Советничката Катерина Цаневска од СДСМ и Коалицијата го праша градоначалникот со кои заслуги и на каков начин Марјан Цветковски, долгогодишниот директор на МРТВ, е избран за директор на Фондацијата „Скопје европска престолнина на културата 2028“.
„Марјан Цветковски, вечниот директор на МРТВ, сега е награден со нова функција. Градоначалник, со кои заслуги и на кој начин. Тоа е човекот кој цели 15 години беше на функцијата директор на МРТВ или од 2012 година, кога беше избран. Тоа е човекот кој јавниот сервис го претвори во огласна партиска табла, примаше, наградуваше партиски лица, кој имаше негативни ревизорски извештаи. Во времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски беше забрането таканаречените бомби од прислушуваните разговори што ги објавуваше опозицијата да бидат емитувани на програмата“, рече Цаневска.
Цветковски сега ќе раководи и ќе ги координира сите активности за спроведувањето на манифестацијата, како и со финансиите кои се наменети за овој значаен проект.
Откако беа поставени советниците, мнозинството одлучи на сите да одговори наеднаш градоначалникот Орце Ѓорѓиевски , иако со оваа,, новина” не се согласи цела опозиција и советникот од ЗНАМ.
„Лично го познавам Марјан Цветковски, се работи за високо квалитетен и професионален човек. Ја задржавме целата структура и ќе дадат одлични резултати”, одговори Ѓорѓиевски.