Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Економскиот тим на Заев ја носи државата во пропаст

Јавниот долг расте, a економијата е пред колапс. Економскиот тим на Зоран Заев ја носи државата во економска пропаст, се наведува во соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму додаваат дека македонската економија тоне, а граѓаните се се посиромашни.„Јавниот долг вртоглаво расте. Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8% од БДП, што претставува зголемување за 0,6 процентни поени во однос на претходниот квартал, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Промената во најголем дел произлегува од зголемувањето кај надворешниот долг, но раст и на внатрешниот долг“, стои во партиското соопштение.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека вкупниот државен долг и долгот на јавните претпријатија во вториот квартал се зголемиле за 0,3 процентни поени.„Министерството за финансии објави проспекти за ново задолжување од 32 милиони евра за наредната недела додека само пред неполни две недели ги задолжи граѓаните за дополнителни 57 милиони евра. Милионите задолжување се редат, а во реалноста не гледаме каде завршуваат парите. Нема проекти. Капиталните инвестиции се на децениско најниско ниво од 21.33% за првите 7 месеци од годината. Никој во државата не знае на што се трошат милионите позајмени, за кои годишно плаќаме огромни камати“, велат од опозициската партија.Оттаму констатираат дека граѓаните на Македонија заслужуваат подобро, а како виновници за актуелната неповолна ситуација ги посочуваат СДСМ и Зоран Заев, кои според нив, мора да заминат со цел Македонија да победи.

Македонија | пред 7 години

4natasa

Започнува реконструкцијата на „Долни Сарај“, една од најрепрезентативните сцени во Охрид

„Долни Сарај“, една од најубавите и најрепрезентативни сцени во Охрид ќе добие нов, функционален и модерен изглед со реконструкцијата што следува во текот на наредниот период.За таа цел, директорката на Националната установа „Охридско лето“, Наташа Поповиќ изврши увид на моменталната состојба на оваа локација, а како што најави, градежните активности ќе започнат веднаш штом ќе завршат законските рокови околу тендерската постапка.-„ Долни Сарај“ која е една од најубавите сцени во градот ќе го добие заслужениот лик и ќе претставува најсоодветното место за настапите на уметниците од целиот свет кои учествуваат на најреномираниот музичко-сценски фестивал во Македонија, „Охридско лето“.  Од друга страна, таа ќе биде и удобно катче за публиката. Планирано е, градежните активности да завршат во декември, вели Поповиќ.Според директорката, сцената ќе претпрпи комплетна и темелна санација со нивелирање и зголемување на површината за 10 проценти, како и вградување полиуретански под за подобрување на перформансот и заради заштита од атмосферски влијанија.Што се однесува до гледалиштата на „Долни Сарај“, ќе биде извршена комплетна санација на постоечките, а ќе се постават и ново западно и ново централно гледалиште, со што, капацитетот наменет за публиката ќе се зголеми за околу 40 отсто. Исто така, проектот предвидува и проширување на пристапниот влез за товарни возила до самата сцена.Комплетно санирана ќе биде и терасата на „Долни Сарај“ која лежи над самото Охридско Езеро. Таму ќе се реновира подот, како и постоечката бетонска ограда. Проектната документација предвидува и комплетно реновирање и проширување на пристапните скали кон терасата.Предвидено е и некоклукратно зголемување на капицитетот на електричната моќност, а целиот простор ќе добие и ново хортикултурно уредување.Целокупниот проект за реконструкција и санација на сцената „Долни Сарај“ вреди 2,3 милиони денари, од кои 1,4  милиони денари ги обезбеди Министерството за култура на Република Македонија преку програмата за култура за 2018 година, а останатите средства, фестивалот ги обезбеди  претходно со цел сцената да добие модерен изглед според сите светски стандарди.

Македонија | пред 7 години

jsp

ЈСП ќе ги замени кинеските и украинските автобуси со нови

Квалитетот на сегашниот возен парк на јавното сообраќајно претпријатие воопшто не ги задоволува потребите на граѓаните, кои секојдневно мака мачат да стигнат до која било дестинација. Само седум години по набавката на новите украински и кинески автобуси, состојбата со возилата е очајна. Уште поочајни се патниците, кои сега мораат да се возат во старите зглобни и единечни автобуси, на кои веќе имаа заборавено. Од ЈСП не кријат дека нископодните автобуси набавени од Украина се во многу лоша состојба, додека, пак, постои проблем и со кинеските двокатни, пред сѐ поради непостоење на нивен овластен застапник, па автоматски не постои можност за сервисна и техничка поддршка во секое време.Од таа причина на линиите каде што тие ќе застанат, се пуштаат старите зглобни и единечни возила. За да се обезбеди подобар квалитет на јавниот градски превоз веќе се најавува набавка на нови автобуси, на кои, пак, ќе имало дури и држачи за велосипеди. Во една своја изјава за алтернативен транспорт, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, напомена дека во постапката за набавка на новите автобуси предвидуваат автобусите да имаат и држачи за велосипеди. Граѓаните се шегуваат дека некои од возачите на ЈСП и сега ги оставаат патниците и им ги затвораат вратите пред нос, а не пак да ги чекаат да ги закачат своите велосипеди. Додаваат дека и нископодните автобуси кога се купуваа се зборуваше дека ќе имаат коси рампи, кои одлично ќе им дојдат на инвалидизираните лица, па со количка лесно ќе можат да влегуваат во автобус. Некои граѓани што со години користат јавен градски превоз велат дека досега не виделе некој од возачите да притисне на копчето за спуштање на косата рампа и којзнае зошто не се користат.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Повеќе скопски општини денеска ќе останат без струја

Дел од општините Кисела Вода, Сопиште, Чучер Сандево и Аеродром денес во одреден период од денот ќе немаат струја.Како што соопшти РЦУК, од осум до 10 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „29“ во Сопиште, од 8:30 до 11:00 дел од корисниците од улиците „Виктор Ивановиќ – Григоровиќ“, „Кочанска“ и „Полог“ во општина Кисела Вода, од 8:30 до 11:30 корисниците од улиците „Драга Стојанова“ и „Дренак“ во Кисела Вода, од 9:00 до 15:00 дел од корисниците од улицата „Призренска 2“ во местото викано Куќине, Горни и Долни Ливади, Чешма и Џајкова Рупа во Чучер Сандево, додека од 10:00 до 15:00 корисниците од улиците „Михаил Глинка“ од бр.1 до бр.9 во Аеродром.Потсетуваме дека 600 000 домаќинставата до ноември треба да изберат од кого ќе купуваат струја следната година, кога почнува и целосната либерализацијата на пазарот на електрична енергија.Регулаторната комисија очекува понуди за домаќинствата да дадат осум компании кои активно работат и имаат лиценци за снабдување. Тие ќе ја одредат цената на струјата но и тоа дали ќе остане евтината тарифа од два часа на ден.Доколку домаќинстава не потпишат договор со никого, по автоматизам ќе се снабдуваат со струја од универзалниот снабдувач што допрвата треба да биде избран на јавен оглас.„Секое домаќинство, особено малите потрошувачи имаат право од регулираниот пазар да отидат на слобопдниот пазар и да се вратат назад. Рокот е 21 ден. Дали ќе има пшенали зависи од договорите кои ќе потпишат снабдувачите, досега праксата покажала дека за домаќинствата нема казнени пенали, туку се оставаат слободно да избираат.“ – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија.Бислимоски тврди дека правилата за снабдување, кои се направени според новиот Закон за енергетика, се во целосна заштита на потрошувачите. Посебен акцент ќе се стави на ранливите категории кои не смеат да бидат исклучени од струја во зимските месеци.„Очекувам дека покрај стандардните потрошувачи кои примаат одредена социјална помош, опфатот на ранливите клатегории на потрошувачи на кои нема да може да им се исклучува струјата ќе биде зголемен, зоштѕо имаме потрошувачи кои имаат проблем со наплаќањето на струја.“ – изјави Бислимоски.Во моментов 93 проценти од потрошувачите редовно си ги плаќаат сметките за струја.Дали и на слободниот пазар компаниите ќе ги исклучуваат домаќинствата за една неплатена сметка, дополнително ќе се одлучува.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

На туристичките автобуси на Матка ќе им се наплаќа влезница

На туристичките автобуси на Матка ќе им се наплаќа влезница, а штом ќе ги истоварат патниците автобусите ќе се пренасочат на паркинг каде што ќе ги чекаат патниците додека шетаат.Ова е една од опциите што Град Скопје заедно со Општина Сарај ја разгледуваат со цел да се реши сообраќајниот хаос во спортско-рекреативниот центар “Матка” присутен особено за време на викендите. Во моментов туристичките автобуси се паркираат на малиот простор над трибините за кајак и се создаваат големи гужви.-Мојата желба е влезот на автобусите да се наплаќа и после истоварањето на патниците, автобусите ќе треба да заминат на паркинг затоа треба да им обезбедиме паркинг. Не постојат такви бисери во светот каде може да влезете и да ги оставите автобусите. Може да влезете да ги оставите патниците и да заминете и потоа да се вратите. Тоа е основата на коцептот кој го работиме со општина Сарај за намалување на сообраќајот. Во непосредна близина ни е езеро Треска од друга страна има делови кои не се дел од Матка кои може да бидат уредени како паркинг простор.По имплементирање на овој систем во Матка влезот на автобусите ќе се наплаќа и нема да може да го користат овој паркинг автобусите туку ќе бидат насочувани кон други паркинг места , посочи скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Скопје | пред 7 години

avion

Несекојдневно бркање на авион во Даблин

Дваесетгодишник приредил несекојдневна сцена на аеродромот во Даблин. Случката која е можеби интересна за слушање, сепак значеше и интервенција на полицијата и притвор за главниот „актер“.Имено тој, откако сфатил дека доцни на летот, го поминал терминалот, излегол на пистата и почнал да трча кон авионот кој се подготвувал за полетување.Како што пренесуваат ирските медиуми, станува збор за 20-годишен ирски државјанин кој задоцнил на летот на „Рајанер“ за Амстердам.Најпрвин се обидел да ги убеди вработените на аеродромот да го пуштат, но гејтот бил затворен затоа што веќе авионот се подготвувал за полетување. Потоа тој започнал очајнички да удира по прозорот од терминалот и да му вика на пилотот да го сопре авионот.Со оглед на тоа што авионот продолжил со подготовките за полетување, Ирецот истрчал низ терминалот, ја отворил вратата и излетал на пистата извикувајќи „Чекајте“.Тој бил „решен“ да го стигне авионот, иако веројатно и немал план како би се качил дури и кога би го стигнал, а според изјавата на еден од сведоците, во рацете го носел и својот куфер. Тој пред да стигне до авионот веќе пристигнале два полициски автомобили и едно комби.Полицајците веднаш го фатиле и тој веќе се наоѓа во притвор од каде што ќе се соочи со кривична пријава.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Јапонија се подготвува за ударот на тајфунот Трами

Силен тајфун се движи кон најјужните јапонски острови, а метеролозите прогнозираат дека е можно тој да ја промени насоката и да се упати кон централниот дел на архипелагот.Поради тајфунот, кој го носи името Трами, се откажани стотици летови  во Јапонија, а крајбрежните градови се подготвуваат за големи бранови, како и за опасноста од откорнати дрвја.Во жариштетот на тајфунот дуваат ветрови со брзина од 162 до 220 километри на час.Јапонија веќе беше погодена од неколку силни тајфуни во текот на годинава, а ова е 24-от тајфун во целата сезона. Во претходните бури и во поплавите што тие ги предизвикаа загинаа 220 лица.

Свет | пред 7 години

boing

Боинг 737 ја утнал пистата на аеродромот и пропаднал во океанот

Патнички авион се урна во океанот откако не ја  погодил пистата на малиот остров Вено во северозападниот дел на Папуа Нова Гвинеја.Авионот  на Air Niugini кој летал од Микронезија кон Папуа Нова Гвинеја, не успеала да слета на пистата и слетал  во водата, објавија локалните власти, цитирани од “Дејли Меил”.   Чудно, ама преживеале  сите 36 патници и 11члениот  екипаж .Боингот 737  а бил  целосно потопен под вода а само  еден човек бил  повреден.   Локалните жители веднаш стигнале  со своите чамци за да им помогнат и да ги извлечат патниците што го напуштиле авионот . Менаџер  на аеродромот објаснил на медиумите дека авионот беше надвор од патеката за околу 160 метри. Сите во авионот биле однесени во болници каде што биле испитани, но немало сериозно повредени.   Засега причината за несреќата не е јасна.

Свет | пред 7 години

most

Алексов: МОСТ ќе има 1.500 набљудувачи за референдумот

Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов во интервју за МИА истакнува дека граѓанската асоцијација ќе го набљудува гласањето со околу 1.500 набљудувачи со што ќе бидат покриени околу 33 отсто од гласачките места во Република Македонија, како и 33 отсто на ниво на секоја општина.– Дополнително, во секоја општина ќе имаме мобилни набљудувачи кои ќе ја набљудуваат атмосферата надвор од гласачките места. Ќе бидат распоредени набљудувачи и во сите 80 општински изборни комисии, како и во Државната изборна комисија, вели Алексов.Извршниот директор на МОСТ потенцира дека никој не смее да го повредува правото на глас и да врши притисок граѓаните да не излезат да гласаат.

Македонија | пред 7 години

milenici

Нов парк за миленици во Карпош

На Кејот на Вардар, во близина на Алпинистичката карпа, општина Карпош постави нов парк за миленици. Станува збор за голема површина, соодветно заградена и опремена со урбана опрема.На неформална средба градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев со граѓани – сопственици на кучиња размени мислења за одржувањето на паркот, подигнувањето на свеста кај сите граѓани за односот кон животните, а беше изразена подготвеност и за заедничко организирање настани на оваа локација.На овој потег веќе е поставена фитнес зона, а целосниот изглед ќе се заокружи со изградбата на Адреналинскиот парк, проект подготвен од Секторот за развој при општина Карпош.

Скопје | пред 7 години

ref

Во сабота на референдумот ќе гласаат 1.859 болни и немоќни лица

За референдумот на 30 септември за гласање се пријавени 1.859 болни и немоќни лица во 69 од 80 општини.Гласањето за нив ќе се спроведе на 29 септември, кога членови на избирачките одбори ќе ги посетат во нивните домови.Најмногу болни и изнемоштени за гласање се пријавиле во Демир Хисар – 145, во Прилеп – 143, во Струмица 107 и во Крива Паланка 100.На локалните избори во 2017 година за гласање биле пријавени над 5.400 болни и изнемоштени лица.

Македонија | пред 7 години

sonce

Сончево време со ниски утрински температури

Времето во Македонија денеска ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната температура од 19 до 25 степени.Попладне облачноста ќе се зголеми, особено во јужните делови каде ќе има услови за локален краткотраен дожд и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.Во Скопје времето ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од еден степен во утринските часови до максимални 23 степени.Од сабота следува период на променливо облачно време со услови за локален дожд. Утринските температури поради наоблачувањето ќе се зголемат, додека дневните ќе бидат без поголеми промени.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(Видео) Погледнете што се има во лимузината на Трамп

По десет години лимузината на американскиот претседател наречена „Ѕвер“ заминува во заслужена пензија. Најновиот претседателски автомобил, исто така „кадилак“, Доналд Трамп веќе го претстави пред јавноста, пристигнувајќи со него во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.Деталите за новата претседателска лимузина се оскудни бидејќи тајните служби ги кријат. Се знае само дека таа тежи меѓу седум и девет тони, додека другите карактеристики, од безбедносни причини, се држат во тајност.Експертите за безбедност наведуваат дека автомобилот има противпожарен систем, ноќни камери, посебен систем за одбрана од ракетен напад итн.Дизајнот на новиот „Ѕвер“ потсетува на претходниот модел, но безбедноста е крената на уште повисоко ниво, па лимузината има понапредни и непробојни стакла и некои додатоци што ги барал претседателот.Исто така, во лимузината има и резерви на крв кои одговараат на крвната група на Трамп за итни случаи, додека распоредот на седиштата 2+3+2 е идентичен како и во претходниот модел.

Свет | пред 7 години

img-326182

Возач и пешак загинаа во сообраќајна несреќа

Еден возач и еден пешак го загубија животот, две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а други 12 со лесни, во вкупно 15 сообраќајки што се случиле вчера во Скопје.По преземените активности и мерки на подрачјето на СВР Скопје, информираат денеска од полицијата, исклучени од сообраќај се вкупно 13 возачи. Четворица од нив управувале возило под дејство на алкохол, седум биле без возачка дозвола, додека двајца биле возачи почетници. Исклучени од сообраќај се шест не регистрирани возила.Во текот на вчерашниот ден пајакот подигнал 40 возила.Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден  реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која   присуствуваа  граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на  возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).

Скопје | пред 7 години

rijana-1400227993-35978-890x395_c

Втора кражба во рок од 5 месеци во домот на Ријана

Вечерта на 25 септември, е извршена кражба во домот на познатата пејачка Ријана.Властите отвориле истрага откога било пријавено дека вила вредна 7 милиони долари е обиена, изјавил за USA Today Џеф Ли, службеник на полициската служба за информирање на јавноста во Лос Анџелес.„Пред да дојде полицијата забележани се три црни мажи кои ја напуштиле локацијата“, вели Џеф.Според светските медиуми, на полицијата се уште не и е познат идентитетот на крадците, ниту пак знаат што е украдено од луксузната вила.„Полицијата ќе провери дали може да се види нешто на сигурносните камери. Доколку на камерите се гледаат крадците снимките ке се објават со цел истите да се идентификуваат што е можно побрзо“, рече Ли.Во моментот кога крадците влегле во куќата познатата пејачка не била дома.Ова е втор пат оваа година полицијата поради кражба да дојде во вилата на Ријана. На 9 мај, Едуардо Леон поминал 12 часа во вилата,, откако се прекачил преку оградата, соопши тогаш полицијата.

Магазин | пред 7 години

fb9500374b7c5c18e34b-830x0

Луис Хамилтон во врска со Ники Минаж?

Познатата раперка Ники Минаж и возачот на Формула 1, Луис Хамилтон вчера заедно се забавуваа во Дубаи. Од таму објавија селфи со морот додека се возеле, па поради тоа многумина мислат дека тие се заедно.Истиот ден кога тие се забавувале во пустината, се видени како заедно го напуштаат хотелот. Ито така Хамилтон може да се забележи во одразот од огледалото додека ја снимал Ники во „Версаче“ креација.https://www.instagram.com/p/BoFmbPThp9j/?taken-by=nickiminajНекои се прашуваат што бара Хамилтон со Ники, поради тоа што тој е познат по врските со Никол Шерцингер, со манекенката Џиџи Хадид, манекенката Вини Харлоу, а се зборуваше и дека го освоил срцето на Ријана.

Магазин | пред 7 години

161753_jelena-karleusa_ff

Јелена Крлеуша за тешката финансиска состојба

Пејачката Јелена Крлеуша е постојано на релација Србија – Кина, затоа што нејзиниот сопруг Душко Тошиќ потпиша милионси договор со тамошниот фудбалски клуб. Тие планираат да купат авион за патувањето да им биде полесно.Но, пејачката се потсети на својот почеток на кариерата кога немала пари. Таа не крие дека на првото гостување отишла без чорапи, затоа што немала пари за да ги купи.„Кога почнав во 1995 година за време на војната, она што јас сакав не можев да го носам, немав од каде да го купам, а немав ниту со што да го купам“, изјави Крлеуша.„Многу често немав пари да купам чорапи. Се сеќавам на моето прво појавување, имав огромна трема, а се појавив во фустан од сребро, од позајмен материјал, немав ниту чорапи. Бев премногу нашминкана за девојче од 16 години и изгледав 10 години постаро“, откри пејачката во една емисија.

Магазин | пред 7 години

romuald-kaminski

Свештено лице сексуално вознемирувал деца во католичка црква

Бискупот на Варшава-Прага, една од двете бискупии на полскиот главен град, Ромуалд Камински, се извини поради сексуалното вознемирување деца во полската католичка црква.„Ќе ги заштитиме децата и младите во секој момент и секаде“, рекол тој. „За мене тоа е приоритет. Сакам да се извинам и ќе направам сè за жртвите да можат сигурно да се вратат во црковната заедница и повторно да изградиме доверба во нив“, додал Камински.Тој рекол дека во неговата бискупија во последните 26 години се случиле 12 случаи на силување малолетници. Десет случаи се потврдени, од кои некои се однесуваат на деца на возраст меѓу 15 и 18 години. Во три случаи злоупотребувачите се предадени на правосудните органи. Двајца од нив се осудени.Полската црква пред четири години во Краков на литургија се покајаа поради педофилијата во нејзиното свештенство.Католичката црква доживува голема криза по бројните откритија на силување деца во повеќе земји. Во вторникот Германската црква се извини по објавениот извештај за полови напади врз повеќе од 3 600 малолетници во периодот од 1946 до 2014 година.Папата Франциск во вторникот во Талин рече дека младите со право се гневни на Црквата поради начинот на кој ги решава случаите со свештениците кои силуваат деца.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Два дена ќе се молчи, во чест на референдумот

На полноќ заврши јавната пропаганда и започна 48-часовниот молк пред референдумот што ќе се одржи в недела на 30 септември.Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера извести дека кампањата „Твој став, твое право“ на Државната изборна комисија, како кампања од јавен интерес не спаѓа во јавната пропаганда за референдумот и може да се емитува и во петок и во сабота иако веќе ќе биде молк пред референдумот.Според одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, прашањето за референдумот ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“Право на глас на плебисцитарното изјаснување в недела имаат 1.806.336 гласачи, запишани во Избирачки список. Гласачките места на 30 септември ќе бидат отворени од 7 часот до 19 часот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Температурите паднаа до -3

Времето во Македонија денеска ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната температура од 19 до 25 степени.Попладне облачноста ќе се зголеми, особено во јужните делови каде ќе има услови за локален краткотраен дожд и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.Во Скопје времето ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од еден степен во утринските часови до максимални 23 степени.Од сабота следува период на променливо облачно време со услови за локален дожд. Утринските температури поради наоблачувањето ќе се зголемат, додека дневните ќе бидат без поголеми промени.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Анџелина Џоли ја промени фризурата

Глумицата Анџелина Џоли не прекинува да не шокира со својот изглед.Овој пат холивудската ѕвезда ја промени фризурата поради потребите за снимањето на новиот филм „Come Away“.Анџелина за новата улога, наместо долга смеѓа коса има плава кадрава перика која и дава постар изглед, со цел подобро да го долови изгледот од 1900 години.Во новиот филм холивудската актерка ја има главната улога како мајка и сопруга. Покрај неа во филмот глумат и Дјевид Ојелово, како нејзин сопруг, и Мајкл Кејн.

Магазин | пред 7 години

nikolapoposki

Никола Попоски се огласи за референдумот

Тој на Фејсбук напиша:Врз основа на изборот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија и нашата изборна програма, јасно е дека немам мандат и не учествувам во промена на Уставот на Република Македонија со цел промена на Уставното Име.

Македонија | пред 7 години

maxresdefault

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ ќе застане зад сите што се чувствуваат уценети

Уште еднаш сакам да упатам апел до сите оние кои што се чувствуваат заплашени, уценети, дека ние сме тука, ВМРО-ДПМНЕ ќе застане позади секој од вас. Како што веќе кажавме, снимајте ги, документирајте ги, пријавете ги. За многу брзо сите оние што го прават ова ќе дојде крајот, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше во посета на Македонска Каменица и Делчево.„Остваривме средби со голем број на граѓани каде што како и секој ден разговаравме пред се за штетните последици кои што се очекуваат од капитулантскиот договор кој што Заев и Владата предводена од СДСМ го склучија заедно со Република Грција“, рече тој.Она што можам да го кажам при овие средби, додаде тој, е дека во огромен број граѓаните се запознаени со штетните последици од истиот и кој што после сите повици и укажувања од наша страна, средби кои што ги имавме со граѓаните покажуваат отпор и пркост. „Покажуваат достоинство и образ дека на 30-ти септември со своето однесување односно со она како ќе постапат ќе покажат отпор против овој договор. А, нормално со цел зачувување на Република Македонија. Зачувување на македонскиот национален идентитет, нашиот јазик и се она што е македонско. Онакво какво што го имаме денес и онакво какво што сите го знаеме“, рече Јанушев.

Македонија | пред 7 години

Enes_Ibrahim

Ибрахим: На 30 септември имаме историска можност што не смееме да ја прокоцкаме

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) вечерва со митинг во Ресен ја заокружи кампањата за претстојниот референдум на 30 септември.На присутните им се обрати претседателот на ТХП, пратеникот Енес Ибрахим, кој во своето излагање уште еднаш ги потенцира придобивките од евро-атлантската интеграција, но и позитивните ефекти од добрите односи со соседите.„На 30 септември имаме историска можност што не смееме да ја прокоцкаме. Тоа е влог за иднината на нашите деца, влог за иднината на нашата татковина. Повеќе од сигурен сум дека зрелоста што ја покажавме во 1991 ќе ја повториме и в недела, кога сите Турци од цела Македонија масовно ќе излезат и ќе гласаат за европска и просперитетна Македонија“, истакна Ибрахим.Во текот на референдумската кампања, ТХП преку трибини, средби и митинзи низ повеќе градови и рурални населени места ги информира граѓаните од турската етничка заедница за важноста на референдумот што ќе се одржи в недела.

Македонија | пред 7 години

Capture-2

(Видео) Кирацовски: В недела избираме дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад

Референдумот в недела е историска, животна шанса на нашата генерација, преку која ја обезбедуваме нашата иднина, изјави Александар Кирацовски, пратеник  и дел од коалицијата „За европска Македонија“.„В недела не се седи дома. В недела избираме помеѓу за или против. Дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад. Дали ќе одбереме светлина или темнина, иднина или изолација. Избираме помеѓу европска Македонија или Македонија од која младите ќе се иселуваат во некоја друга европска држава“, рече тој.Според Кирацовски, изборот го прават тие што ќе излезат да гласаат.„Нивниот избор пред гласачката кутија, ќе ја одлучи иднината на Македонија и на сите граѓани што живеат во неа. Почитуван граѓанину, што и да направиш в недела ќе влијае трајно врз иднината на твојот живот и врз иднината на државата, трајно ќе влијае врз иднината на твоите деца, на нашите деца“, рече Кирацовски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања