Промени тема
Контакт

Белгија ја презема контролата: Ги купува сите нуклеарни централи на енергетскиот гигант

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP
фото: unsplash

Белгиската федерална влада започнува преговори со енергетската компанија Енџи за можно преземање на нуклеарните електрани во земјата, се наведува во заедничко соопштение. До постигнување конечен договор се суспендираат сите активности за демонтажа на нуклеарните постројки, со што, како што е наведено, се оставаат отворени сите опции за идниот енергетски систем на државата, пренесува VRT.

Белгија моментално располага со седум нуклеарни реактори – четири во Доел и три во Тиханж, од кои само Доел 4 и Тиханж 3 сè уште се активни, со продолжен работен век до 2035 година. Владата разгледува дополнително продолжување на нивната работа, додека останатите реактори беа затворени во периодот од 2022 до 2025 година.

— реклама —
— реклама —

Во соопштението се наведува дека засега станува збор за писмо за намери, но целта е до 1 октомври да се финализира договор кој би опфатил преземање на реакторите, персоналот, имотот и обврските поврзани со декомисија и затворање на постројките. Финансиските детали засега не се објавени.

— реклама —

Премиерот Барт де Вевер оцени дека со овој потег Белгија се насочува кон „безбедна, пристапна и одржлива енергија“, со намалување на зависноста од увоз на фосилни горива и поголема контрола врз снабдувањето со енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

toplo-vreme-768x556

Топлотните бранови однесоа 2.935 животи во Белгија: Смртноста зголемена за 22,6 отсто

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarymtf843vn3uvk1hbgigK

„Кој е најголемиот губитник на Белгија?“: Американскиот амбасадор го исмеваше министерот, повикан на разговор

Свет | пред 2 седмици

media-library385mvb3fgt0dakb6wxr

По седум дена борба, ставен под контрола пожарот во Белгија

Свет | пред 3 седмици

media-libraryh7j8c58v21p22leVhJp

(Видео) Огнената стихија не запира: Во Белгија изгореа 3.000 хектари, повторно избувнаа нови жаришта

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања