Промени тема
Контакт

„Безбеден град“ за еден ден: 646 сообраќајни прекршоци и 101 забрана за возење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryeb79874sfn40ev4Bmi3

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на вчерашниот ден, 1 февруари 2026 година, системот „Безбеден град“ евидентирал вкупно 646 сообраќајни прекршоци на територијата на државата, при што доминираат пречекорувањата на дозволената брзина и минувањата на црвено светло.

— реклама —
— реклама —

Според податоците на Министерство за внатрешни работи, за минување на црвено светло биле констатирани 64 прекршоци. Од нив, 35 се регистрирани на територијата на Скопје, пет во Тетово и 24 во Куманово. Истовремено, системот детектирал вкупно 582 случаи на возење со брзина поголема од дозволената. Најголемиот дел од овие прекршоци се регистрирани во Скопје – 445, додека во Тетово се евидентирани 36, во Куманово 31, а 70 прекршоци се констатирани на патните коридори.

— реклама —
— реклама —

Како резултат на утврдените прекршоци од двата вида, МВР информира дека биле изречени вкупно 101 забрана за управување моторно возило. Од Министерството повторно апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, потенцирајќи дека системот „Безбеден град“ има за цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди со тешки последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys3mslbj8n2bn6k1tHJM

„Безбеден град“ почна да снима прекршоци и во Велес

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarym30rofrhld2220GP5jD

(Фото) Ниту моторџиите не се „невидливи“ за камерите: „Безбеден град“ почна да ги казнува и моторите, ги лови задните таблици

Македонија | пред 1 месец

media-library2hjl356e3oicfajUMMW

И втор странец уапсен на Табановце: возел со двојно поголема брзина, фатен е на „Сејф сити“

Македонија | пред 1 месец

media-library7spobjbn0bhlf1UKtSF

„Почитувам правила, зошто да чекам пет часа?“: Наплатата на казните на Табановце предизвика бурни реакции

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања