Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„Борбата со бандите не е меѓуетничка борба, криминалот не познава нации“, вели градоначалникот на Бутел Костовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 21 минута -

Скопје
media-libraryd3dc5n7fiqcn2NpuTil

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, порача дека нема да отстапи од борбата против криминалот и урбаната мафија, обвинувајќи одредени политички партии дека се под влијание на криминални структури кои се обидуваат неговите активности да ги претстават како меѓуетничка пресметка.

— реклама —

Костовски тврди дека неговата борба е насочена против сите што го нарушуваат јавниот интерес и зелените површини ги гледаат како можност за изградба на нови објекти за лична корист. Тој нагласи дека притисоците нема да го поколебаат и дека ќе продолжи со истата политика во текот на целиот мандат.

Како доказ дека е градоначалник на сите граѓани, ги посочи гласовите што ги добил од различни етнички заедници, но и проектите што Општината ги реализира во населените места со мешано население и во средините каде што мнозинството жители се Албанци.

— реклама —

Меѓу проектите ги наведе изградбата на водоводот во Љуботен, новата градинка во Бутел 2 и вложувањата во Скопје Север, за кои рече дека надминуваат еден милион евра.

— реклама —

„Додека сум јас градоначалник на Општина Бутел, простор за криминалци, бандити и сите оние што ѝ мислат лошо на Општината нема“, порача Костовски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd3dc5n7fiqcn2NpuTil

(Видео) „Лупањето и тропањето се минато“ – Костовски со реакција по случувањата на седницата

Скопје | пред 5 дена

— реклама —
media-library8qskmf3gnq3q2RkXsMD

Над 500 семејства од Чаир и Бутел се приклучуваат на новото централно греење

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryntd0bh9gah6n0FMmbaT

Општина Бутел реагира за градежни активности на државно земјиште во Бутел 2

Скопје | пред 1 седмица

media-library6ri49op67sii1VsDMpD

Видео) Некој си присвоил јавни паркинг-места во Скопје Север, Општина Бутел ги отстрани блокаторите

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања