Промени тема
Контакт

Бесплатен превоз за невработени, паричен надомест за пензионери, солидарен фонд за средношколци, предлага Левица во буџетот на Град Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Screenshot-2024-11-29-at-16.44.25

„Советничката група на Левица во Советот во Град Скопје поднесе 10 амандмани на Буџетот и предлог програмите на градот за 2025 година“, велат од Левица и додаваат:

Во поднесените амандмани ги предлагаме следните мерки:

- Еднократна парична помош за пензионери со ниски пензии (пензии до 20.000 денари),

- Набавка на еколошки дрва со цел намалување на загадувањето на воздухот;

- Бесплатен јавен превоз за невработените лица - жители на град Скопје;

- Субвениции за граѓани и фирми за набавка на филтри за оџаци;

— реклама —

- Еднократна парична помош за лица и семејства кои се нашле во состојба на социјален ризик ( природна непогода, болест или смрт во семејството…)

- Топол оброк за социјално ранливи категории на граѓани;

— реклама —

- Тековно одржување на домови за стари лица;

- Отворање на солидарен фонд за средношколци од социјален ризик ( за субвенционирање на трошоци за матура, екскурзии и сл.),

- Субвениции за набавка на инвертер клими за семејства од социјален ризик;

— реклама —

- Дополнителни средства за културни манифестации.

Дел од мерките ги предложивме со цел намалување на енормното загадување во главниот град, а остатокот се социјални мерки со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните во надминувањето на тешката економска криза предизвикана од енормното зголемување на цените на основните прехрамбени продукти.

Се надеваме дека предложените амандмани ќе бидат изгласани на седницата на Советот на Град Скопје која што е закажана за денс во 11 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8qnene5bqcr1aHO6zMK

(Фото) Камени мост затворен за пешаци: По години во мрак, се санира осветлувањето

Скопје | пред 5 дена

— реклама —
media-library3ubopt15lmq0dHrUBgV

Нов директор во „Лајка“: Орце Ѓорѓиевски го брани изборот, Штерјова обвинува за партизација

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryacssdvpb4m0oeVWqaK2

Цаневска: Скопје станува „невидливо“ за инвеститорите по суспендирање на кредитниот рејтинг Б+

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryo50v32k7adh95ZJe2f8

(Фото) „Бандит“ на говорницата на Град Скопје

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања