Промени тема
Контакт

АХВ со засилени контроли: уништени над 355 илјади килограми небезбедна храна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
meso-mesarnici

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните биле спроведени во текот на минатата година од официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, информираат од АХВ.

„Контролите не се однесуваа само на домашниот промет, туку ги опфатија и производството, дистрибуцијата, угостителските објекти, како и увозот и извозот на храна и живи животни“, соопштуваат од Агенцијата.

Од АХВ нагласуваат дека акцентот бил ставен на имплементацијата и одржувањето на процедурите за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, НАССР системот за безбедност на храната, соодветното означување на производите, како и мониторингот на храната од домашно производство и од увоз.

— реклама —

„Фреквенцијата на официјалните контроли се спроведуваше согласно ризик-категоризацијата на објектите, при што операторите со висок ризик беа предмет на почести контроли“, наведуваат од Агенцијата.

Во текот на 2025 година, во рамки на внатрешниот промет биле реализирани 47.200 редовни и вонредни инспекциски контроли. Притоа, издадени биле 5.406 решенија, поднесени 10 прекршочни пријави и изречени 1.073 прекршочни платни налози, со вкупна вредност од 618.010 евра во денарска противвредност. Поднесени биле и осум кривични пријави, сите од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните.

„Во рамки на овие контроли, како небезбедна беше одземена и нештетно уништена храна во вкупна количина од 355.377 килограми“, информираат од АХВ, појаснувајќи дека станува збор за месо и месни производи, млеко и млечни производи, јајца, јаткасти плодови, риба, кондиторски производи, како и алкохолни и безалкохолни пијалаци.

— реклама —

Покрај контролите во внатрешниот промет, инспекциските служби на Агенцијата спровеле и 78.016 контроли на увозни пратки и пратки во транзит со храна од животинско и неживотинско потекло, добиточна храна и живи животни.

„Како небезбедни беа уништени осум пратки со храна од неживотинско потекло во количина од 69.785 килограми, а една пратка беше вратена во земјата извозник“, соопштуваат од АХВ.

— реклама —

Дополнително, уништени биле и три пратки со храна од животинско потекло во вкупна количина од 22.061 килограм, додека 16 пратки биле вратени како небезбедни.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство посочуваат дека инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување безбедна и квалитетна храна на пазарот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1utdbj34k1ql5vkxb41

Спречен увоз на 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

АХВ ги демантира тврдењата за отворени јами: „Секоја веднаш се затрупува и дезинфицира“

Македонија | пред 1 месец

ovci

Сипаници кај овци и кози: АХВ спроведува контроли, се разгледува можноста за вакцинација

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd822mp5i86b1fpABN3C

Фрлил цело легло мачиња во парк, па доби казна од 550 евра: Изречена првата казна за напуштање новородени животни во Македонија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања