Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Белата куќа во жесток напад врз „Politico“: „Операција на странско влијание“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
bela-kuka

Белата куќа денеска остро го нападна американскиот медиум „Politico“, обвинувајќи го за спроведување „операција на странско влијание“. Повод за ваквата реакција е текст во кој се критикуваат преговорите на специјалниот претставник на претседателот Доналд Трамп за Украина, Стив Виткоф.

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс беше предводник на нападите врз „Politico“, кој од 2021 година е во сопственост на германскиот медиумски гигант „Аксел Шпрингер“. Во спорниот текст се цитираат неименувани функционери кои тврдат дека кај Виткоф, во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, „јасно се гледа неискуство“.

— реклама —

„Оваа сторија на Politico е новинарски пропуст. Но тоа е повеќе од тоа: ова е операција на странско влијание со цел да се наштети на администрацијата и на еден од нашите најефикасни членови“, порача Венс преку социјалната мрежа X.

Кон него се придружија и други претставници на Белата куќа. Заменик-шефот на кабинет Џејмс Блер текстот го нарече „операција на странско влијание водена преку интернет-медиум под германска контрола“.

— реклама —

Иако обвинувањата беа тешки, официјални лица не понудија докази кои би ја поткрепиле тезата дека е вмешана странска влада или друга организација.

— реклама —

Ова не е првпат администрацијата на Трамп да застане во одбрана на Виткоф, бизнисмен во областа на недвижности, кој беше именуван за специјален изасланик за мировните преговори во Украина и Газа, и покрај тоа што нема дипломатско искуство.

Текстот на „Politico“ е само дел од низата критички написи, вклучително и во „The Atlantic“, каде се наведува дека преговорите на Виткоф со Русија предизвикале конфузија.

Нападите врз медиумите доаѓаат во момент кога Берлин и Париз изразуваат сомнежи за успехот на мировните напори на Трамп. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека очекува војната да трае „уште многу месеци“.

Самиот Виткоф, кој неодамна повеќепати патуваше во Москва на средби со Путин, а во петок во Њујорк се сретна и со украински претставници, кусо изјави: „Изјавата на нашиот неверојатен потпретседател зборува сама за себе.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiv4ibsq218v9ckoGtY7

САД ја откажаа заедничката фотографија на министрите од Г20 поради присуството на Лавров

Свет | пред 3 часа

— реклама —
Policija

Мајка во САД ги задушила трите деца со ленти за вежбање, поранешниот сопруг ги тужи психијатарот и медицинската сестра кои ја лекувале од постпородилна психоза

Свет | пред 14 часа

rast-na-berzi

Волстрит расте и покрај стравувањата од ново зголемување на каматите во САД

Свет | пред 1 ден

Pentagon

Предупредување од САД: Граѓаните да обезбедат храна, вода и батерии за итни случаи

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања