Промени тема
Контакт

Бугарското МНР разочарано од пристапот на Скопје и недостигот од искрен дијалог, за тоа им е крив Муцунски кој не им отишол да слават Свети Климент Охридски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-43-8060PM

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази длабоко разочарување од, како што наведува, континуираниот неконструктивен пристап на Maкедонија и недостигот од транспарентност во комуникацијата со јавноста. Во официјална реакција се посочува дека не е првпат македонските власти да изнесуваат, според оценката на Софија, нејасни и манипулативни тврдења, овојпат поврзани со наводна „иницијатива на поголеми и повлијателни земји членки на Европската Унија“ за организирање средба меѓу министрите за надворешни работи на двете држави.

— реклама —

Од бугарското МНР потсетуваат дека т.н. европски консензус од 2022 година е усвоен со целосно едногласие од сите земји членки на ЕУ, како и од самата Македонија. Во таа насока се нагласува дека дијалогот за напредокот на евроинтегративниот процес е институционален и се води меѓу земјата кандидат и Европската Унија, а исполнувањето на преземените обврски зависи исклучиво од Скопје.

— реклама —

Софија наведува дека во изминатиот период постојано покажувала подготвеност за отворен и искрен дијалог за сите други прашања од заемен интерес. Сепак, според бугарската страна, актуелниот министер за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, не покажал подготвеност тоа да го направи и во пракса. Како конкретен пример се посочува одбиената покана за негова посета на Софија на 25 ноември 2025 година, по повод одбележувањето на делото на Свети Климент Охридски, кој, како што наведуваат, е значајна историска личност од заедничката историја на двете држави.

— реклама —

Во реакцијата се осврнува и на забелешките што Муцунски ги изнел во врска со пристапот на Бугарија кон предлог-планот за правата на заедниците. Од бугарското Министерство за надворешни работи потсетуваат дека токму бугарската заедница во Северна Македонија го оценила тој документ како неприфатлив, поради, како што се наведува, отсуството на основни принципи за ефективна заштита на човековите права.

— реклама —

На крајот, Софија порачува дека очекува легитимните барања на бугарските државјани и припадници на бугарската заедница во Северна Македонија да бидат слушнати и соодветно адресирани, оценувајќи дека тоа е клучно за градење доверба и вистински напредок во односите и во европскиот процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryisls4fucpevc8tHiIAJ

Убиен познатиот бугарски бизнисмен Илијан Филипов

Балкан | пред 4 дена

— реклама —
Car_Samoil

Посмртните останки на цар Самоил, кои се откриени во Малото Преспанско Езеро, ќе бидат пренесени од Солун во Бугарија на 3 октомври

Балкан | пред 5 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Европската комисија со шест постапки против Бугарија, ѝ даде рок од два месеци

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Шестгодишно момче пронајдено со убодни рани во стан во Софија, таткото скокнал од петти кат од зградата во која живееле

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања