Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Брисел испраќа 114,7 милиони евра за справување со мигрантската криза во Сеута

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

Европската комисија одобри итна финансиска помош од 114,7 милиони евра за Шпанија за справување со мигрантската криза во Сеута, која трае од крајот на јули. Од Брисел одлуката ја опишаа како израз на целосна солидарност со Шпанија.

— реклама —

Од вкупната сума, 82,7 милиони евра ќе бидат обезбедени преку Фондот за азил, миграција и интеграција, а 32 милиони евра преку Инструментот за управување со границите и визите.

Средствата ќе се користат за зајакнување на граничната контрола и безбедносната инфраструктура, вклучително и набавка на термовизиски камери, системи за следење, пловци и подводни дронови. Предвидени се и средства за дополнителен персонал и опрема, објекти за регистрација на мигранти, поддршка при враќање на лица без дозвола за престој и зголемување на прифатните капацитети.

— реклама —

Посебно внимание ќе биде посветено на грижата за малолетниците без придружба.

— реклама —

Во справувањето со кризата ќе бидат вклучени и европските агенции Фронтекс, Европол и Агенцијата на ЕУ за азил. Фронтекс ќе продолжи со операцијата „Минерва“, додека Европол ќе соработува со шпанските безбедносни служби во истрагите против мрежите за криумчарење мигранти.

Агенцијата на ЕУ за азил ќе обезбеди поддршка при разговорите со барателите на азил и преведувањето.

По потпишувањето на договорот, Европската комисија треба во рок од 30 дена да исплати до 80 отсто од одобрените средства. Финансиската помош може да се користи и ретроактивно за покривање на трошоците направени од почетокот на кризата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ursula-1

ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryf8k1v5j6u4rq4TZVGKP

Европските институции под притисок поради протестите на младите

Спорт | пред 13 часа

media-libraryonq0m7cgv0f51Uv2oha

ЕУ подготвува мерки против евтиниот увоз што ја загрозува европската индустрија

Свет | пред 1 ден

media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Нов бран поскапувања на храната се заканува во Европа, последиците може да се почувствуваат и во Македонија

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања