Промени тема
Контакт

Борко Ристовски ја пречека Лина Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library81rjfit9nj1ha8yF5jW

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска организираше прием за македонската тенисерка Лина Ѓорческа, по нејзиниот историски настап на Вимблдон.

Ристовски истакна дека Ѓорческа испишала нова страница во македонскиот спорт, станувајќи првата македонска тенисерка која настапила во главната фаза на најпрестижниот светски тениски турнир.

— реклама —

„Ова не е само личен успех на Лина, туку успех и гордост за цела Македонија. Со својата упорност, дисциплина и пожртвуваност таа покажа дека македонските спортисти можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во светот“, порача министерот.

Тој нагласи дека Министерството за спорт ќе продолжи да обезбедува поддршка за спортистите кои со своите резултати достојно ја претставуваат државата на меѓународната сцена, со посебен акцент на развојот на индивидуалните спортови и создавање подобри услови за младите спортски таленти.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3h6578enc2i58ezMeJ0

Лина Ѓорческа со убедлива победа го почна настапот во Анталија

Спорт | пред 1 седмица

— реклама —
media-library3h6578enc2i58ezMeJ0

Лина Ѓорческа ќе настапи во квалификациите за УС Опен

Вирално | пред 1 месец

media-libraryl66lnccf12klcBHaUq1

„Ова е нејзин личен успех, а наша национална грешка“ – Васиљ со порака за Лина Ѓорческа

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-07-at-09.34.06

Македонското знаме ќе се вее на Вимблдон: Лина Ѓорческа испиша историја

Спорт | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања