Промени тема
Контакт

Бугарското МНР тврди дека била нападната амбасадата во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarygfr51l0lud7p26M1rOU

Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека на денеска непознато лице извршило напад врз објектот на Бугарската амбасада во Скопје, оценувајќи го настанот како недозволиво посегнување врз дипломатска мисија и сериозно прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи, пренесува агенцијата БГНЕС. Тие не посочуваат за каков напад станува збор, а амкедонските медиуми објавија дека било пукнато стакло на влезната врата. Според бугарскот амбасадор, камерите регистрирале како лице се доближило и потоа го пукнало стаклото.

Во реакцијата се наведува дека станува збор за напад врз објект кој, како што посочуваат од Софија, претставува симбол на државноста и официјалното присуство на Република Бугарија во Република Северна Македонија. Бугарското МНР изрази длабока загриженост дека ваквиот инцидент е резултат на, како што наведуваат, недоволна и навремена реакција на надлежните институции во земјава при претходни случаи на вандализам и инциденти поврзани со објекти и лица кои Софија ги поврзува со бугарската заедница.

— реклама —

Во соопштението се истакнува дека институционалната неактивност, во комбинација со говор на омраза, според нив, создава атмосфера во која ваквите дејствија се повторуваат и ескалираат. Бугарската дипломатија побара од надлежните органи во Северна Македонија итно да преземат мерки за идентификување на сторителот, негово соодветно санкционирање и обезбедување целосна безбедност на дипломатските и конзуларните претставништва, нивниот персонал и имот.

Од Министерството за надворешни работи на Бугарија очекуваат јасно и недвосмислено дистанцирање на институциите во Македонија од сите форми на омраза, поефикасна борба против ваквите инциденти и доследно почитување на меѓународните обврски. Воедно, најавуваат дека внимателно ќе го следат развојот на случајот и дека го задржуваат правото на дополнителни дипломатски чекори во заштита на, како што наведуваат, бугарските интереси.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Шестгодишно момче пронајдено со убодни рани во стан во Софија, таткото скокнал од петти кат од зградата во која живееле

Балкан | пред 4 дена

— реклама —
media-librarylcdeie1nugq99RKDHRd

Бугарија истражува дали експлозијата во магацин за оружје била саботажа

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryli93ib1bjrtm5KDGOP6

Силна експлозија во магацин за оружје во Бугарија, огнот го осветли ноќното небо

Свет | пред 1 седмица

media-librarygi8j9aqr8gv58alTlgX

Бугарската шефица на дипломатијата: Нема политичка волја во Скопје за спроведување на европскиот компромис

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања