Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Чаир мора да стане модерен и европски“ – порача Меџити

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
media-libraryelmk2b30nisabggh2tN

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, денеска на прес-конференција ја објави својата кандидатура со порака дека „Чаир заслужува визија, работа и конкретни дела“.

— реклама —

„Стојам овде за да го објавам моето враќање во Чаир – меѓу луѓето на кои им припаѓам. Мојата најголема должност не е кон функцијата, туку кон луѓето. Одлуките за нашата иднина мора да се носат на улиците, во маалата, меѓу граѓаните, а не во затворени канцеларии“, порача Меџити.

Тој истакна дека во изминатата година и пол биле обезбедени десетици милиони евра за Чаир и другите општини со мнозинско албанско население, а општината веќе е претворена во „градилиште“.

— реклама —

„Сега е време за решавање на сообраќајниот хаос, за нови паркинзи, за чистота, за нови градинки и целодневна настава во училиштата, за културни фестивали и отворено културно Кале. Чаир мора да биде студентски, образовен и културен центар на Албанците“, истакна кандидатот.

— реклама —

Во своето обраќање Меџити порача дека неговата кандидатура не е само трка за градоначалничката функција, туку „почеток на мисија за ослободување од еднопартискиот монопол и корумпиран систем кој со години го држел Чаир во страв и неизвесност“.

Тој претстави и дел од програмата, нагласувајќи четири клучни приоритети:

— реклама —
  • изградба на подземен паркинг кај плоштадот „Скендербег“, катна гаража кај „Чаирчанка“ и монтажни гаражи во Топанско Поле и кај салата „Партизан“;

  • современ систем за управување со отпад и нови зелени површини;

  • бизнис инкубатор и фонд за млади претприемачи, модернизација на училиштата и нови образовни стандарди;

  • враќање на културниот живот, поддршка за уметниците и инвестиции во спортската инфраструктура.

„Ова е наша заедничка битка за Чаир каков што го сонуваме. Време е за работа, за ред и за развој. Време е за Чаир“, заврши Меџити.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1v3692qk4s216CY2tE6

Прашањата поврзани со изборите во Брвеница се надминати и нема да се одразат врз односите меѓу коалициските партнери, порача Меџити

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library6g9nsg9p7s8t3srnMqo

Меџити: Разликите во ставовите ги надминуваме внатре во Владата

Македонија | пред 1 седмица

media-library83ft6nla9eqk5gk2wVG

Меџити најави концерт на Рона Нишлиу во Чаир

Скопје | пред 1 месец

media-library08buah82uc615iIUc56

(Фото) Пречекот на министерка од Албанија без македонски симболи

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања