Промени тема
Контакт

BBC под истрага за нова манипулација со говор на Доналд Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library77614r3so4gffLZss0S

Британската јавна радиотелевизија BBC се соочува со нов скандал, откако весникот Telegraph објави дека уште еднаш е монтиран говор на американскиот претседател Доналд Трамп во нивна емисија.

— реклама —

Станува збор за емисијата „Newsnight“ од јуни 2022 година, во која, според Telegraph, делови од истиот говор што подоцна беше прикажан во документарецот „Panorama“ биле селективно исечени и споени на начин што создава погрешен впечаток за содржината и тонот на обраќањето на Трамп.

— реклама —

BBC соопшти дека „се придржува до највисоките уреднички стандарди“ и дека случајот е под внатрешна истрага. „Прашањето го примивме на знаење и моментално го истражуваме,“ изјави портпаролот на корпорацијата.

Контроверзијата доаѓа по неколкунеделна криза во BBC – генералниот директор и главната уредничка поднесоа оставки поради обвинувања за пристрасност и нарушување на професионалните стандарди.

— реклама —

Трамп веќе се закани со тужба вредна една милијарда долари поради документарниот филм „Panorama“, во кој, според неговиот правен тим, некоректно бил монтиран негов говор, со што се создал впечаток дека тој директно повикувал на нередите на Капитол Хил во јануари 2021 година.

— реклама —

Адвокатите на Трамп побараа BBC да го повлече филмот до петок, да објави јавна извинување и да исплати оштета за, како што наведуваат, „огромната репутациска и финансиска штета“. BBC засега одбива да коментира дали ќе го направи тоа, наведувајќи дека размислува како ќе одговори на настанатата ситуација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 10 часа

— реклама —
morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 1 ден

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања