Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Инспекциска акција во Бутел: Се отстрануваат непрописно паркирани возила и узурпирани јавни површини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-librarytbc35tkikmds4R80mOe

Инспекторатот на Град Скопје, во соработка со Инспекторатот на Општина Бутел, во изминатите три дена спроведе координирана инспекциска акција за воспоставување комунален ред и заштита на јавните површини.

— реклама —

Во рамките на контролите инспекциските служби постапувале за отстранување на непрописно паркирани возила, вклучително и автомобили оставени на јавни зелени површини.

Контролите опфатиле и неправилности поврзани со користење јавни површини без соодветно одобрение, како и поставување урбана опрема без потребната дозвола.

— реклама —

За сите констатирани неправилности се преземаат соодветни мерки согласно законските надлежности на инспекциските служби.

— реклама —

Од Инспекторатот на Град Скопје најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со вакви координирани контроли во соработка со општинските инспекторати, со цел заштита на јавното зеленило, воспоставување комунален ред и овозможување непречено користење на јавните површини.

Воедно, упатен е апел до граѓаните и правните лица да ги почитуваат законските прописи.

— реклама —

„Јавните површини им припаѓаат на сите граѓани“, порачуваат од Инспекторатот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library94g6ulkhrp8e2OGHAKn

Засилени инспекциски контроли во Бутел, под лупа дивоградби и незаконски тераси

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryd3dc5n7fiqcn2NpuTil

„Борбата со бандите не е меѓуетничка борба, криминалот не познава нации“, вели градоначалникот на Бутел Костовски

Скопје | пред 6 дена

media-libraryd3dc5n7fiqcn2NpuTil

(Видео) „Лупањето и тропањето се минато“ – Костовски со реакција по случувањата на седницата

Скопје | пред 1 седмица

media-library8qskmf3gnq3q2RkXsMD

Над 500 семејства од Чаир и Бутел се приклучуваат на новото централно греење

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања