во одбрана на криминалот на Груевски.

Македонија | пред 7 години

Mila_Carovska_Minister

Царовска: Мерката „трето дете" не се укинува за сите кои го оствариле правото досега

Мерката „трето дете" не се укинува за сите кои го оствариле правото досега и за оние кои ќе го остварат правото во наредните 10 месеци по носење на законот за да можат да го родат детето што веќе е зачнато. Тие ќе го остваруваат правото уште 10 години по стариот закон, рече министерката за труд и социјална полтика Мила Царовска одговарајќи на прашање на пратеникот Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница.Во контекст на тоа, Царовска појасни дека по имплементација и завршување на стариот закон ќе се интервенира само до единечна исплата за прво, второ и трето дете, затоа што тоа, како што додаде, е доволна стимулација што е без материјален цензус.„Наместо на богатите да им даваме осум илјади денари, независно од нивните примања за да родат трето дете, парите ги насочуваме кон сиромашните и тоа е дел од владината програма. Сметам дека само таква политика може да доведе до намалување на сиромаштијата во нашата држава од една страна, а од друга страна како министерка сум подготвена да дискутирам за тоа што Македонија нема демографска политика. Вие ниту направивте, ниту воведовте демографска полтика, а тоа бројките го кажуваат и затоа сите заедно со национален консензус треба да донесеме нова политика за демографија, која на долг рок ќе ги даде ефектите во рамки на наталитетот за наредните 15 години“, рече Царовска.Наталитетот во времето на ВМРО-ДПМНЕ, како што истакна Царовска, драстично опадна и по воведувањето на мерката „трето дете“.Според податоците наталитетот во Македонија во 2010 година бил 11,8, а во 2017 година 10,5. Вашата мерка имаше можност 10 години да се имплементира, но не даде резултати. Па ако одредена мерка не дава резултат тогаш таа треба да се трансформира, да се измени и да се воведе нешто ново што ќе даде ефект, посочи Царовска.Ние, како што рече министерката, токму затоа тргнавме оваа мерка да ја трансформираме како стимулација за прво, второ и трето дете, а на сиромашните да им ги дадеме правата што им следуваат.

Македонија | пред 7 години

Igor-Jug-1

Игор Југ до Мунир Пепиќ: Мунире јаране, биќу кратак

На денешното рочиште настаните од 27 април во текот на распитот на обвинетиот Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, за прашање се јави обвинетиот Игор Југ, објави ПлусИнфо.– Господине Пепиќ, прво ќе ви се обратам на мајчин јазик, рече Југ и продолжи: Мунире јаране… само пар минута, биќу кратак.Тоа предизвика смеа кај присутните, а Пепиќ му одговори дека негов мајчин јазик е македонскиот, а Југ го постави првото прашање.– Рековте дека во Собранието сте следеле НН лице. Дали НН лицето претставувало опасност по безбедноста на државата? – праша тој.Пепиќ одговори дека секое лице следено од Агенција за разузнавање нормално е дека се следи поради опасност по безбедноста на државата.Југ го прашуваше и дали во Собранието имало агенти од странски служби, а македонските безбедносни структури биле свесни за тоа, но по приговор на адвокатот прашањето не доби одговор.Инаку, за НН лицето кое Пепиќ рече дека го следел на 27 април, друг обвинет, Александар Василевски Нинџа праша дали станува збор за Горан Живаљевиќ од Безбедносно-информативната агенција (БИА) на Србија. На тоа тој одговори дека станува збор за активности на Агенцијата за разузнавање и класифицирана информација и оти не може да открие без дозвола од негов претпоставен.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања