Промени тема
Контакт

Царина фатила фирма која нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, заплениле стока од 240 илјади денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryonq0m7cgv0f51Uv2oha

Царински инспектори од Одделението за истраги при Царинска управа, во координирана акција со Министерството за внатрешни работи, Управа за јавни приходи, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес во фирма која нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и се сомничи за криумчарење стока.

При претресот биле пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, чија вкупна вредност изнесува речиси 240 илјади денари. Пронајдената стока е запленета, а инспекторите поднеле кривична пријава против едно правно и едно физичко лице, поради сомнение за сторено кривично дело прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

— реклама —
— реклама —

Според информациите од Царинската управа, фирмата вршела меѓународни поштенски услуги без соодветна лиценца. Пратките биле внесувани во државата со возила преку граничен премин, без да бидат пријавени кај царинските органи, по што нелегално биле складирани во магацин во сопственост на фирмата. Од таму, стоката требало да биде транспортирана до крајните нарачатели, за што бил предвиден паричен надомест.

— реклама —

Од Царинската управа најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со засилени контроли и координирани активности со другите надлежни институции, со цел откривање и спречување на сите облици на криумчарење и незаконско работење, заштита на државните финансиски интереси и обезбедување фер и рамноправна конкуренција на пазарот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq8tfqndkobls8lTwIoy

Приведен висок функционер на Царината, кај него пронајдени обележани 17.500 евра

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0evp966s0u5131urIAf

Царината со засилени контроли на Охридското Езеро: Проверени 38 пловни објекти

Македонија | пред 1 месец

media-librarysdf7kol50cdjbsB7axH

Грчки државјанин на Табановце изјавил дека носи 60.000 евра, цариниците при контрола откриле повеќе од 124.000 евра

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv772s79mfk0dfEMHTpa

Царината воведува паметни граници и автоматизирани царински терминали

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања