Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Белгиски министер до Трамп: Не ја напаѓајте Мелони, таа е кралица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarysvffc27oj6didpTXe7P
screenshot x

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен оцени дека Европа ќе продолжи да зависи од САД во одбранбената сфера уште најмалку пет до десет години и предупреди дека европските лидери не треба да ги нарушуваат односите со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во интервју за „Политико“, Франкен рече дека европските земји сè уште немаат доволно воени капацитети за самостојна одбрана и дека американската поддршка останува клучна.

— реклама —

„Потребни ни се Американците, затоа треба да бидеме дипломатски настроени, да слушаме што зборуваат и да настапуваме внимателно“, изјави тој.

— реклама —

Сепак, Франкен нагласи дека постојат граници, осврнувајќи се на неодамнешните шеги и критики на Трамп упатени кон италијанската премиерка Џорџа Мелони.

„Мелони е кралица, нека ја остават на мир. Таа е лидер на европскиот десен центар“, рече белгискиот министер.

— реклама —

Тој изрази и чудење што несогласувањата меѓу двајцата лидери произлегле поради фотографија од нивната средба.

— реклама —

Изјавите на Франкен доаѓаат во период кога Трамп повторно ги критикува сојузниците во НАТО поради недоволните издвојувања за одбрана, а Вашингтон ја преиспитува својата воена присутност во Европа.

Белгискиот министер повика и на создавање единствен европски пазар за одбранбената индустрија и намалување на националниот протекционизам при набавката на оружје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydgdlficm01r1dRIgsqV

(Видео) Трамп не ја исклучува воената интервенција на Куба: „Сакам да го решам прашањето пред да заминам“

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп го повлече Џеј Ди Венс од преговорите со Иран по неговите критики за војната

Свет | пред 23 часа

media-libraryccdln8fu63rlbrq3SiN

Трамп го задолжи Венс да ја истражува наводната корупција во државите управувани од демократите

Свет | пред 1 ден

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп му се закани на Мексико со двојно повисоки царини ако не ги запре мигрантите

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања