Промени тема
Контакт

Бунт на камионџиите: Без нас продавниците ќе бидат празни, ако ЕУ не го смени правилото, од април камионите ќе стојат, ќе нема кој да ги вози

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Ако ЕУ не го смени правилото, од април камионите ќе стојат, ќе нема кој да ги вози. Со оваа порака македонските превозници денеска напладне започнаа со блокада на излезниот сообраќај за тешки товарни возила на граничните премини Стар Дојран, Богородица и Меџитлија, во знак на протест против ограничувањето на престојот на професионалните возачи на 90 дена во период од 180 дена во земјите од Шенген зоната.

— реклама —

Превозниците бараат одложување или измена на правилото кое од 10 април ќе почне да се применува со електронско броење на деновите на престој во Шенген просторот. Како што посочуваат, возачите при секое излегување од Македонија практично влегуваат во Шенген зоната, а нивната професија не може да се третира како туристичко или миграциско движење, туку како работен ангажман.

— реклама —
— реклама —

„Се надевам дека во Европската унија ќе имаат разбирање, затоа што станува збор за четири земји од Западен Балкан. Не е возможно сите фабрики и увозно-извозни компании да запрат со работа. Турските превозници ни се приклучуваат така што нема да одат по алтернативни правци, туку ќе застанат на границите и ќе чекаат додека не заврши протестот“, изјави Биљана Муратовска, генерален секретар на здружението на превозници „Макам-транс“.

— реклама —

На граничниот премин Блаце денеска беше присутен и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој изрази поддршка за протестот на превозниците и укажа дека станува збор за сериозен економски проблем што може да има далекусежни последици врз македонското и регионалното стопанство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryunl3b12jp8n2cQoBQoe

Денес во 14 часот протестен марш во Скопје по пресудата за Тачи

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

Во недела протест во Скопје по пресудата за Тачи

Скопје | пред 1 седмица

detska-klinika

Шест месеци работа без плата и без продолжен договор, вработените од Детска клиника на протест

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryac0v5icv2era1h85iUp

Транспарент „Скопје е со Албанија“ на протест во Скопје, Муамеди реагира: Македонците ќе даваат поддршка, но со знамиња на Македонија

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања