Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Бугарскиот парламент денеска гласа за новата влада на Радев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
11-radev

Народното собрание на Бугарија денеска треба да гласа за предлог-составот на новата влада на Румен Радев, чија партија Прогресивна Бугарија освои апсолутно мнозинство на последните парламентарни избори.

— реклама —

В.д. претседателката Илијана Јотова вчера му го предаде мандатот за состав на влада на Радев, кој веднаш го претстави предлогот за новиот владин кабинет.

Предложената владина структура предвидува четворица вицепремиери и 18 министри, а се планира и преструктурирање на ресорите за економија, иновации и електронско управување во две министерства.

— реклама —

„Ова не е само оптимизација и кратење на администрацијата, туку и обид да се подобри работата на владата, да се создадат подобри услови за инвестиции и бизнис, како и да се забрза дигитализацијата“, изјави Радев.

— реклама —

Партијата „Прогресивна Бугарија“ освои 131 пратеник во 240-члениот парламент, што ѝ овозможува самостојно да формира влада.

Дел од опозициските партии, меѓу кои ГЕРБ-СДС, Демократска Бугарија, Продолжуваме со промената и Преродба, веќе најавија дека нема да го поддржат новиот кабинет, додека од ДПС засега нема официјален став.

На денешната седница на парламентот, покрај изборот на новата влада, пратениците ќе расправаат и за формирање привремени комисии за буџет и финансии, како и за правни прашања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

„Мир или војна, демократија или корупција“: Радев за вториот круг од изборите

Балкан | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryigravshfotktf7bjCFs

Речиси целосно обработени гласовите во Бугарија, разликата меѓу Јотова и Ѓуров е 42.826 гласа

Балкан | пред 4 дена

media-library7fbp9pfef7997NKXaMY

(Видео) Млад скопјанец уапсен со речиси 100.000 евра во фалсификувани банкноти – доби притвор во Бугарија

Свет | пред 6 дена

media-libraryk6tnu0lu41e85bislVo

Уапсени тројца осомничени за убиството на Слави Бинев – пресретнати на автопат во Бугарија

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања