Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Македонското знаме ќе се вее на Вимблдон: Лина Ѓорческа испиша историја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Спорт
Screenshot-2025-09-07-at-09.34.06

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го оствари најголемиот успех во својата кариера, откако денеска избори пласман во главниот жреб на Вимблдон 2026.

Триесет и едногодишната тетовчанка во третото квалификациско коло ја совлада Италијанката Лучија Бронцети со 2:0 во сетови и на тој начин испиша историја, станувајќи првата македонска тенисерка која ќе настапи на најпрестижниот тревен Гренд слем-турнир.

Ѓорческа, која во квалификациите настапи како една од пониско рангираните тенисерки, покажа одлична форма и голема ментална сила на тревната подлога.

— реклама —

По победата во првото коло над Анхела Фита Болуда со 6:2 и 6:4, македонската тенисерка во второто коло направи пресврт против Франциска Жорге, славејќи со 5:7, 6:2 и 6:1.

Во решавачкиот меч за пласман во главниот жреб, Ѓорческа беше подобра од искусната Лучија Бронцети, која беше 20. носителка во квалификациите и се наоѓа меѓу најдобрите 130 тенисерки на ВТА-листата.

— реклама —

Со овој триумф, Ѓорческа го надмина досегашниот најголем успех во македонскиот женски тенис и обезбеди историски настап на Вимблдон.

— реклама —

Главниот жреб за Вимблдон 2026 ќе биде извлечен во петок, кога македонската тенисерка ќе ја дознае и својата прва противничка.

Без оглед на резултатот во првото коло, успехот на Лина Ѓорческа веќе е запишан со златни букви во историјата на македонскиот спорт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library81rjfit9nj1ha8yF5jW

Борко Ристовски ја пречека Лина Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryl66lnccf12klcBHaUq1

„Ова е нејзин личен успех, а наша национална грешка“ – Васиљ со порака за Лина Ѓорческа

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2025-09-07-at-09.34.06

Лина Ѓорческа освои прво место во Романија

Спорт | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања