Промени тема
Контакт

Бил Гејтс и донираше 50 милиони долари на Камала Харис: „Овие избори се поинакви“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
kamala-bil-gejts

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ја поддржува демократската потпретседател на САД Камала Харис во претседателската трка во 2024 година, пишува Њујорк Тајмс.

— реклама —

Извори блиски до Гејтс потврдија дека милијардерот, познат по тоа што јавно останува надвор од политиката, донирал околу 50 милиони долари на непрофитна организација која ја поддржува Камала Харис.

— реклама —

Во изјава за Тајмс, Гејтс ниту ја потврди ниту ја демантираше донацијата, но рече: „Овие избори се поинакви“.

Според извештајот на „Тајмс“, Гејтс е загрижен за економските политики на поранешниот претседател Доналд Трамп и можните кратења на планирањето на семејството и глобалните здравствени програми, клучни прашања за Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

— реклама —

Донацијата на Гејтс за поддршка на демократската кандидатка доаѓа откако во последните денови се промени мислењето за нејзините шанси да го победи Трамп на претседателските избори. Платформата Polymarket, која го предвидува движењето на криптовалутите, објави облози од 2,3 милијарди долари за исходот од изборите и го предвиде Трамп со веројатност од 64%.

Поранешната сопруга на Бил Гејтс, исто така милијардер и филантроп Мелинда Френч Гејтс, ја поддржа Харис во јули и направи голема донација за нејзината кампања. „Бев среќна што ја поддржав Камала“, изјави Френч Гејтс за „The Late Show“ на Стивен Колбер во јули. „Работев со неа и претходно, таа знае што ни треба во општеството“, додаде таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypmcm6mhedpo9aULCyw2

Бил Гејтс: Во споредба со вештачката интелигенција, нуклеарното оружје изгледа безопасно

Технологија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarypmcm6mhedpo9aULCyw2

Бил Гејтс: Вештачката интелигенција би можела да предизвика милијарда жртви

Свет | пред 2 седмици

media-librarypmcm6mhedpo9aULCyw2

Бил Гејтс предупредува: Вештачката интелигенција може да биде многу опасна

Свет | пред 1 месец

media-librarypmcm6mhedpo9aULCyw2

Бил Гејтс предупредува: „Можеме да ја изгубиме контролата врз вештачката интелигенција“

Технологија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања