Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Бензинските станици дневно снабдуваат до 2 милиони литри гориво, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
234786586_397205545075467_2082182706027825334_n

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за новинарите информираше дека побарувачката за нафтени производи во државата е зголемена, со денови кога бензинските станици снабдуваат дури над 2 милиона литри

— реклама —

„Зголемена ни е побарувачката, имаме денови кога имаме и дури над 2 милиони литри, коишто бензинските станици во држава ги снабдуваат, но тоа што е битно е дека на дневна основа ги следиме предизвиците, предизвиците ќе има, дури и утре да заврши се тоа, ќе имаме ефект којшто ќе трае бидејќи производните капацитети во заливот, тука пред сè мислам на Кувајт, Ирак, Иран, Саудиска Арабија, Бахреин и ОАЕ имаат озбилни оштетувања, некои и трајни, некои делумни, недостасуваат 12 милиони барели на ден, недостасуваа барем во пикот на воздушната интервенција на сојузниците врз Иран на ден, сега преку теснецот се пропуштаат танкери, дневно меѓу 7 и 10, во одредени периоди денот можеби повеќе, а пред кризата беа меѓу 50 и 100 на ден.

— реклама —
— реклама —

Она што е важно за нас и за граѓаните и за бизнесот е дека ние имаме доволни количини на дизел горива и на останати нафта и нафтени производи, и во цевководот, којшто го пуштивме на почетокот на годината, којшто ја поврзува рафинерија Окта со Солунското пристаниште, но и во државните резерви. Немаме до сега најава за било какви попречувања во делот на снабдувањето, не планираме да воведеме ограничувања, на тој начин ги помагаме и нашите соседи, бидејќи некои аеродроми од соседството добиваат керозин од кај нас, така што и тука не планираме да воведеме ограничувања за износ.

— реклама —

Голем дел од граѓаните на соседните држави се снабдуваат со бензин и дизел од нашите бензински станици, одредени бензински станици по три-четири пати ја имаат зголемено потрошувачката, така што отприлика сега за сега и покрај историски најголемиот обем на криза, ние како влада прилично стабилно се справуваме“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryke4d01rsi92h4G6UwB9

Мицкоски: Алта банка ќе се спаси, парите на граѓаните ќе останат достапни

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-librarylp7lbsbs1k369yuYPOr

Мицкоски најави три мерки за младите: 20 отсто поевтини станови, нула комуналии и студентски попусти

Македонија | пред 6 часа

media-librarygvm4hjcam8ulaZZz9wq

Мицкоски ја најави кампањата „Очи в очи за подобро“: Ќе одиме од место во место за да ги слушнеме граѓаните

Македонија | пред 6 часа

media-libraryk854ssd064cmbGO9CVv

Рама тргна да кажува за Бугарите во македонскиот Устав, Мицкоски одма му порача: Тоа е внатрешно прашање

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања