„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Чачарова – Илиевска: Интерпелација на член на Судски совет е противуставен акт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
tanja

Во Собранието во тек е седница, на чиј дневен ред се петте интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието:Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми.

— реклама —

Зад иницијативата застанаа 67 пратеници од владејачкото мнозинство, но за нивното заминување од функциите ќе треба да одлучат самите со давање оставка.

,,Интерпелацијата против петте членови на Судскиот совет, кои што ги избира Собранието е недозволена и овој акт претставува преседан во досегашната парламентарна демократија на Република Северна Македонија. Повеќе од 30 години досега ниту еднаш не се случило Собрание да поднесе интерпелација на член на Судскиот совет”, изјави членот на Судскиот совет Тања Чачарова – Илиевска.

— реклама —

Таа рече дека нема да присуствува на собраниската седница.

,, Интерпелација на член на Судски совет е недозволена и противуставен акт. Гледам во интерпелацијата подносителите на истата се повикуваат, а и по медиуми постојано тоа го слушаме, на нивното уставно загарантирано право да поднесуваат интерпелација, во смисла на член 72 од Уставот на Република Северна Македонија. Меѓутоа, одредбата од членот 68, став 1, алинеја 15, има поинакво уставно решение. Таму стои дека интерпелација може да биде поднесена спрема секој носител на јавна функција којшто одговара пред Собранието. Синоќа случајно на една од телевизиите имав прилика да слушам еден од пратениците којшто рече во дебатна емисија дека било „природно право“ тој што те бира и да те разрешува. Видете во правото немаме природно право, во правото имаме нормирани состојби, нормирани прашања, нормирани права и одговорности, така што Уставот посветил доволно одредби во членот 104 и 105 заменети со амандман 28 и 29, точно се уредени клучните прашања што се однесуваат за Судскиот совет, децидно доразработени во Законот за Судски совет и пратениците, за жал, немаат уставно право на ваков чин”, рече Чачарова – Илиевска.

Според неа, Законот за Судски совет не прави разлика помеѓу членовите во зависност од тоа дали се избрани од редот на судиите или се избрани од Собранието, а со тоа се прави дискриминација помеѓу членовите на Судскиот совет што е недозволиво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryddfgftvu1lk82NcDDvE

Полицаец предложен за Судски совет, а меѓу кандидатите и поранешниот правобранител од случајот со конфискацијата на Кочан

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2024-12-10-at-15.24.35

Разрешен судијата од Апелација кој е на американската црна листа поради корупција

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-10-at-15.24.35

Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети од Апелација

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygsanprhdks156BLPG6e

Kривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата“

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања