Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Бајден: Соработката меѓу Русија и Северна Кореја е опасна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
severnokorejski-topovi

Американскиот претседател Џо Бајден во петокот ја пофали растечката соработка меѓу Соединетите Американски Држави, Јужна Кореја и Јапонија како одговор на загриженоста за растечките воени врски на Северна Кореја со Русија. На самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Перу, Бајден ја нагласи клучната улога на трилатералната алијанса во спротивставувањето на, како што рече, „опасната и дестабилизирачка соработка на Северна Кореја со Русија“.

— реклама —

Бајден ова го изјави за време на состанокот со јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол и јапонскиот премиер Шигеру Ишиба на маргините на самитот во главниот град на Перу, Лима.

Извештаите покажуваат дека илјадници севернокорејски војници во моментов се борат заедно со руските сили во регионот Курск, во близина на украинската граница, по украинската офанзива на почетокот на оваа година, која зазеде делови од регионот, кој Русија сега се обидува да го врати.

— реклама —

Јужнокорејската разузнавачка агенција верува дека Северна Кореја испратила илјадници војници во Русија.

— реклама —

„Како што можеме да видиме од неодамнешното распоредување на војници на ДНРК во Русија, предизвикувачкото безбедносно опкружување во регионот и пошироко уште еднаш не потсетува на важноста на нашата трилатерална соработка“, рече Јун, користејќи го кратенката за официјалното име на Северна Кореја.

Ишиба го нарече сојузот „клучен“ за одржување на мирот и стабилноста во Индо-Пацификот, регион кој се протега од Индискиот Океан до Северниот Пацифик и покрива голем дел од Азија и западниот брег на САД.

— реклама —

„Во текот на изминатите 15 месеци изградивме трилатерално партнерство кое ќе трае“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysq4e7q9pfq8tbS0EOWO

Како се готви во вселената? Русија подготвува необична книга со рецепти

Магазин | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryct492hg3j5qs9mr9QcJ

Руски ракети погодија три моста во Киев, загинаа тројца, а десетици се повредени

Свет | пред 23 часа

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Русија, Кина и Иран бараат гаранции дека САД и Израел нема повторно да ја нападнат иранската нуклеарна инфраструктура

Свет | пред 1 ден

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Првиот пациент ја заврши терапијата со руската вакцина против рак, до крајот на 2027 година ќе ја примат уште 120 пациенти

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања