Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) Пожар во метро во Барселона: повеќе од 130 повредени при евакуацијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-libraryaidru30vragh2jjnAa6

Најмалку 137 лица се повредени во пожар што избувнал во метрото во Барселона, поради што биле евакуирани две метро станици.

Според Службата за итна медицинска помош (SEM), 131 лице се здобило со полесни повреди, додека шестмина биле згрижени поради посериозни здравствени проблеми, главно предизвикани од вдишување чад и напади на паника.

Вкупно 39 повредени биле пренесени во болници и здравствени установи, а на местото на настанот интервенирале 24 екипи на итната медицинска помош.

— реклама —

Инцидентот се случил непосредно пред 18 часот, кога железничкиот сообраќај меѓу станиците „Глорис“ и „Клот“ бил прекинат поради густ чад во тунелот.

Возот останал заглавен во тунелот, по што дел од патниците насилно ги отвориле вратите и пеш се евакуирале низ тунелот во двата правци, каде што биле пречекани од спасувачките служби.

На терен интервенирале припадници на каталонската полиција, локалната полиција на Барселона и пожарникарите, кои успеале да го локализираат и изгаснат пожарот нешто по 19:30 часот.

— реклама —

Според генералниот директор на компанијата „Транспорт Метрополитанс де Барселона“ (TMB), Шавиер Флорес, пожарот избувнал откако се урнал дел од облогата во тунелот, што предизвикало запалување на надземниот електричен вод.

— реклама —

Ова е втор сериозен инцидент во метрото во Барселона за помалку од една недела. Минатата среда, експлозија предизвикана од истекување на гас на градилиште кај станицата „Пласа де Сантс“ повреди осум лица, од кои двајца се здобија со тешки повреди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1u1bsknhtc5d4qLMrLS

Барселона плати десетпати повеќе за играч вреден 800.000 евра: Кој е Џеси Бисиву?

Спорт | пред 12 часа

media-librarye3moqnkh8p21eE4FX7v

Идентификуван мажот ликвидиран во Барселона: Станува збор за српски државјанин

Свет | пред 1 месец

media-library6cj5sav9o3oadG0UpA0

Алварез му кажал „не“ на Арсенал, приоритет му е Ла Лига

Спорт | пред 1 месец

media-library750452722hd17tHzcWt

Флик го гради новиот тим на Барселона, во фокусот Гвардиол, Алварес и Гордон

Спорт | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања