Промени тема
Контакт

„Ова е нејзин личен успех, а наша национална грешка“ – Васиљ со порака за Лина Ѓорческа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryl66lnccf12klcBHaUq1

Успехот на македонската тенисерка Лина Ѓорческа, која стана првата Македонка што настапила на Вимблдон, е пред сè нејзин личен успех, оценува Влатко Васиљ во објава на социјалните мрежи.

Според него, иако денес јавноста масовно го поздравува овој историски резултат, институциите, спонзорите и пошироката заедница изостанале во изминатите години кога на Ѓорческа најмногу ѝ била потребна поддршка.

— реклама —

„Ова што денес го славиме како национален успех, реално е нејзин личен успех. Само нејзин“, пишува Васиљ, нагласувајќи дека тенисерката до Вимблдон стигнала со сопствен труд, финансиски средства, упорност и бројни жртви.

— реклама —
— реклама —

Тој посочува дека приказната на Ѓорческа е само уште еден пример за недостигот од системска поддршка за младите спортски таленти во Македонија.

Во својата објава, Васиљ наведува дека многу млади спортисти секојдневно се соочуваат со бројни пречки на патот до успехот и дека државата сè уште нема доволно развиен систем за навремено препознавање и поддршка на талентите.

„Ова е твој личен успех, а наша национална грешка што се сетивме да те славиме дури кога светот те препозна“, порачува Васиљ, обраќајќи ѝ се на Ѓорческа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3h6578enc2i58ezMeJ0

Лина Ѓорческа со убедлива победа го почна настапот во Анталија

Спорт | пред 1 месец

— реклама —
media-library3h6578enc2i58ezMeJ0

Лина Ѓорческа ќе настапи во квалификациите за УС Опен

Вирално | пред 2 месеци

media-library81rjfit9nj1ha8yF5jW

Борко Ристовски ја пречека Лина Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-09-07-at-09.34.06

Македонското знаме ќе се вее на Вимблдон: Лина Ѓорческа испиша историја

Спорт | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања