Ахмети: Октомври е албанско-македонски референдум, политиката на Мицкоски без Албанците е осудена на неуспех

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
ali-ahmeti

Премиерот Христијан Мицкоски не може да успее во политиката на сметка на Албанците и без да го почитува легитимитетот, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за Еуроњуз Албанија. Според лидерот на ДУИ, локалните избори се албанско-македонски референдум.

— реклама —

-Октомври е албанско-македонскиот референдум. Христијан не може да биде успешен во политиката без да го почитува легитимитетот на албанската нација во Македонија. Овие политики на деградирање на албанското прашање не му прават никаква корист ниту на Христијан Мицкоски ниту на Албанците што ги има таму нелегитимно. Неколку пати го повикавме Вреди да ја напушти коалицијата и да се обединат околу платформа во мирна одбрана на Охридскиот договор. Успешните политики се прават со политики што имаат легитимитет, фер вклученост, консензуална демократија која е основа на Охридскиот договор. Ние не сакаме да станеме причина за кризи, сакаме да придонесеме и имаме капацитет да ја туркаме земјата напред, вели Ахмети.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања