Бог се јави! Се чествува Богојавление – Водици: Празник на осветените води и духовното обновување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
Screenshot-2025-01-19-at-12.31.14

Православните верници денеска го одбележуваат еден од најголемите и најзначајни зимски христијански празници – Богојавление, познат и како Водици. Празникот се слави уште од вториот век и има длабока духовна и симболична смисла, поврзана со осветувањето на водите и јавното објавување на Светата Троица.

— реклама —

Според христијанското предание, на овој ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, по што Светиот Дух се јавил во вид на гулаб, а од небото се слушнал гласот Божји. Токму поради тоа, празникот се нарекува Богојавление, а во народот е познат и како Водици, поради големиот водосвет што го извршува црквата.

И годинава продолжува вековната традиција на положување на Чесниот крст во осветените води. Во Скопје, Скопската православна епархија при Македонска православна црква – Охридска архиепископија го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар. Според информациите од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, за манифестацијата „Водици 2026“ пријавени се околу 160 учесници, кои ќе се обидат да го фатат светиот крст.

— реклама —

Одбележувањето на празникот започнува со света архијерејска литургија, на која ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Стефан. По завршувањето на богослужбата, ќе следи богојавленска литија до реката Вардар, каде што ќе се изврши големиот водосвет и ќе се положи Чесниот и животворен крст.

Богојавление свечено се одбележува и во Охрид, каде централната богослужба ќе се одржи во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“, по што литиите ќе се упатат кон Градското пристаниште. Таму ќе се одржи голем Богојавленски водосвет и ќе се положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Годинава, за првпат, водите ќе ги освети новиот митрополит Дебарско-кичевски, владиката г. Георгиј, а најавено е и присуство на Гордана Силјановска Давкова.

Според народните верувања, оној што ќе го фати крстот ќе го следат здравје, среќа и благослов во текот на целата година. Чинот на фаќање на крстот симболизира соединување на човекот со Христа, а се верува дека по осветувањето водите добиваат лековита моќ.

Во Република Македонија, согласно Законот за празници, Богојавление – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd87p22ebs5ul3cqxLxS

Храброст на дело: Даниел Раевски влезе во Вардар за Водици и спаси човечки живот

Скопје | пред 1 седмица

media-librarytjmd08mro50v1U0as0M

Драма на Водици во Скопје: Двајца учесници извлечени од Вардар откако почнале да се дават

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryica78707p4eu73909iU

(Фотогалерија) Осветени водите на Охридското Езеро и Црн Дрим, Водици одбележани со силна порака за заедништво

Македонија | пред 1 седмица

media-library4cvqgu9hq1gn9exLeLO

(Видео) Скопје го одбележа Водици: Дарко Митровиќ најбрз до светиот крст

Настани | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања