Промени тема
Контакт

Цаневска: Советниците во Град Скопје гласаат со кревање рака како пред 20 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryv9vft36p15j9eqWsoo2

Актуелниот советнички состав во Град Скопје работи 7 месеци. И покрај седумте укажувања, се работи како пред дваесетина години, укажа советничката Катерина Цаневска.

„Недозволиво е во Советот да се гласа со кревање рака. Вака немаме увид и нема доказ кој и како гласал. Јасно ми е зошто вака се гласало во претходниот советнички состав, за да се сокрие како е гласано и кој ја кочеше работата на Градот. Дали и сега треба нешто да се сокрие”, праша советничката.

— реклама —

Таа потсети на новитетот на претходната седница за советнички прашања, кога по терк на општина Осијек, сите пратеници поставуваа прашања, а градоначалникот во монолог одговараше на сите. Опозицијата се спротивстави на ваквиот начин на работа бидејќи се убива дебатата и демократијата.

„Осијек и други општини не гласаат со кревање рака, ако го земате нивниот пример”, рече Цаневска.

— реклама —

Претседателот на Советот, Даме Димитриевски, се согласи со забелешката.

— реклама —

„Барем десет пати од службите барам да се реши овој проблем. И вчера разговарав и очекувам дека ќе се надмине ситуацијата”, рече Димитриевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryg2p0gu1h53cl7hKUcJ8

Цаневска ја нападна Давкова: Пола држава гори, а претседателката е во Таранто, Спортот е важен, но државниот врв треба да е со граѓаните

Коментари | пред 3 часа

media-libraryrj4vol5v7e1q5wqbqr3

Цаневска: Гаши повторно го прескокнува Илинден, наместо на Мечкин Камен оди во Египет

Македонија | пред 3 седмици

media-library4o3ut62dp35f6rusMdz

Цаневска: „Скопје во зона на научна фантастика, нема објект, но се бира директор“

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryj66ds4pvb4ca2D5N0mS

„Орце Георгиевски го гази Деловникот и ја замолчува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот“, вели Цаневска Арсовска

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања