Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Над 500 семејства од Чаир и Бутел се приклучуваат на новото централно греење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 22 минути -

Скопје
media-library8qskmf3gnq3q2RkXsMD

Повеќе од 500 семејства од скопските општини Чаир и Бутел се приклучуваат на новиот систем за централно греење, кој треба да обезбеди поефикасно и поеколошко снабдување со топлинска енергија. Во мрежата ќе бидат вклучени и јавни и здравствени установи, меѓу кои болницата „Мајка Тереза“ и основното училиште „Хасан Приштина“.

— реклама —

Ова го соопшти министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, при посетата на новата когенеративна постројка во Скопје.

— реклама —

Станува збор за приватна инвестиција вредна 2,5 милиони евра, која, според министерот, ќе овозможи посовремено производство и испорака на топлинска и електрична енергија, со намалени енергетски загуби и штетни емисии.

Хоџа истакна дека ваквите вложувања во современи технологии се важен дел од напорите за намалување на загадувањето на воздухот.

— реклама —

Дополнителна придобивка за корисниците ќе биде и пониската цена, бидејќи топлинската енергија од новата постројка ќе биде за 20 отсто поевтина во споредба со алтернативните системи за централно греење.

— реклама —

Министерот ги повика граѓаните, домаќинствата и компаниите од Чаир и Бутел да ја искористат можноста за приклучување на новата мрежа, нагласувајќи дека со тоа ќе придонесат и за намалување на сопствените трошоци и за почист воздух во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryntd0bh9gah6n0FMmbaT

Општина Бутел реагира за градежни активности на државно земјиште во Бутел 2

Скопје | пред 17 часа

— реклама —
media-library6ri49op67sii1VsDMpD

Видео) Некој си присвоил јавни паркинг-места во Скопје Север, Општина Бутел ги отстрани блокаторите

Скопје | пред 6 дена

media-libraryeus7jljetb3s6HRbAC9

Бутел доби нов мега парк: „Бутелска оаза“ пуштена во употреба

Скопје | пред 1 седмица

media-library3m81m77u9rg57o4H5RP

(Видео) Автомобил се преврте во Бутел утрово

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања