Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Бутел доби нов мега парк: „Бутелска оаза“ пуштена во употреба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-libraryeus7jljetb3s6HRbAC9

Жителите на Бутел добија нова зелена површина за одмор, рекреација и дружење. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, го пуштија во употреба мега паркот „Бутелска оаза“.

— реклама —

Според Ѓорѓиевски, паркот е еден од најголемите во Скопје и претставува реализација на ветувањето дадено за време на подготовката на програмата за градот. Тој посочи дека првично било планирано уредување на десетпати помала површина, но по разгледувањето на можностите била донесена одлука за изградба на поголем парк.

Новиот комплекс располага со големи зелени површини, детски реквизити, пешачки патеки и фитнес-зони. Просторот е наменет за сите генерации, од најмладите до повозрасните жители.

— реклама —

За одржување на зеленилото е поставен сопствен систем за наводнување со техничка вода, со цел да се обезбедат услови за долгорочно одржување на паркот.

— реклама —

Ѓорѓиевски истакна дека со отворањето на „Бутелска оаза“ се исполнува ветувањето за општината уште во првата година од неговиот четиригодишен мандат, додавајќи дека новите зелени површини придонесуваат за почист воздух, помала урбана жештина и поквалитетен живот на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3m81m77u9rg57o4H5RP

(Видео) Автомобил се преврте во Бутел утрово

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-library8b2i0t7pgo7qbjwFSMF

Колумални редари во две смени низ Бутел: ќе ловат кој загадува, уништува и паркира на зелени површини

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryo5mjprjblclqeFWWRBD

Линијата 35 продолжува до Радишани – Бутел ќе добие директна автобуска врска со Аеродром

Скопје | пред 1 месец

media-library47nrgab8fefb2W2IPxs

(Видео) Ѓорѓиевски: Бутел добива мега парк од 50.000 м²

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања