Промени тема
Контакт

Царинската управа и ЕУ создаваат платформа за борба против еколошки криминал и криминалпротив културното наследство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarybqtk1uip42fnbUVeEEs

Со поддршка на Европската Унија, Царинската управа потпиша Меморандуми за соработка за формирање на Национална меѓуинституционална платформа за борба против еколошки криминал и криминални дејства врз културното наследство. Платформата ќе овозможи поефикасна размена на информации, координирани истраги и кривичен прогон.

„Со поддршка на Европската Унија, потпишавме Меморандуми за соработка со што ја поставивме основата за функционирање на Национална меѓуинституционална платформа која ќе обезбеди ефикасна борба против еколошки криминал и криминални дејства против културното наследство.

— реклама —

Културното наследство и животната средина се темелни вредности што го обликуваат нашиот идентитет и влијаат на квалитетот на животот при што секој обид за нивно уништување не е само напад врз природата и историјата, туку и закана за нивната заштита и одржливост. Ваквите криминали често имаат лукративен карактер и се поврзани со корупција и перење пари, што ја нагласува потребата од силен институционален одговор.

— реклама —

Преку системска соработка овозможуваме размена на информации, координирани истраги и поефикасен кривичен прогон. @Влатко Лакордов

— реклама —

Завршниот настан во рамки на Твининг проектот „Зајакнување на институционалните капацитети во справувањето со кривични дела против културното наследство и животната средина“ е резултат на сплотеноста на институциите, силната поддршка од ЕУ и партнерство со Корпусот на карабинери на Италија, чие искуство и експертиза имаат значаен придонес врз зајакнување на институционалните капацитети“, велат од Царинската управа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8s3daj0ifm8md4KQtk4

Илјадници обиди за шверц: Царината открила 6.994 случаи во 2025

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
media-libraryg6bu9lb752rgam7JdXg

Запленети златен накит, пестициди и маслиново масло - Царинарница Битола во 2025 година наплати 9,2 милијарди денари

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryuh5dbn5elefq4Bsvzul

Царинарницата во Гевгелија лани наплатила 430 милиони, спречено криумчарење на дрога, накит, шапки и цигари

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryh6h7drgd07db41yo3Ue

Царина со рекордна наплата од 58,7 милијарди денари во 2025, запленети златен накит, тутун, фалсификуван прашок за перење и медицински сетови

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања