Обвинителот се труди да најде докази од каде бизнисменот Дрин Ахмети ги купил петардите и огнометите со кои беше фатен на „Пластичарска“, па ќе одлучи дали ќе го гони кривично. Тој бил на распит, потврдуваат од Обвинителството. „Скопје1“ дознава дека негирал вина и кажал дека набавката била легална, исто како во изјавата дадена за нашата редакција. Ахмети го убедувал обвинителот дека нема никаква вина. Од Обвинителството велат дека откако ќе ги соберат сите докази, ќе одлучат што ќе прават понатаму.
„Извршен е распит на пријавеното лице, а надлежен јавен обвинител, имајќи го предвид извршеното вештачење, обезбедува вербални и материјални докази за набавката на пиротехничките средства, по што ќе биде донесена одлука“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.
Кај обвинителот стигна и вештачењето кое треба да покаже што превезувал Дрин Ахмети во неговиот џип со албански регистрации, во моментот кога бил запрен на рутинска контрола. Не се открива што извештачиле службениците од МВР.
Претходно, Ахмети објави дека пиротехниката била купена легално и дека не била за препродажба.
(Видео) Дрин Ахмети за „Скопје1“: Пиротехниката е легално купена, подароците беа за моите внуци
Бизнисменот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, за „Скопје1“ вели дека пиротехниката најдена во неговиот автомобил била легално купена, а не била наменета за никаква препродажба. Тој не смета дека сторил кривично дело, па затоа ќе бие правна битка.„Во овој момент, нема да коментирам детали бидејќи во тек е истрага и постапка, а мојот правен тим работи на тоа. Можам да го кажам само ова, пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци“, вели Дрин Ах
Македонија | пред 2 години
„Скопје1“ ги проверуваше пресудите донесени од Кривичниот суд, а кои се однесуваат на лица кои поседувале пиротехнички средства. Од нив може да се утврди дека држењето на пиротехнички средства претставува кривично дело, односно дека Обвинителството поднесувало обвиненија. Граѓани кои биле затекнати со петарди и огномети, одговарале по членот 396 став 4 во кој стои: „Ако предмет на делото од ставот на овој член е поголемо количество на распрскувачки материи наменети за дозволени забавни, свeчени и други активности, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.
Дрин Ахмети беше запрен од полиција на ул „Самуилова“ (Пластичарска) во Скопје. Возел „ренџ ровер“ со албански регистрации. Беше спроведен во станица, а таму се правеше и увид во возилото.