Скопје1.мк
Приведен дилер на дрога од Скопје
Полицијата го приведе 39-годишниот Н.Ш. од Скопје под сомнение за неовластено производство и продавање дрога.Според информациите на МВР, во средата по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај пријавениот Н.Ш. и при претресот пронајдени и одземени се алуминиумска фолија со растителна материја, две поголеми и две помали паковки, како и една најлонска кеса со растителна материја пресувана во разни форми, 10 пакувања со грутчеста-прашеста материја, една паковка со прашеста материја, неколку пакувања со вкупно 27 таблети во разни бои и форми, електричен блендер и пластичен сад со остатоци од непозната материја.При преглед кај Н.Ш., пронајдена е и поголема количина пари, а по направеното вештачење констатирано е дека материјалот во пресувана форма со вкупна нето-маса од 447 грама претставува хашиш, а останатиот растителен материјал со вкупна нето-маса од 50 грама претставува марихуана. За преостанатиот доставен материјал дополнително ќе биде направено вештачење.Во врска со случајот известен е дежурен Јавен обвинител, од кого се добиени насоки за натамошно постапување, а Н.Ш. е приведен и задржан за понатамошна постапка.
Скопје | пред 7 години
Се преврте камион со овци, возачот и сопатникот се здобиле со телесни повреди
На 18.10.2018 година околу 12,15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Мавровската крстосница, товарно возило „Фиат ивеко“ со битолски регистерски таблици, управувано од А.П.(30) с.Новаци-битолско, а кое превезувало 200 овци, загубило контрола и излетало од коловоз, при што се превртела неговата приколка.„Во незгодата со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото Р.Р.(50) од Битола, а настрадале 68 овци. По овластување на Јавен обвинтел, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар“, информираат од МВРСе работи на целосно расчистување на случајот.
Македонија | пред 7 години
Исчезна малолетничка од Чаир
На 18.10.2018 година во 17,30 часот во Полициската станица Чаир Т.М.М.(48) од Скопје пријавила дека на 17.09.2018 година нејзината куќа во непознат правец се оддалечила 15 годишна малолетничка.Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Скопје | пред 7 години
30 нови паркинг места во Ново Лисиче
Жителите околу паркот „Нинберг“ во Ново Лисиче ќе добијат 30 нови паркинг-места, информираат од Општина Аеродром„Со проширување на веќе постојните паркинзи на три локации во непосредна близина на булеварот „Видое Смилевски-Бато“, во изминатиот период се обезбедени дополнителни 50 паркинг-места за граѓаните“, велат од Општината.Тие додаваат дека тековното одржување опфаќа заменување на старите и дотраени бекатон-плочки на јавните и пешачките површини на ниво на целата територија.
Скопје | пред 7 години
Битолчанец удрил во пешак
Вчера во 18,55 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата со улицата „Прилепска“ и улицата „Борис Баестро“ патничко моторно возило „Шкода Октавија“ со битолски регистерски таблици управувано од Ц.М.(59) од Битола удрило во пешак Т.С.(76) од Битола.Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот
Македонија | пред 7 години
19-годишник изгубил контрола врз возилото и се превртел
На 19.10.2018 година околу 00,05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Париска“ и улицата „Варшавска“ патничко моторно возило “Ауди“ со скопски регистерски таблици управувано од П.Ѓ. (19) од Скопје изгубило контрола и се превртелo.„Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот П.Ѓ., а со телесни повреди се здобил сопатникот А.Д.(18) од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, информираат од МВР.Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Скопје | пред 7 години
АПЕЛ: Да помогнеме заедно за лекување на 15-годишната Сара Настеска од Охрид
Охриѓани уште еднаш имаат можност да ја покажат својата хуманост за лекување на 15-годишната Сара Настеска од Охрид, кај која неодамна е дијагностицирана Anemia Аplastica.Станува збор за болест која ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, а трансплантацијата на коскената срж е единствениот спас за малата Сара.– Нашиот син Виктор Настески, кој има 13 години е единствен сроден донатор на коскена срцевина за неа. Во сите странски земји, третманот и лечењето на овој проблем на оваа возраст, спаѓа во рамка на специјализираните детски клиники. Трансплантацијата на коскената срж сакаме да се изврши во специјализирана детска клиника во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик. Успехот кој е постигнат во лекување на многу деца, меѓу кои и едно од Република Македонија, на иста вораст и дијагноза е причината поради која веруваме во нив. Нашите финансиски можност не дозволуваат да ги платиме трошоците за лекување, кои се над 200.000 евра, стои во апелот на семејството Настески.Сите кои се во можност можат да помогнат со уплата на средства на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.
Македонија | пред 7 години
„Охридско Лето“ почнува соработка и со „Словенска Филхармонија“
Во рамки на работната посета на Словенија директорката на „Охридско Лето“ Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот Одбор на фестивалот Нина Момироска остварија серија средби со уметници и менаџери на врвните културни установи во оваа земја.Поповиќ имаше официјална посета на „ Словенска Филхармонија“ каде со директорот Клемен Хвала разговараше за модулите на соработка кои нашиот најпрестижен музичко сценски фестивал ќе ги има во рамки на соработката која ќе почне уште од наредното фестивалско издание.Клемен Хвала е челист и познат и ценет музичар во Словенија.Претходно директорката Поповиќ го посети музичкото училиште во Словен Градец , кое важи за едно од најдобрите во Словенија.Во наредниот период менаџментот на „Охридско Лето“ ќе продолжи со директни контакти со врвните установи од културата во овој дел од Европа.
Македонија | пред 7 години
Во Скопје 14 сообраќајни незгоди, девет лица повредени
Девет лица се полесно повредени во вкупно 14 сообраќајни несреќи што вчера се случиле на подрачјето на Град Скопје. Во седум од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 82 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 23 возачи биле исклучени од сообраќај, од кои двајца поради управување под дејство на алкохол, 20 без стекнато право на управување со моторно возило и еден почетник.Од сообраќај полицијата исклучила 12 возила кои не биле регистрирани. Непрописно паркирани биле 118 возила, а пајак службата подигнала 92 возило.Полицијата санкционирала и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престигнување и двајца за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на вел со мотор, мопед и мотоцикл.Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).
Скопје | пред 7 години
Акуведер: Европа ја очекува топла и сушна зима
Метеоролошкиот сервис Акуведер (AccuWeather) ја објави сезонската прогноза за Европа според која се очекува топла и сушна зима.Според прогнозата на овој сервис, подрачјето на Балканот и Jугоисточна Европа го очекува натпросечно топла и сува зима.– Исклучок ќе биде Грција, каде ќе има повремени продори на студен воздух и обилни дождови, пишува Акуведер.Северна Европа оваа зима ја очекуваат силни бури со урагански ветрови и обилни врнежи. Во Обединетото Кралство и делови од Скандинавија постои опасност од поплави предизвикани поради бура, а најзагрозени подрачја се Кадиф, Манчестер, Белфаст и Глазгов.Финска и Украина може да ги погоди сибирски антициклон што може да донесе сибирски студ.На подрачјето на Германија и Франција, сепак, се очекуваат обилни дождови. Ризикот од силни бури ќе биде најголем во декември, додека од јануари до март се очекува мирно и пософистицирано време.Од следната недела, Европа ќе ја зафати ладен воздух од Арктикот кој ќе доведе до промена на времето и пониски температури.
Свет | пред 7 години
Вашингтон објави награда за информација за лидерот на Ал Каеда
Вашингтон објави награда од пет милиони долари за информација која ќе доведе до заробување на Халед Батарфи, лидер на Ал Каеда.Откако САД го призна Ерусалим за главен град на Израел, Батарфи повика на напади врз Американци и Евреи во целиот свет.Саудиецот Батарфи ги поддржуваше авганистанските талибанци пред да стане еден од главните лидери на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров.Американскиот Стејт департмент соопшти дека нуди награда од пет милиони долари на секој кој ќе ги одведе властите до Батарфи или ќе помогне за негово апсење.Американската дипломатија ја удвои и наградата за фаќање на Касим ал Реми, шеф на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, која сега изнесува 10 милиони долари.
Свет | пред 7 години
Косовското собрание набрзина ги усвои законите за формирање војска
Косовското собрание во прво читање ги усвои сите три владини предлог-закони за трансформација на косовските сили за безбедност во косовска армија.Непосредно по почетокот на расправата за трите владини предлог-закони, со 101 глас „за“ беше изгласан првиот законски акт, законот за трансформација на Министерството на КБС во Министерство за одбрана.Потоа, по првото читање беше усвоен вториот владин закон за трансформација на косовските безбедносни сили, а веднаш по него и третиот – станува збор за акт што ги регулира општите услови во службата, како и услугите засновани на принципот на законитост, професионалност, команда, дисциплина, почит, чест, комуникации, недискриминација, транспарентност и одговорност.Партијата на Србите – „Српска листа“ ја напушти седницата во знак на протест против кршењето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.
Свет | пред 7 години
Во Русија годинава зголемен бројот на милијардери од 69 на 74
Во Русија во 2018 година бројот на милијардери е зголемен за пет од лани и сега има 74 според годишниот извештај на банката Креди Суис.Во извештајот се нагласува дека постои нееднаква распределба на богатството во државата. „Силната концентрација на богатство во Русија се одразува на фактот дека има 74 возрасни милијардери и покрај ниското ниво на богатство по возрасна личност“, се додава во извештајот. Според нив, 10 отсто најбогати жители поседуваат 82 отсто од богатството во Русија. „Богатството на домаќинствата во Русија многу брзо се зголемило во првите години од векот. Меѓу 2000 и 2007 година богатството по возрасно лице е осумпати зголемено“, се вели во документот.Тоa e високо ниво – поголемо и од САД (76 отсто) каде распределбата на богатство е една од најконцентрираните во развиените држави. Тоа ниво е поголемо и од она во Кина – 62 отсто, се вели во извештајот.
Свет | пред 7 години
Турската полиција ги бара останките од новинарот Кашоги во шума и околината крај Истанбул
Турската полиција ја пребарува шумата крај Истанбул и околината на градот на брегот на Мраморното Море за да ги открие останките на судискиот новинар, кој исчезна пред две седници откако влезе во Козулатот на саудиска Арабија во Истанбул.Тоа синоќа го соопштија две турски официјални лица, кои побараа од медиумите да бидат анонимни.При претресот на саудискиот конзулат и резиденцијата на конзулот во Истанбул, истражителите пронајдоа „многу примероци“ и се обидуваат да најдат траги од ДНК од новинарот Џамал Кашоги, вели високопозициониран извор.Според него, опсегот на пребарувањата е проширен откако биле утврдени маршрутите и возилата кои биле на 2 октомври пред конзулатот, вој кој Кашоги бил виден последен пат.Можно е убијците да го фрлиле трупот во Белградската шума во близина на Истанбул или во напуштена област околу градот Јалова, на 90 километри јужно од Истанбул, велат неименувани извори
Свет | пред 7 години
Претседателот на ЕПП ја повика опозицијата на одговорност
Претседателот на Европската народна партија, ЕПП, Жозеф Дол, ја повика опозицијата во Македонија на одговорност пред гласањето во Собрание. „Клучни одлуки треба да се донесат во ПЈРМ кои ќе ја одредат иднината на идните генерации. Опозицијата има голема одговорност за патот на земјата кон ЕУ и НАТО и треба да биде конструктивна во демократскиот процес, порача Дол на Твитер. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е членка на Европската народна партија, но повеќе челници на ЕПП, вклучително и претседателот, изразија разочараност од однесувањето на нивната сестринска партија во процесот на имплементација на Преспанскиот договор.
Македонија | пред 7 години
САД в понеделник го праќа Метју Палмер во Македонија
Американскиот заменик помошник државен секретар за европски прашања Метју Палмер, в понеделник ќе престојува во посета на Република Македонија, информираа од амбасадата на САД во Македонија.„Палмер ќе допатува во Македонија во понеделник, 22 октомври, на разговори околу поддршката на САД за договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија. Тој ќе се сретне со претставници на Владата и политичките партии, меѓу кои и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров“, наведуваат од амбасадата.
Македонија | пред 7 години
Седницата за уставните измени продолжува денеска, гласањето неизвесно
Расправата за уставните измени продолжува денеска напладне во Собранието. За дискусија се пријавени уште петнаесеттина пратеници, повеќето од нив од парламентарното мнозинство, бидејќи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се повлече од дискутирање и побара веднаш да се гласа.На почетокот на седницата се очекува да говори пратеникот Енес Ибрахим од Партијата за движење на Турците, а по него за дискусија е пријавена пратеничката Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија. Гласањето, сепак, е неизвесно дали ќе се случи во текот на денот ако се има предвид дека секој од пријавените говорници има право да зборува 20 минути, а од СДСМ не ја исклучуваат можноста ВМРО-ДПМНЕ сепак да го користи правото да реплицира.Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, вчера рече дека ќе се пристапи кон гласање по исцрпување на дискусијата и уште еднаш ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени и да покажат дека се за ЕУ и НАТО за разлика од нивниот лидер Мицкоски. Во спротивно, Тунтев не ја исклучува опцијата за брзи избори. За разлика од нив, ДУИ не сака ниту да зборува за можни предвремени избори, туку ги повикува сите 120 пратеници да гласаат „за“. Од ВМРО-ДПМНЕ повторија дека нивната пратеничка група е компактна и децидна дека е против уставните измени.Најголем оптимист се чини останува премиерот Зоран Заев, кој вчера рече дека верува во чуда и дека не губи надеж за обезбедување двтретинско мнозинство.– Јас верувам дека до утре, секако, дека ќе се смогнат сили, ќе се изнедри енергија, ќе се собере храброст, ќе се сплоти одговорност, за да се добие минимум двотретинско мнозинство и да се даде дозвола за почнување на постапката за уставните промени – порача Заев.
Македонија | пред 7 години
САД одобрија одгледување на генетски модифициран памук за храна
Американските регулаторни тела одобрија фармерите да одгледуваат генетски модифициран памук за да може и семето од него да биде хранливо за луѓето.Семето би било нов извор на храна со потенцијално богати протеини и може да се покаже како корисно во држави каде се одгледува памук, и истовремено владее неисхранетост на населениетоИнспекциската служба за контрола на растенија и животни во американското Министерство за земјоделство укина забрана за одгледување памук што е развиен од научници од Универзитетот АиМ во Тексас.Семето на памукот на новоразвиеното растение се уште не може да се користи како храна во САД, бидејќи се чека на дозвола од Управата за храна и лекови (ФДА).Памукот се одгледува во светот за производство на текстил, додека семето се користи за храна за животни, стока и овци кои имаат повеќе комори во желудникот.Семето од памукот не се применува за исхрана на луѓето, бидејќи содржи големи количини токсини. Ако количината на семето на памук што моментов се произведува во светот се користи за исхрана, тоа би било доволно извор на протеини за речиси 575 милиони луѓе, нагласуваат научници.
Свет | пред 7 години
Земјотрес на Закинтос
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го стресе грчкиот остров Закинтос во Јонското Море, соопшти атинскиот Национален институт за геодинамика.Потресот е регистриран околу еден часот по полноќ, со епицентар на 55 километри југозападно од островот.Како што пренесе грчката новинска агенција АНА, засега нема извештаи за евентуални штети или повредени.
Свет | пред 7 години
Верижен судир на автопатот Ниш-Белград
Едно лице загина попладнево при верижен судир на автопатот Ниш-Белград во близина на местото Баточина.https://www.instagram.com/p/BpEvfoWHg2p/?taken-by=ikragujevacВо судирот учествувале три товарни возила, два автомобили, комби и пикап.Според белградските медиуми, во време на инцидентот на тој дел од автопатот имало густ чад предизвикан од запалена нискостеблеста шума во близина.Поради судирот сообраќајот на автопатот е во прекин, а возилата се пренасочуваат на околните патишта, поради што е создадена километарска колона.Ова е втор верижен судир на истиот автопат во последниве дестина дена. При судир на над триесет возила на потегот на автопатот помеѓу градовите Ќуприја и Јагодина, на 9 октомври, загинаа шест лица загинаа, а 27 беа повредени.
Свет | пред 7 години
Полициски автомобил удри во 18-годишник
На скопскиот булевар Кузман Јосифоски-Питу, во попладневните часови на вчерашниот ден (17 октомври), 37-годишник кој управувал автомобил „шкода октавија“, во сопственост на МВР, удрил во 18-годишен пешак од Скопје.По ударот момчето било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.Полицијата извршила увид на местото на настанот и работи на целосно расчистување на случајот.
Скопје | пред 7 години
Изгоре кровот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово
На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, ноќта на 16 октомври, во објектот котларница од страна на внатрешното обезбедување бил забележан пожар на кровната конструкција, при што истата целосно изгорела.Како што информираат од МВР, во моментот на пожарот котларнцата не била во функција, односно не работела и нема повредени лица.Од страна на противпожарна единица од Тетово, пожарот бил локализиран. Увид на местото на настанот извршила полициска екипа и се работи на целосно расчистување на случајот.
Македонија | пред 7 години
Тепачка поради првенство на минување во сообраќајот
Вчера во текот на денот на улицата „Љубљанска“ бил нарушен јавниот ред и мир, откако дошло до тепачка помеѓу четири лица, од едната страна биле две лица едно на возраст од 18 години, другиот на возраст од 30 години , а од другата страна еден маж на возраст од 45 години и момче на возраст од 23 години, инфрмираа од полицијата.До тепачката допло по претходна вербална расправија меѓу лица поради давања првенство на минување во сообраќајот. А едно од лицата поради добиени телесни повреди од тепачката завршило и во општата болница „8-ми Септември“.Од полицијата посочија дека се работи на целосно расчистување на случајот.
Скопје | пред 7 години