Целосен молк од институциите за луксузната вила на Каевски, која има отворен сомнеж дека е изградена без дозвола и е дивоградба, реагира опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
stoilkovski-i-kaevski-960x552-1

„Секој ден социјални протести во државата, секој ден граѓаните се посиромашни, ама за тоа функционерите на СДСМ и ДУИ градат хациенди, купуваат луксузни коли, одмараат на егзотични места“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тие додаваат:

„Цела недела целосен молк од Дарко Каевски, ДКСК, како и од институциите за луксузната вила која ја гради во Волково за која и има отворен сомнеж дека е и дивоградба.

— реклама —

Ниту една институција не превзема ништо заради прикривањето на имот на Каевски. Поранешниот директор на АМС, а сега пратеник на СДСМ, Дарко Каевски со години го крие имотот во својот анкетен лист, кој преку ноќ прерасна во луксузната вила, со базен. Откако ја срушил старата куќа во Волково, тој на нејзино место гради нова, поголема и многу по луксузна вила, која е дивоградба.

Државната комисија за спречување на корупцијата се уште не отворила постапка по допрен глас за потеклото на имотот и парите на Дарко Каевски.

Исто така целосен молк и од страна на Јавното обвинителство. Нема одговори како Каевски на свои 30 години, после 3 години директорување и една година пратеник купува станови во Скопје и гради луксузни вили.

Македонија тоне во криминал и корупција, секој меѓународен извештај нотира пад на борбата со криминалот и корупцијата на функционерите на СДСМ и ДУИ, ама за тоа функционерите на власта секој ден се побогати.

За секој сторен криминал на функционерите на СДСМ и ДУИ одговорност ќе има многу скоро“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања