Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Цената на нафтата останува стабилна и покрај тензиите меѓу САД и Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
SeKXr-

Цените на нафтата денеска останаа речиси непроменети на меѓународните пазари, задржувајќи се близу 85 долари за барел, додека инвеститорите внимателно ги следат случувањата поврзани со тензиите меѓу САД и Иран.

— реклама —

На лондонскиот пазар барелот на нафта се тргуваше по цена од 85,05 долари, додека на американскиот пазар изнесуваше 79,66 долари.

— реклама —

Во фокусот на пазарите останува Ормускиот теснец, поради стравувањата дека ескалацијата на конфликтот би можела да го наруши транспортот на енергенси.

Според договорениот американско-ирански преговарачки рамковен документ, Иран го задржува управувањето со Ормускиот теснец, но Техеран повторно предупреди дека бродовите мора да го користат безбедниот коридор долж иранскиот брег.

— реклама —

Во изминатите денови иранските сили неколкупати нападнаа бродови со беспилотни летала и проектили, а САД возвратија со напади врз цели во јужен Иран. По тоа, Техеран го запре поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, додека Вашингтон повторно воведе поморска блокада на иранските пристаништа и ја повлече дозволата за извоз на иранска нафта.

— реклама —

И покрај тензиите, пазарите делумно ги смири информацијата дека Иран ослободил американска државјанка која била задржана во земјата од 2024 година. Американскиот претседател Доналд Трамп овој потег го оцени како „гест на добра волја“, што, според аналитичарите, може да биде сигнал за намалување на ризикот од поширок воен конфликт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nafta

Нафтата со најголем неделен пад од 2020 година, „брент“ се спушти под 91 долар

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Цените на нафтата се намалија по стравувањата од ескалација на Блискиот Исток

Свет | пред 1 седмица

evra

Скапата нафта и храната ја најавуваат 2027 како уште една година на високи трошоци за живот

Свет | пред 2 седмици

nafta-mazut

Нафтата поевтини: „Брент“ падна под 115 долари за барел

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања