Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите - политичката борба не е лиценца за клеветење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarypdt0tre5v1u2dge6uCr

Министерката Божиновска ги отфрли како невистинити и тенденциозни тврдењата што СДСМ ги изнесе на прес-конференција на 20 септември, оценувајќи дека со нив, без докази, се нарушуваат нејзината чест, углед и професионален интегритет.

Таа тврди дека повеќе од 12 години нема никаква деловна или приватна поврзаност со „Руднап“, ниту, како што наведува, има каква било врска со предметната набавка или со постапката што ЕВН ја спроведува самостојно за свои потреби.

— реклама —

„СДСМ свесно пласира невистини и измислени конструкции за наводна моја вмешаност во деловни зделки, без да понуди ниту еден факт што би ги поткрепил таквите тврдења“, наведува Божиновска, оценувајќи дека станува збор за политичка дискредитација.

— реклама —

Таа побара од СДСМ во рок од 24 часа јавно да ги повлече тврдењата и да ѝ се извини за нивното изнесување.

Во спротивно, најави преземање правни чекори и користење на сите расположливи механизми за заштита на нејзината чест, углед и професионален интегритет, вклучително и судска постапка и пријави до надлежните институции.

— реклама —

„Јавноста заслужува факти и докази, а не политички конструкции. Јас сум подготвена за секој факт да одговорам и да го докажам. Истото го очекувам и од оние што денес изнесуваат вакви сериозни обвинувања“, порача Божиновска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydbesrm0k5p4v4taIfvF

Божиновска на COP31 во Турција: Во фокусот е иднината на македонската енергетика

Македонија | пред 40 минути

— реклама —
media-librarybrh5qaqjb2lp2m5qmk2

Гасниот интерконектор со Грција треба да биде готов до средината на 2027 година, со Србија планиран за 2028 година

Македонија | пред 6 дена

media-libraryti8utmkkguqj2nfcOMb

Божиновска им се заблагодари на пратениците за интерпелацијата: „Ми дадовте можност да ја претставам нашата работа“

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryp04vb8pqr21deNO7Bob

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, следниот чекор се редот, планот и силната мрежа

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања