Идната сабота во Чаир ќе се одржи концерт на познатата албанска пејачка Рона Нишлиу, посветен на ноемвриските празници. Настанот ќе биде организиран во рамки на културните активности на Општина Чаир.
Информацијата ја објави Изет Меџити, кој денеска во Скопје се сретна со Нишлиу во рамки на подготовките за концертот.
Меџити посочи дека средбите со уметниците се инспиративни, а подготовката на настан посветен на ноември, историјата и културата, како што наведе, има посебно значење.
Од Општина Чаир најавуваат вечер исполнета со музика, култура и атмосфера во духот на ноемвриските празници.