Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Барале 10.000 евра од делчевец со закани дека ќе објават компромитирачки материјали, тројца скопјани приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm
Илустрација / Скопје1

Три лица од Скопје се лишени од слобода во рамки на оперативната акција „Чистач“, под сомнение за уцена и загрозување на сигурноста на жител на Делчево. Според пријавеното, осомничените му се заканувале на жителот и барале од него да им исплати 10.000 евра, заканувајќи се дека, во спротивно, ќе објават компромитирачки материјали.

— реклама —

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за општ, насилен криминал и семејно насилство, во соработка со СВР Штип – ОВР Делчево и СВР Скопје, извршиле претреси на две локации и ги лишиле од слобода З.Б. (61), М.Б. (35) и Б. (43), сите од Скопје.

— реклама —

Акцијата била спроведена по оформен предмет во Основното јавно обвинителство во Делчево за кривичните дела „уцена“ и „загрозување на сигурноста“, предвидени и казниви согласно со членовите 259 и 144 став 2 од Кривичниот законик.

Според пријавата, неколку лица од Скопје му упатувале закани по животот и телото на жителот на Делчево, барајќи од него да им исплати 10.000 евра. Притоа, му се заканувале дека ќе објават компромитирачки материјали доколку не ги исполни нивните барања.

— реклама —

При претресите бил пронајден и нелегален пиштол „М57“, со калибар од 7,62 милиметри. По извршените проверки било утврдено дека оружјето потекнува од кривичното дело „тешка кражба“, извршено на подрачјето на СВР Скопје.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Македонија | пред 12 минути

— реклама —
media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 20 часа

media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 20 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања