Промени тема
Контакт

Бесплатен јавен превоз во Тетово за учениците и граѓаните кои ги имаат подмирено сите обврски кон општината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library0ukjhovl1q3d3thaFJf

Општина Тетово, во соработка со Јавното претпријатие „Тетово транспорт“, стави во употреба дигитални билети и платежни картички наречени ТЕ КЛИК- ПРЕПЕЈД, кои можат да ги користат сите граѓани без оглед каде живеат, олеснувајќи го процесот на купување билети.

— реклама —

Оваа одлука има за цел да ја награди граѓанската одговорност, а воедно да го олесни градското движење за различни категории на општеството, изјави градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами. Според него, ова е конкретен чекор кон пофункционален и пофер град, каде што граѓанската одговорност се вреднува и се преведува во реални придобивки за граѓаните.

— реклама —

„Јавното претпрјатие за јавен превоз денеска го стави во функција системот за електронска наплата и припејд картички. Оваа услуга им е достапна на сите граѓани без разлика на нивното место на живеење. Оваа Одлука има за цел да ја награди граѓанската одговорност и да го олесни урбаното движење за различни категории граѓани. За граѓаните кои ги имаат подмирено сите обврски кон Општина Тетово, јавниот превоз ќе биде бесплатен, а тоа се однесува и за членовите од нивните семејството кои живеат на иста адреса. Граѓаните потребно е да аплицираат преку системот ‘Те-клик’, а картичката можат да ја подигнат во просториите на ЈП ‘Тетово транспорт’, рече градоначалникот Билал Касами.

— реклама —

Јавниот превоз во Тетово ќе биде бесплатен и учениците од основните и средните училишта, како и членовите на институциите и здруженијата, но само оние кои потпишале Договор за соработка со Општината. Се воведуваат и припеј“ картички за превоз кои може да се надополнуваат, а ќе може да се купи и еднократен билет за превоз.

— реклама —

Општина Тетово очекува да биде дел од проектот на Владата за набавка на нови автобуси, при што градоначалникот Касами се надева дека за Тетово ќе бидат обезбедени 5 електрични автобуси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4u7af63gvrsddhJNmNW

Нови детали за превртениот автобус во тетовско: Немало патници, несреќата се случила пред да ги земе

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarygdfsnbhkf4l6eGlIE4b

(Видео) Автобус излетал од патот во близина на Стенче

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryuh8iq91pp6mpcZBdutJ

Трагична вест од Тетово: Загина младиот фудбалер Даниел Николовски

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата во четири тетовски села не е безбедна за пиење

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања