Промени тема
Контакт

Британскиот премие: Русија направи стратешка грешка, но забрзано се пренаоружува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryhkp5knaee49a2HZXQ6O

Британскиот премиер Кир Стармер на Безбедносната конференција во Минхен оцени дека Русија направила стратешка грешка со започнувањето на војната во Украина, конфликт кој, според неговите зборови, однел повеќе од еден милион жртви. Тој истовремено предупреди дека Москва, и покрај исцрпувачката војна, забрзано ги обновува и зајакнува своите воени капацитети.

Повиквајќи се на проценки на НАТО, Стармер нагласи дека постои предупредување оти Русија до крајот на деценијата би можела да биде подготвена да употреби воена сила против Алијансата. Сепак, подвлече дека Западот не бара судир.

„Нашата цел е траен мир, враќање на стратешката стабилност и владеење на правото“, порача тој.

— реклама —

Според британскиот премиер, Русија покажала јасен „апетит за агресија“, нанесувајќи тешки страдања на Украина, но нејзините закани не се ограничуваат само на бојното поле. Тој предупреди на хибридни активности ширум Европа – од дезинформациски кампањи што создаваат поделби, до сајбер напади и саботажи кои го нарушуваат секојдневниот живот и ја продлабочуваат кризата со трошоците за живот. Москва, според него, соработува и со популистички актери кои ги поткопуваат европските вредности.

— реклама —

Стармер најави конкретни чекори од страна на Обединетото Кралство. Оваа година Лондон ќе испрати ударна група носач на авиони во Северниот Атлантик и на далечниот север, предводена од носачот HMS Prince of Wales. Операцијата ќе се спроведува во соработка со Соединетите Американски Држави, Канада и други сојузници од НАТО. Потегот го нарече „силен показател за посветеноста на евроатлантската безбедност“. Дополнително, најави продлабочување на нуклеарната соработка со Франција, потсетувајќи дека Велика Британија со децении ги става своите способности за одвраќање во служба на заштитата на сите членки на Алијансата.

Говорејќи за европската одбрана, Стармер ја опиша Европа како „заспан џин“ со огромен потенцијал, истакнувајќи дека европските економии се десетпати посилни од руската. Но предупреди дека тој потенцијал често останува неискористен поради фрагментирано индустриско планирање и набавки. Како илустрација наведе дека Европа располага со повеќе типови борбени авиони, фрегати и дури десет различни модели главни борбени тенкови, додека Соединетите Американски Држави користат само еден модел.

— реклама —

Заклучокот на британскиот премиер беше дека Европа мора поефикасно да ги координира своите капацитети и инвестиции, доколку сака целосно да ја искористи сопствената сила и да обезбеди долгорочна стабилност на континентот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Партијата на Путин со убедливо водство на парламентарните избори во Русија

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Москва пријави илјадници сајбер-напади за време на парламентарните избори

Свет | пред 1 ден

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Расте загриженоста во Европа од можни руски напади врз НАТО: Се спомнуваат дронови, проектили и саботажи

Свет | пред 1 ден

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања