Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Барселона плати десетпати повеќе за играч вреден 800.000 евра: Кој е Џеси Бисиву?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Спорт
media-library1u1bsknhtc5d4qLMrLS
Photo by Fikri Rasyid on Unsplash

Барселона официјално го потврди ангажманот на 18-годишниот белгиски фудбалер Џеси Бисиву, кој пристигнува од Клуб Бриж во трансфер вреден 8,5 милиони евра. Белгискиот клуб ќе задржи и 20 проценти од сумата од евентуалниот негов иден трансфер.

— реклама —

Иако неговата моментална пазарна вредност според „Трансфермаркт“ се проценува на околу 800.000 евра, каталонскиот гигант реши да плати повеќе од десетпати поголема сума за младото крило.

— реклама —

Бисиву досега нема настап во белгиската прва лига, но минатата сезона беше стандарден првотимец на вториот тим на Клуб Бриж, за кој одигра 36 натпревари, постигна два гола и запиша две асистенции. Во младинската Лига на шампиони настапи на 14 натпревари, со учинок од три гола и една асистенција.

— реклама —

Според Барт Тамсин, раководител на „Трансфермаркт“ за Белгија и поранешен скаут на Клуб Бриж, Бисиву важи за еден од најголемите белгиски таленти. Тој го спореди со белгискиот репрезентативец Жереми Доку, истакнувајќи дека се работи за брзо и технички потковано лево крило кое е силно во играта „еден на еден“, но сè уште треба да напредува во тимската игра и дефанзивните задачи.

— реклама —

Младиот Белгиец со потекло од Гана досега настапуваше за сите младински селекции на Белгија, а годинава дебитираше и за репрезентацијата до 19 години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjkhqmcn5211t1DbyNLS

(Видео) Хаос во Барселона: 100 уапсени, десетици пожари и ограбени продавници

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryqi34btp518egcLsnbf9

Рафинја се повреди и го напушти кампот на Бразил

Спорт | пред 1 месец

media-libraryaidru30vragh2jjnAa6

(Видео) Пожар во метро во Барселона: повеќе од 130 повредени при евакуацијата

Свет | пред 3 месеци

media-librarye3moqnkh8p21eE4FX7v

Идентификуван мажот ликвидиран во Барселона: Станува збор за српски државјанин

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања