Промени тема
Контакт

Цените на нафтата пораснаа по нападите врз Венецуела и апсењето на Мадуро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryktj6c8tkpvmnfIGQ5LP

Меѓународните пазари на нафта реагираа на американските воени напади во Венецуела, при што цената на барелот на Лондонската берза порасна на 62 долари, односно за 93 центи во однос на затворањето минатата недела. На американскиот пазар барелот поскапе за 95 центи, достигнувајќи 58.27 долари.

Нападите, изведени од американските сили во ноќта меѓу петок и сабота, беа насочени кон неколку локации во Венецуела и резултираа со апсењето на претседателот Николас Мадуро. Вашингтон најави дека ќе го изведе пред американски суд под обвинение за „наркотероризам“. Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека САД планираат да „управуваат“ со Венецуела, со посебен фокус на нејзината нафтена индустрија.

— реклама —

Венецуела располага со најголемите докажани нафтени резерви во светот – околу 303 милијарди барели, но долгогодишните санкции го ограничиле производството, кое минатата година изнесувало само 1,1 милион барели дневно. Chevron сега произведува околу четвртина од целата венецуелска нафта по продолжената дозвола од САД.

— реклама —

Аналитичарите се поделени околу идната достапност на венецуелската нафта. Некои проценуваат дека можни се постепени олеснувања на американскиот ембарго, додека други сметаат дека значителни количини нафта нема да се појават на пазарот во наредниот период.

— реклама —

Во меѓувреме, ОПЕК потврди пауза во зголемувањето на производството за првото тримесечје, откако главните производители – Саудиска Арабија, Русија, ОАЕ, Казахстан, Кувајт, Ирак, Алжир и Оман – решија дека побарувачката традиционално е пониска во зимските месеци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8n0oabh5gqo69ZShCPd

Храната повторно поскапува, глобалните цени ќе скокнат над 10%

Свет | пред 6 дена

nafta

Цената на нафтата над 90 долари поради тензиите меѓу САД и Иран

Свет | пред 3 седмици

media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Нафтата нагло поскапе, но САД повеќе не трпат последици како порано

Свет | пред 2 месеци

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата може нагло да пораснат

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања